1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најужасен состанок

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 26 февруари 2010.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Со дечко ми, со кого тогаш бев другарка, бев излезена на индиска, и ми ѕвони телефонот ми врти еден друг. Сега веќе сум напишала во друга тема, тогаш бев во ситуација кога треба да одберам еден од тројца. :D И мене ми се гаси телефонот на сред муабет, трчаницата до дома, да земам друг телефон, али тој да не ти работел. Кај овој со кој бев се налути што така сум изреагирала бурно, демек другиот што ми се јави повеќе да ми значи, па и овој што ми се јави ме изнервира до бесвест до крајот на вечерта. И ви се молам се договорив со тој во 10 кај Бариста, одам јас таму со дечко ми (тогашен другар пак да напомена, но дечко во подем :lol:), и гледам другиов го нема. :D Ме чекал и си отишол, затоа што тел. не ми работеше. Покрш амин. Ако разбра некој, му подавам рака. :D :D
     
    На CameliaMiller и LilBaby им се допаѓа ова.
  2. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536

    хахахаххахахахахахахаха :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Ова беше пред неколку години - се запознавме преку едно другарче и потоа другарчето ми кажа дека овој типот се распрашувал за мене и сл, па се согласив да се запознаеме подобро, иако бев детиште и не бев сигурна ни дали сакам да имам дечко, ни како треба да се однесувам во врска :^) и нормално, секаде си ги влечкав другарките со мене, за секој случај и една вечер, бевме излезени така поголемо друштво, јас и две другарки и тој со неколку другари (2-3 години постари од нас беа). Атмосферата беше весела, онака бевме сите расположени и јас си реков дека вечерта ќе бидни нешто, дечкото ми се допаѓаше, плав со зелени очи, полно муце, висок, од добра фамилија - АМА испадна дека е тежок фалбаџија, кабадаја :D
    Не се сеќавам точно на муабетот, ама како сега ја памтам кладбата меѓу него и другар му дека не може да ја изгаси цигарата од јазикот, а ако ја изгаси, му дава 50 ден. Луѓе, за 50 ден другар му ја изгаси цигарата од јазикот!!!!!!! :o Јас и другарките бевме во стилот WTF?!?!?! И „симпатијава“ му дава 50 ден за кладбата, и батето зеде и ја искина банкнотата и остатоците ги запали во пепељарата :D
    Дечките урлаа од радост, таква им беше смислата за забава, а јас и другарките си го фативме патот под нозе колку што можевме побрзо!
    Оттогаш ме побара уште неколку пати - јас се разбира дека го одбив, а последниот пат ми се јави да ми кажи дека си фатил женска :^)
    До ден денес се гледаме низ град, и си коментира со другарите кога ќе ме види, а неколку пати и ми прати покана за пријателство на фејсбук, но не го прифатив!


    А овој состанок е од пред неколку месеци, пресно :D Со дечкото со кој сум се уште во врска, бевме скарани некои 2 месеци и во тој период почувствував потреба да се позабавувам малку :) Со типот се познававме од порано, ама немавме контакт, а фејсбук ни ја олесни комуникацијата :D После неколку дена интензивен чет, ми побара број и истата вечер ми се јави за на кафе, онака релаксирано. Се чекавме на автобуска постојка, ме зеде со колата и отидовме во еден кафич. Иако изгледа прекрасно, (поранешен фудбалер) испадна дека е слаб на интелектуално поле :^) Цела вечер ми зборуваше за тимот во кој играше, па како бил повреден, па како местеле утакмици, па како од мал е навикнат сам да заработува пари и да троши по 2-3000 ден на ден и да купува скапа гардероба, па сегашната работа во кладилница не му го овозможува тоа, а не е заинтересиран за учење, ниту пак да побара нова работа, последно прочитана книга му е „Касни порасни“, а преостанатото време од разговорот го величаше „Скопје 2014“. Го плати кафето, ме врати дома и оттогаш ниту тој ми се јави, ниту пак јас него!
     
    На sweet&girl и sanjalica им се допаѓа ова.
  4. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сега јас да си кажам.....

