Па јас 4 години го тупев у мозок дека не ми се допаѓа , ама .. тоа е . На крајот беше разочаран и повреден повеќе од што заслужи , ама си го бараше .
Искочивме на дејт бидејќи дечкото беше упорен и јас викам ајде ништо нема да биде едно кафе ќе испиеме. Седнавме и дечкото си нарача Цедевита, Кафе, Торта а после 1 саат и Вафла. И гледаше што има уште да нарача плус. И јас си седам така убаво ни идеше муабетот ама 3 саати поминаа. Мене веќе незгодно ми стана толку да седиме а дечково не му текнува да си плати што јадел и пиел. А јас само едно кафе си нарачав. И видов нема абер да плати што јадел и пиел платив јас сметка и искочивме а он ни збор да каже. После тоа дури ме праша кога ќе сме искочеле пак. Викам па ќе видам кога сум слободна. На Фејзбук му кажав дека не сакам да се видиме повеќе.
Сличен случај како @нина122 Излегов на кафе со еден бааги постар (претходно еднаш се имавме видено, другарски). Ја пиев цедевита, он си нарача некоја овошна салата и цело време го замараше келнерот да му донаса вода од чешма, ама со мраз да била. Не прекина да збори вмро-сдсм муабети и да кажува за некои си теории на заговор, чипови, ова она. Кога да станеме, му дадов пари да го побара келнерот да му плати. Од мене му дадов 100ка, бидејќи немав 60 ситно, а неговото не знам колку беше. Отиде он плати и се враќа, мојот кусур во џеб си го стави. Ако не ми го враќаше барем да му го оставаше на келнерот... Свртевме уште некој круг и упорно ми збореше како сакал да проба од лабелото шо го имав ставено, како сум имала совршени пропорции и кусите панталонки многу убаво ме оцртувале, бла бла... Манијак
Пред 2 години беше ова.. Пишувавме со еден дечко околу месец дена, ама веќе одамна го познавав, имаше претходно девојка подолго време, па баш си реков сериозен е, а и убав си беше, згоден.. Добро, знаеше понекогаш да тресне некоја глупост, на пример кога му реков дека го слушам Џенан Лончаревич ми рече ауу го мразам јас, ич неќам турбо фолк, за селјаци ми е... и ред други работи, али океј. Решивме да излеземе, на договореното место бев 5 минути покасно и успат брзав ко будала за да не ме чека, а на крај испадна јас да го чекам цели 15 минути. Океј, дојде, се поздравивме и истата секунда тргна да оди и го ваѓа тел од џеб, отвара фб и врти низ почетна, гледа што има. 5 мин молчевме, чекав да види шо има по фб па да каже нешто , па кога видов дека нема абер го прашав кај сака да идеме (договорот беше за на кафе), рече ајде ќе идеме на некоја клупа ќе седнеме. Отидовме седнавме, 150 пати ми се пушти да ме бакне, 150 пати му се тргав, го буткав и му кажував дека премногу брза и дека нејќам. Па цело време ми кажува некои глупи муабети како на работа биле многу чисти и редовно морале да ги носат гомната на испитување да не имаат некоја бактерија, па како имал премногу пари и сега ауди ќе купувал (патем, немаше положено за кола), еднаш го извади телефонот, го слика паркот пред нас, му пушти на другар му и му напиша ЕВЕ СО ЖЕНА МИ СУМ. Па уште и ми покажува да видам. Едвај смислив изговор да станам и да заминам, па ајде ќе ме испраќал.. Успат требаше да раситнам пари до продавница, па му реков ајде ќе земам нешто и таман ќе раситнам, па фино лепо типов зема 2 чипса и кока кола и чека да платам. Уште кога излеговме едниот го отвори и ми вика абе ја нејќев, обично не јадам вакви ствари, ама пошто ти рече дека требало да раситнеш и затоа зедов, иначе не сакав.. Whaat!? Па почна да ми покажува разговори со другарите кај шо ја оговараат бившата негова, и кај шо овој им има пишувано како ја ебел и како му го пушела.. Истата секунда му реков дека ќе идам кај мајка ми на работа, сум заборавила нешто, морам да одам, само за да ми се откачи.. И ми вика епа ајде се гледаме, и на крај наместо да се поздрави и да ме гушне ко чоек, он се поздравува ко со другар, нели не она класично гушкање туку мавање рамо со рамо, е така, со залет. Па уште на крај за да испаднам фер му пишав дека нејќам пак да излеземе, не сме се вклопувале, па ми вика добро ама ќе се каеш, никој нема да те сака како мене (!?!?). Трагедија..
Урлам Туку и за поздравот Првиот дејт со либе ни беше со плус другаркава што нѐ запозна и дечко ѝ. И ни оди муабет и све и на крај коа требаше да се разделиме, он се доближува да ме гушне, јас се тргам назад и му подавам рака братски. Он една фаца жална што направи. После лошо се осеќав, викам кујзнае што си помислил. На следен дејт коа бевме сами имаше и гушка и бакнеж
Да било само кафе во прашање верувам дека на девојката немало да и претставува проблем да плати. Но ако си нарачаш цедевита, кафе, торта, вафла... би требало и да си платиш!
Скоро две дневници дадов за него. Не дека ме навреди. Ама ако немам пари нема повеќе од едно кафе да нарачам на туѓа сметка.
