Ми текна и мене на една ситуација. Не беше баш дејт, појше дечкото напињаше и сам си дојде непоканет... Ми пиша на нет, средно бев, беа споени 3 дена неработни, досадно ми беше, ја сингл и ајде му вратив, фин делуваше. Гледам некаде мои години е, ја 3та, тој 4та, викам океј ајде ќе си праиме муабет. И не знам као дое муабет до тука, му реков вторник ќе одам на очно таму и таму, рутинска контрола за леќиве ми е. И кога почна, еј пред зграда ми е, кое време, ќе дојдам у поликлиниката, има да се видиме, знам точно и кај е тој одделот, баба ми ја имам носено на очно. Му викам 5мин преглед е шо ќе доаѓаш. Не, не, има да дојдам и крај. Вечерта почна со муабети, сакам да знам со колку пишуваш моментално, игнорирав ај. Па колку дечковци сум имала. Колку сум била висока. (после сфатив зашо прашувал за висина) Пак изигнорирав и викам овој некој будала е скроз, не враќам веќе. Недела беше тогаш. И утредента веќе скоро ич не му враќав и не пиша па и си викам овој ме заборави, добро е. Вторник дојде, ете ме у 17ч у поликлиниката, си одам на преглед. Овој стварно отишол да ме чека, со букет, со чоколада, со се. Ама влегол на погрешен оддел, лево на истиот спрат, наместо десно кај шо е кабинетот за контактни леќи. И си нашол некоја медицинска сестра таму муабети, муабети, дури со име и презиме ја смарал да ме нашла. И искачам ја од преглед, го гледам овој таму се објаснува у ходникот. Си викам или случајно дошол или стварно дошол ради мене ама бегај, трчај, да не ме види. Имав чизмички на штикла мала ама кога одев тропкаа. А празна скоро беше поликлиниката пошо беше веќе приквечер. И еве го ме примети се сврти. Се дере ЈА СУМ, ДОЈДОВ, ЛЕЛЕ ЕВЕ ЈА, ФАЛА БОГУ ЈА НАЈДОВ. Ме фати срам, уште коа го видов со цвеќе у рака... Доаѓа да ме гушне, гледам дека е понизок од мене. Ја уште на штикла. На нет личеше сосем друг човек, па и демек кошаркар, а и сеа ми стана јасно нели зошто го занимаше за висината... И онака имаше само селфиња, не можеше да се примети тоа и стварно ми падна чудно на прв поглед. Ај на страна висината, ептен беше нападен. Излеговме од поликлиниката, запна, сега да те упознаам со вујко ми и татко ми, со нив живеам. Им најавив ќе доаѓа девојка ми, па да ве упознаам. Бев ко wtf. И викам а, не, мора да си идам јас, извини, обврски имам. Почна леле срам да не ти е, ај добро може брзам малку јас, следен пат ќе те упознаам, сега да те носам на кафе. Секогаш сонував за ваква женска, уште поубава си од што мислев, не ми се верува. Погледнав преку улица дека доаѓа 2ка, викам еј еве ми го бусот, трчам јас да го фатам, ќе се видиме некој друг пат. Зема да трча со мене. И ми вика, да ме гушнеш, да го земеш цвеќето и чоколадата, па после ќе ти дозволам да се качиш у бусот. Го излажав дека дома не можам да носам така поклони, не ми е згодно од некој првпат шо го глеам да земам нешо и као ми поверува и уште ми вика браво, горделиво девојче. Се спасив некако, кога почнаа дома да ми стигаат пораки, кај сум, шо сум, морал се да знае. Му удрив еден блок тогаш и го сретнав после една година, баш со дечко ми, па не погледна онака луто и со хејт, мислиш сум му влегла дома да го крадам. А, после дознав и дека на многу други им пишувал и така ги замарал ко некој манијак. И дека воопшто не живеел во зграда во близина карши поликлиниката.
Дејт ко дејт, коа дојде за плаќање пијачките ми вика, немам бензин а имам само 120 денари. (као како ќе се вратиме) И си платив јас за пијачките, двете кафиња де.. Ден денес е клошар типот
не е тоа муабетот, туку дека буквално келнерката стои овој ми го кажува тоа ко ја мајка да сум му. као мамо ај плати
Никогаш не сум го имала тој комплекс ако седеме на клупа ако немаме пари или јас ако платам дека тој е помалце човек и дека од него нема да биде ништо. На нас ни е лесно за тоа ајде излеземе у ресторан јадеме пиеме колку сакаме напраеме сметка како што работеме за 4 дневници, али размислите прво што ако е млад не работи 18 19 години едвај крај со крај дома сврзува.. Или ако сите пари ги дава за да ја изржува мајкаму, кирии, кредити, размислите малце. Јас овде гледам повеке понижување за машкото како банкомат. На секој му годе да седне и шо му душа сака да си порача и да чека со скрстени раце тоа веќе не е кутра туку искористувачка кутра е кога мажот ја издржува во тој случај не и е маж туку дечко што едвај го познава и тоа е корист.
Излеговме друштво тука беше и тој си пишувавме и дојде со нас леле бруки и почна да ни расправа за секти, демони, покажуваше језиви видеа во телефон со некои поместувања на предмети, како имало ноќно време на една улица духови, леле глупости една другарка се исплаши и си фати такси и со трчање си замина хахахахха
Смислено му било уште од дома, не разбираш. и као направи фрка "ке изгаси колата" , а јас сирот само 120 денари. бедотии. А, ако си случајно ти.. што го браниш вака.. хехе ))))
Најужесен состанок не ми текнува... После дејтовите испаѓаат поголем дел ѓубриња. А, и во поголем дел ја сум била бруката. Еднаш со еден одиме на кафе и ја фино лепо одам да си седнам и како не ја видов степеницата кога си се испружив. Кафичот фул јас цело време си траев од што си прилегнав на подот. Во истиот кафич, ама подолго време после тоа пак одам со еден дечко на кафе и си одам напред за да излеземе од кафичот. Беше ептен ладно, зима. И мислев позади мене е му ја оставам вратата отворена, а тој си застанал со другари. Ми излезе келнерот и ми кажа дали сум родена на брод и ја затвори вратата Еднаш пак излегов со еден па ми раскажуваше како имал тежок живот, како имал неправди. Како мајка му го оставила, цело време нешто се жалеше гревниот.
Абе јас не ги носам, тие мене... И ајде вториот пат ми беше срам да кажам дека убаво си се истепа... Ама, после тоа со вратата не сум се осмелила да стапнам таму. Сигурно си е сигурно. @Maro87 така обележувам територија јас
Ти треба да се дружиш со мене, абе каква врата тогаш се десило и нема да отидам....Охоххх колку пати врата останала се дереле по мене кога било ладно, демек ти на поле да не си родена. Па пак им одам
Можеби судбината е да излезеш со некој од тој кафич и затоа таму се дешава се. Или можеби јас треба да си легнам ајахахаха