    се срамам кога пишувам :rofl: :rofl: а не па тогаш.....

    Се сретнав со еден тип од Авсрталија , многу сладок и се. И ајде да одиме на кафе. Он слабо збореше македонски , битно збореше . Ако неможевме да се разбереме нели на англиски ке ми кажеше . И сега седнавме во кафич , зборевме и оддеднаш поминува една жена со рози и нели вика ајде купете и на девојката.... и овој слушна и запнал ај да ти купам ... АМА ПОЛА ПОЛА.... и јас сега го гледам прво мислев сака нешто да каже ама незнае , после мислев се зеза и на крај ..... сакал да ми купи ружа што пола јас ќе си ја платам !!!! мизерлак :rofl: јас тонам во столот и му викам не не треба . овој ќе ти купам.... и ја купивме .....




    еднаш се запонзавме со тип и на кафе ..... и ми вика ако нешто правиме , само да ти кажам сметките сами ќе си ги плаќаме..... и мислев дека сака да види да не сум за пари со него.... ја сум имала работа со највечи егејац брееее :rofl: ме викна кај него и ајде одиме и типот вади чоколада ни да ме понуди ни ништо и уште вика мразам кога ми зимаат од чоколадото и мислев се шали... и неколку пати бев кај него , и еднаш не ми даде сок , вода , ништо..... мизерлак а он седи јаде ме глеа бог да чува.... една чаша вода не ми понуди ако му потече вода од чешма може поголема сметка ќе плати .... ]:) :rofl: го седнав му реков дека е ненормален и си отидов....
     
    На sweet&girl, Veta, Elen4e_sonce и 33 други им се допаѓа ова.
  5. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
     
  6. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    пишав одговор ама не ми излегува :worried: нема везе....
     
  7. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    154
    оф лелееее :D ги читам постовиве и се превртувам од смеење ми го направивте денот!
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ruzmarinka

    ruzmarinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    137
    Јас изгледа сум полна со вакви случки кој сеуште ми се случуваат па изгледа ке има сто да им раскажувам на внуците.
    Најужасен состанок..првиот состанок со МАЖ МИ!
    Ме видел типов и ја грабнал другарка ми..ке ме запознаеш со девојчево и точка.
    Се запознавме и се договараме вечерта да излеземе.А јас...разочарана од претходната врска која заврши засто си го фатив дечкото како ме изневерува со една..!!! и си велам кога пагаат на такви..ке бидам и јас таква(никаква)
    И минич до гс тапирана коса 3 кг шминка..абе таман некој да застане и да праша колку барам за 1 вечер.
    Доага дечково да ме земе и кога ме видееееее...вели ВАКА КЕ ОДИШ?..велам шо ми фали?А тој молчи и вели..колава не ми пали ај бутни малце..и јас БУТКАМ КОЛА ТАКА ДОТЕРАНА!! Ја запали типот колата и си отде а јас останав да дремам на сред улица....
    П.С.НЕ СЕ СЕКИРАЈТЕ СВЕ МУ ВРАТИВ И НАПЛАТИВ:))
     
    На sweet&girl, Veta, Elen4e_sonce и 66 други им се допаѓа ова.
  9. inlove80

    inlove80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    и јас еднаш излчегов на кафе со еден.демек другаркиве да ме запознале.ие си ојдоа а тој цели 43 минути ми збореше за здравствените картони во Словенија, и тамошното министерство заљ здравство и осигуравањето на странците.не стана министер:)си се врати во македонија.:)
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  10. PePPa

    PePPa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    ruzmarinka ме изнасмеа хахахаххахаха сигурна сум дека си му наплатила за тој состанок дебело хаххахахах
     
  11. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Сум имала повеќе такви катастрофи во животот, ама ќе ви ја раскажам последната.
    Зимово со еден тапаџија искочив на кафе и све на све цел состанок ми кажуваше за тоа како му е на работа (ама ептен ме замори), и згора на се ме прашуваше да му ургирам за некоја си услуга, за да на крај онака 5 саати се туфкаше со новчаникот демек немал ситно, демек немал кеш.На крај се изнервирав станав на шанк и платив за двајцата, ме засрами пред келнерката, и се свртев си заминав низ врата онака љута.
     