Јас да бев на твое место откако ќе приметев дека абер нема пари да си извади ќе му речев одам до вц а за тоа време ќе си го платев моето кафе на келнерот и ќе се изгубев шупак еј кај нарачува па уште ти да му плаќаш.
Можеби да кажеше дека нема пари пред да седне или слично немаше да биде проблем. На секого може да му се случи. Ама јас така се договарам со тој што одам со него да речеме ако немам во тој момент ќе му речам сега плати ти ако имаш и за мене ако не нема да седнеме воопшто нареден пат јас ќе платам. Ама никогаш така да седнам и да нарачам без да знам дали има некој пари да ми плати или јас да немам и да си нарачувам. Како и да е неубава ситуација и ќе беше подобро да не се случеше.
Реално никој нема да ти каже на почеток дека нема пари, но ако нема тоа е плус знак дека не треба што е можно повеќе да нарачува, а и плус да се случело случајно да го заборавил новчаникот, тогаш би ти рекол дека следното гледање е на негова сметка. А и да немал стварно, а толку да сакал да те види, ќе ти рекол да седите надвор негде бидејќи не е при пари или нешто слично. Ама очигледно дечково дошол со умисла дека ти ќе платиш и немал граница до кај да оди, тоа е, секакви луѓе го шетаат светов. И некако се очекува дека на прв дејт машкото барем треба да се понуди да плати сметка, не дека треба да прифатиме, но ете, манири се тоа.
Не дека беше нешто многу ужасно, ама ме разочара од старт. Ме вика на прв дејт, се нуди да ме земе од дома, му викам фала многу на понудата, ама си имам кола, ќе си дојдам сама. Не влагам во туѓа кола со некој што не го познавам толку добро, ама не сакав така да му го кажам тоа. Типот вика епа чим сакаш со твоја кола да идеш, собери ме ти мене. Логиката му беше дека секако ќе поминувам во близина кај што живее по пат накај кафичот. Не знам зашто мислеше дека е во ред да викнеш девојка на дејт и на крај да и речеш дои земи ме, а си имаше своја кола. Чисто за споредба, после него се запознав со тој што ми е сопруг сега, живееше една улица подоле од мене, немаше кола, со такси си дојде и си отиде од нашиот прв состанок. На прво искачање не очекувам (ниту сакам) некој да ме вози, и не би очекувала и тој да мисли дека треба јас да го возам.
Клошар со тапија овие што дозволуваат да се најдат во ситуација (или да искористат) да им плати женското на дејт.
Ја читаме темава со маж ми, кој патем пишував веќе никогаш не дозволил некој да го части, нит другари а не па девојка И дури од сега вика ќе го воспитам син ми или да биде маж како што треба со став со све, а не да клошари дур чека женско да му плаќа кафе????? или нека заработи па нека кани девојки на дејтови. Пу Пу Пу скраја да е така да го видам син ми
Бевме пријатели, се запознавме на инстаграм кога бев наивна и мислев дека ќе бидам непријатна и груба ако го одбијам да ме земе со кола. Предложив место дур возеше, ми одговори '' како сакаш а може и во (друго место) '' и јас се согласив. Сакав да биде по мое, ама се помирив дека не е џентлмен. Може да се воспостави компромис. Само што седнавме ми рече ''го заборавив новчаникот во кола''. Не знам што му требаше тоа да го изусти на сам старт, ајде нема везе, иако колата беше од спротива. Можеби немаше пари. Навистина се запрашав зошто ме вика да излеземе. Возеше убава кола. Келнерот ме виде дека јас ги ставив парите и кога го врати остатокот, приметив дека ги врати истите пари. Го викнав да го прашам што се случува, ама само ми се насмевна. Имав чувство дека го познаваше детево, иако не се поздравија. Му кажав пред да станеме дека не ми се допаѓа како што беше и договорот да пиеме само другарско кафе, бидејќи тој и знаеше дека бев заљубена во друг. Кимаше со глава, ја расклати буквално, што навистина поверував дека му бев кристално јасна. Предложи да купиме за јадење да одиме на водно и воедно да ми докажел за бившата негова што го мачела со години. Ме превари и со тоа дека ќе ми било пријатно, само ќе сме збореле и да сум видела колку убаво изгледало Скопје навечер. Зумирам, чисто пријателство имавме еден час седејќи надвор и зборејќи за се живо, се додека еден момент не се обиде да ме залапа, а јас се тргнав. Ме нападна во истата секунда што сум барала со некој на водно навечер со негова кола ако не планирам да имам ништо со него. Ме однесе дома, ниту изусти збор, ниту се поздрави. Не знам, можеби беше во право, ама секако ми беше најужасен состанок. А исто, имав еден дејт на крај кај што скоро не се затепав со детево за да си го платам своето. Тој инсистираше да плати, и ми објаснуваше како никогаш не дозволил жена да плати. Се заинаетив изгледа ова кога ми го кажа и продолживме да се расправаме. Среќа бевме затскриени и оддалечени од другите маси. Тоа беа добри триесетина минути. Сиротиот немаше што да направи и ги остави моите пари на масата, на излагање му плати на келнерот. Добар бакшиш беше тоа. Ужасен состанок, самата го упропастив на крај.
И јас се имам карано за јас да си платам не можам така да оставам,се осеќам должна и не сакам никој да ми плаќа.