Секоја ти чест како си издржала и не си станала на сред неговото разговарање на телефон и да си отишла од кафичот. Искористена си била во секоја смисла на зборот.
Хммм... Најужасен состанок ми беше кога излегов со тип кој не ме остави да кажам збор, значи уста не затвори, а тоа мене страшно ме замара и иритира..Дремев како мисирка, за на крај да ми каже како сум била срамежлива и ништо не сум зборувала И да потенцирам дека цело време ми спомнуваше бивши и зборуваше за нив.. Огромен минус уште од старт.. И пишав порака на мајка ми да ми се јави и да ме бара итно дома за да заминам пошто ќе го отерав кај што не треба
Тој изгледа му е брат на еден мој бивши удварач. Само што овој мојот беше фанатик по фудбал. Преку него дознав многу работи за фудбалот. На крај му се изнасмеав во фаца.
Хахаха абе за фудбал би слушала и би се уклопила некако во муабетот, ама во муабети за бивши никако не можам да се уклопам
А еден друг што го имав.....се фалеше колку пари имал, каква кола имал, каков мотор имал, дека студирал на приватен факултет, и др. Едвај чекав да си отидам.
А тој не да беше антипатичен.....физички ич не ме привлекуваше. Ама ај...си викам....можеби муабетот ќе ни иде. Ама не. Јас знаев дека со него нема да направам ништо. Ич не ми се допадна кога го видов. Ама за неколку саати муабет, ќе се издржи. Врв беше кога ми го пикна јазикот во уста. Леле луѓе....центрифуга. Ми се згади После ме бараше на телефон...да сме се виделе пак. Важи. Нема грешка.
Уште потрагично е кога ќе излезеш со намера да направиш нешто Типот беше стварно прекрасен, значи во физички изглед немаше утка.. Ама муабетите, сестро... Џабе лепота
Вчера си седиме на ручек со мм, убаво време милина. Баш до нас дојде еден пар, девојчето од убаво поубаво, дотерано средено Момчето ..ај да не коментирам. Она цела насмеана пробува да му извлече некој збор од уста,он туп само у тел зјапа и ќути. Ај да речеш скарани, ептен глупо беше маса до маса а и количката на малиот беше до нив,па за жал мораше на се да бидеме сведоци Таа си порача една пијачка,тој макијато. Поседеа уште едно 10 минути абе без збор да си кажат, девојчево порача сметка извади пари плати за двајцата и станаа. Мислам ни пола не ја испи пијачката. Жал ми падна, како да ја понижи така.. И маж ми од старт, ова како од таа твоја Фемина,каде што се смеевме кога читавме,мислејќи на темава Е баш реков ќе пишам, не знам момци зашто искачате како со сила од дома некој да ве собрал? Каде се вистинските кавалери денес?
Ова беше во средно, 4 година пред да напунам 18 години, се допишував со еден тип што воопшто не ми се допаѓаше, ама онака на зафрканции и досада. Типов идеше со 3 мои другарки, значи тежок женкар и ме меркаше подолго време. Ај запна на кафе да идеме, седиме нарачуваме и збориме за разни работи. Ми спонува како поебал пари во кладолница, ја цело време со крената веѓа го гледам и само му прам фаци. Почна да ме прашува дали сум пушела трава, му викам не, ми вика зошто личиш на таква, му викам на онаква што ебава пари на мама и тато на трава и кладилници! На цел глас го кажав, а келнерот беше меѓу нас и ги оставаше пијачките. До крајот на дејтот јас го ругав секоја можност што можам, он зачуден цело време ме гледа. На крај сакаше да се муваме, му реков само no fucking way и си отидов. Следниот ден ме блокна!
Ова со плаќањето на сметка на машко е крајно идиотски. Не сум само машкото да плаќа, ама да излезеш да нарачуваш и женското да чекаш да ПЛАТИ Е КРАЈНО ИДИОТСКИ.