    На Biny, crazyinlove19, unlucky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Зошто не сум умала јас ужасен состанок? :( Шмрк се натажив, се ми било беспрекорно или стандардно добро, или одлично.

    Ок ако не го сметам за состанок она што сум го имала на млади денови. Кога ми се пушташе еден младич и ме покани на сладолед.
    Мене во тоа време изгледа сите ме канеле или на сладолед или на семки - еј ај на семки! :D
    Како и да е, си го изедов сладолед, се изгушкав со него и доаѓа фамозното - а може да те залапам?
    Не.
    И си отидов.

    Он мене ќе ме залапуе?! Па кој е он бе?! :D

    Е добро де знам дека се случило во времето Хитлер кога бегал од Југославија, ама уште ми е криво за мојот шмизл настап :$ Сепак после ми беше дечко, и ме залапа. ЈессА!

    Пред неодамна шетам по улица Македонија, во време некое сосема рано, таман за јас да излезам а кога тинејџерите го фаќаат последниот автобус за накај дома, и пред хотел Бристол гледам ептен млад пар, се лапаат седнати на клупа а до нив другаров држи стража. И се туфка. Погледнува во нив. И пак се туфка. Па гледа на часовникот. Гледа во нив. И се туфка. Да не беше -наесет, жими се ќе му речев, ела со мене идам на коктел, па ќе ти се јават кога ќе завршат работа.

    Ете ти ужасен состанок :)
     
    На thelittle17, Biny, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536

    а што беше коментарот ? :rofl:
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.201
    Допаѓања:
    23.958
    Оф има, има... Ова е случка пред 5 години некаде :D
    Одам на кафе со еден дечко со којшто се упознавме во дискотека и што да видам... Освен дека светлото во дискотека во комбинација со некој пијалак, стварно лаже :D :D Ај немаше смисла да му кажам, извини, ме зезна светлото, отидовме на кафе. Во 5 попладне . Типот нарача водка, ми кажа како 3 пати паднал година, организира турбо фолк забави и како имал досие во полиција. Хмм, ја гледав во телефон чекајки некој да ме спаси, за на крај дечкото да ми каже - Идам ја накај твое мало, во студентскиот, ме чекаат таму девојки за секс :D :D
    Да, повеќе не се видовме :D :D
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, thelittle17 и 19 други им се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не е баш типичен договорен состанок,ама морав да го споделам :D
    Пред две години, такви уморни од играње,пеење,скокање на караокето во Охрид.. каде да одиме да се одмориме? И ајде со другарките ќе одиме на старото пристаниште. Имаше таму едни типчиња, што ни изгледаа интересни,а и забележавме дека не гледаат и после некое време го скршија мразот и се запознавме. Се беше во ред,се додека едниот што седеше спроти мене оддеднаш ми ја зеде раката и почна да ме гали со неговата. Јас бев буквално ваква :|
    И почна да ме прашува,што ќе се пофалам. Си викам во себе "Е, да бе.. заедно растени сме,па да имам нешто да ти се фалам" И така тоа галењето траеше 3-4 минути,кога дечково оддеднаш храбар го превзеде наредниот чекор.
    Ме прашува дали ми е ладно. И јас отсечно му одговарам "не". И тој стана,седна до мене и ме гушна, исто како да сум му рекла "се премрзнав!" Ајде, ќе глумам фина си реков, нема да му се тргнам..кога почна пополека прво на раката ме бакна и после по лицето. И јас веднаш прво нешто што ми текна, демек ми влегла мушичка во око и се завртив на другата страна, им правев некои фаци на другарките и за некоја минута испаривме.
     
    На Elen4e_sonce, sweet-cherry, Chocolate.me и 7 други им се допаѓа ова.
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Разбрано е :)))
     
  17. unlucky

    unlucky Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    79
    хахаххахахахахах... единствено во моментов што се сеќавам е ова..

    првиот состанок, со мојот прв дечко :D

    си појдовме ние на кафе, претходно шетавме (ај шо бевме цела сурија) паднаа многу бисери...
    али ова со кафето врвот беше...
    си ојме ние, си седнавме во еден кафич кај што тогаш цела моја генерација излегуваа.. и седевме шо седевме, пијавме шо пијавме.. и тргнавме да си ојме.. и дојде време да се плаќа.. и ете тогаш мојот дечко, да се напраи џентелмен, а ние кутрички 8мо одд.. вади пари за да го плати неговото и моето кафе.. и сега мене неугодно ми паѓа... си викам неќам да сум спонзоруша... и тој плаќа.. и јас му ги редам парите во џебот, тој ми ги враќа.. јас пак.. и се дерам.. а сите во мене гледаат.. и само сакајќи да му ги втурнам в рака се удрив од раката на другарка ми парите летнаа.. и испадна дека ги исфрлив.. леле бруки сите ме гледааат, шо да прам сеа... :sweat:
    и излегов ко луда на брзина, ко фурија... и сфаќам која брука сум :D
    и на крај ми ги носи другарка ми парите ми ги реди во џеб, стигнувам дома.. парите загубени.. значит не биле за мене, само за џабе скандали напраив :D
     
    На CameliaMiller и Aleks96 им се допаѓа ова.
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    6 страни темава и ниеден одговор од машки бе...знам дека не има многу помалце тука ама дај да споделиме нешто, шо сеа само ние излегуваме тапи на состаноци :). Ова значи ми е свежо свежо, од пред 2 недели така да нема да помине под изговор "шо знаат децата на тие млади години..." особено што типкава има пуни 25.

    После активен чат месец дена на Фејс шо од дистанцирачки и ладен "еј шо правиш, како си , добар" прерасна во "еј маче кога ќе те видам...", и предложив да дојде кај мене во стан на кафенце, муабет, упознавање...Со цел срам си дојде девојчето, иако не очекував такво нешто, особено што големото мнозинство носат минимум 3 другарки со нив на вакви средби. Дефинитивно доби огромен плус од мене за собраната храброст, ама фијаското почна кога стигнавме кај мене во стан. Две работи што ме извадија од памет:
    1. Сабота вечер, си дошла бре кај дечко со кој се свиѓате и си го имате меракот и ќе инсистираш да пуштиме телевизорот да си ја гледаш епизодата од КОГА ЛИСЈАТА ПАЃААТ? R u fucking kidding me?

    2. Втор удар по нерв: повторно ист опис, Сабота вечер, имаш средба со дечко со кој си го имате меракот очигледно, му седиш во скут, се лижете, придушено светло, навидум сите ќејфови и наеднаш почнуваш тема за тоа како баш и не ти се свиѓал ебењето со бившиот и како само пет пати си му го испушила за 1 година врска?????? Само си помислив СРЦЕ, НИКОЈ НЕ ОЧЕКУВА ДА СИ НЕВИНА, НЕМА НИШТО ЛОШО ВО ТОА ШО СИ СЕ ЕБКАЛА ПОРАНО, АМА СТВАРНО НЕ Е МОМЕНТ ДА МИ ПРОЕКТИРАШ СЛИКИ ТИ КАКО ДАВАШ ОРАЛКИ НА БИВШИОТ ДОДЕКА ТЕ БАКНУВАМ. Big time fail беше тоа.
     
    На Elen4e_sonce, thelittle17, Biny и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ова е скоро од времето на мемоарите на Киро Глигоров на „Еднооки“- и тогаш он ми кажа на мене: :lol:
    Ах пуста лудост, дечкото ме привлече со бојата на очите, убавото газе сместено во фармерки и така, ептен типски изгледаше, кога ќе го погледнеш-гаќи да наполниш.И се почна спонтано и ние шетаме, никако да се погледнеме в очи, правиме некој несврзан муабет и свесно одиме накај темното место- момент кога треба да се залапаме........ :$ :$ :$
    Следеќа сцена...седиме еден до друг и ШТАМА!!!Јас ја свртев главата на друга страна и гледав некаде , блеев како теле во шарени врата, а тој пустиот во тој момент пошол да ме бакне, а јас, да ја прекинам непријатната тишина, нагло се вртам и КАРАМБОЛ- му ги скршив забите,толку се лупнавме глава од глава, абе мислам дека добив потрес на мозокот, а он уште подзажмиен :rofl:
    И конечно се бакнавме-ама за мене тотално разочарење- типот вртеше со јазикот 200 на саат, мислиш се лапам со центрифуга на машина за перење. Тука ми се скршија сите илузии и за убавото газе и неодоливите очи, ме испрати до дома и последно што си кажавме еден на друг беше: ЛЕКА НОЌ!!!
     
    На sweet&girl, thelittle17, Alex.T и 18 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Пред нешто повеќе од две години, демек ќе излегувам со еден ФИН дечко, морам да го речам фин, пошто сета му фраерчиност се удави у капка вода или поскоро у еден здив од вечерта која се претвори у една оооогромна минијатура од тренутак истине.
    Двајцата, као се среќаваме директно по работа, тој ме чека во кафичот, пошто јас ќе подзакаснувам, а надвор ладно грч, па греота да не му го стегнат мразулчиња тоа убаво задниче или тоа муцето негово полно, полно, полно :$ мхм...мхм, али тоа прашањето да ти било со што било полно ;). И се фино, убавини, ма идиииила. Муабет лизга како лига, време лета ко Ентерпрајз од Стар трек, а ние опуштени во тоа сепарето нит приметивме дека темнината му се џитнала на денот. Убаво ни бре, кој ти мери минути, часови, пак и тогаш бевме како разделени од тогашниот ми дечко, ма бајка шта да ти причам, њу бигининг на повидок :rofl:. Иииии веќе време да си одиме кун куќи, пошто утре на пат како треба да тргнувам оди да ги земе јакните и уште од старт нешто ми го мава ова носево, ми ствара чувство на пијан смог во тоа стомакот, на моменти што му се излегува низ устава. Ама викам што ли ќе беше :?: , од кај ова миризмиче фино, такво голицаво, како некој да распалил ќебапите намачкани со лојче. Излегуваме надвор, тоа миризбата ме следи бе мајку му, ми се подига душата, како што и овој ФИНИОТ се влече по мене демек да ме убие со мачна смрт со задушување пред да фатам такси... стратегија бре еј ;) да не му побегнам :D :D. Стигнуваме до едно фино романтично местенце, такво со пуно купченца снегче околу, дрвца цели бели, по некое хартивче од чоколадце, шише од кокакола, препуна канта и уште повеќе ѓубренца околу и душичево што ме следи ми пушта рака да ме потфати околу раменициве велејќи ми со тоа муцето полничко „се измрзна да те згреам“. И дур тој се наведнува кон мене онака гледајќи ме со тоа широко ококорените езерца од очи, мрморка некакви убавини демек, а мене душа ми тивко умира ко експресен воз да ја гази и прегазува и уште се задава тоа муцето напупено да ме љубне у моево и само звук се слуша од кој доаѓа уште посилна аромата, која во детаљи ти ја доловува скарата со ќебапчиња со лојче шдригггггггггггггггггггггггггг та дааааааааааааам :wasntme: !
    who's the фраер сега?!? ах очите ми се насолзија од радост неизмерна, што ова стомаче и срце не можеше да ги задржи внатре во себе, а да не зборам за тоа каква болка осетив во носот ко некој да ме гризнал ама силно по врвчево. И така јас си се завртев само, откако пред тоа го потапкав по едната рака онака другарски као немај гајле уште да му намигнев или да го чукнев бар по задничето мајку му како во соблекувална да сме по натпревар у ждригање. Си фатив такси и по овој момент не одговорив на ниту една порака ни телефонски повик. Ах и ден денес се прашувам што лепота од човек пропуштив :?:, фамилија подждригнувачи, јас мажот ми и дечињата кое од кое по ќебапесто ждригче над ждригчињата.
     
    На soffce, Manchy, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.