Како најлош дејт би го издвоила мојот прв дејт со дечко ми Јас бев 17, тој 23. Пишевме цел месец, тој во Ск беше на факс. И така тој си дојде викенд еден, и договорени ние во петок да одиме на пиво. Мене кога ме фати една паника, ѕвонам на другар ми да дојде со мене И така бевме на дејт јас, другар ми и дечко ми. Јас облечена како 13 годишно девојче - косата долга до газ, плетенки имав 4 дена и дента претходно ги расплетев, наочари, ни пудра ни кармин ни бутур Па и алкохол не пиев леле, чајче мислам пиев Помина вечерта, другар ми си фати патот накај дома, дм да ме испрати, и таман да ме гушне јас му ја летнав и само чао реков. Утре дента ми пиша, и вика нешто во стилот мала си уште, паметна си и за другарка супер, ама демек за нешто повеќе тешко. И си викам ок, bad luck Наредната вечер (сабота) јас со другарките во диско си отидов. Е веќе бев во фустан, штиклички, нашминкана колку-толку. После некое време го гледам и овој со другарите, подалеку беше. Помина некое време, и ми пишува порака да сме се виделе. Си викам, ма некој. Што се предомисли овој. И му реков не, со другарки сум излезена, не сакам. Одмина 3 саат, почна да се празни диското, и другарка ми доаѓа и ми вика демек да сум му дала шанса (овој и зборел нешто), добро дете е, бла бла. И ајде, му пишав дека може. Се сретнавме таму во една темница, на една клупа, и почна да ми симнува ѕвезди нешто. Му викам - Шо ти е, дента други ми збореше. И глупакот ми вика дека претходната вечер сум била како мало девојче, сама што не може да оди и на дејт, а сега демек сум изгледала како вистинска девојка и сфатил дека имал погрешно мислење Па проба да ме гушне и бакне, и јас само му ги тргнав рацете и реков дека сакам дома да си одам, касно е Луѓе, се изнамачи детето после хаха. Се утепа идејќи од Скопје викендите, по телефон ми ѕвонеше цело време, пораки една купа. И ајде, решив да му дадам шанса. И 7+ год сме заедно. Ама прекарот дека сум „дива коза“ и ден денес ми стои
Иам два претежно јас сум киксот, т.е. нешто со мојот изглед. На едниот одамма беше, сред бел ден на кеј се појавив со циклама панталони и блуза и најјакото циклама штиклички купени од кинеската Гари. На друг состанок пред некоја година, се совршено шо се вика ама дури дома видов дека ми останала марула на забите што ми стоела цела вечер сигурно.
Да издвојам еден од скоро. Бев на гости кај другарка со која се немам долго видено, на излегување пристигна нејзина другарка од која добив поглед како прв пат да гледа човек. По неколку дена добивам порака од другарка дека нејзина другарка ме засвиѓала, дека е многу добро девојче дека не требало да ја испуштам дека таа веќе и кажала каков сум и што сум. Додека таа дипломатски ме убедуваше веќе добив порака од нејзината другарка. Натака навака ни тргна муабетот и бев прилично изненаден што девојче дели исти ставови како моите. После ден два бидна договор кафе да сме пиеле. Бевме во Излет. Доаѓам јас, се паркирам во катната гаража кај гтц и тргнувам пеш полека бидејќи стигнав рано. Стигам до кафичот и гледам на тротоар застанува девојкава, се паркира и вади мачка од кола. Влеговме и уште не седнавме добив коментар дека не очекувала милитарист и скинхед бидејќи имам многу кратка коса и мохавк фризура, носев црна бомберка и камуфлажни панталони..Велам и кога се видовме прв пат бев така облечен само беше темница. Седнавме ајде нарачавме за пиење.. Ја остави мачката на столче, но тие што биле во Излет знаат дека има мачиња кои се тука нон стоп. Дискутираме и наеднаш се насобраа околу столчето и почнуваат звуци да испуштаат мачките како во Февруари кога им е сезона за парење. Сите во нас гледаа, дојде келнерот и ги избрка ајде бидна тоа. Разговорот тече и наеднаш девојчево почнува на полски да ми збори. Вели ајде ајде јас само ова знам друго ништо поради тебе научив ајде зборими полски многу убаво звучи. Велам не викај толку сите во нас гледаат, а и неугодно ми е така кога ме тераат да зборам друг јазик без причина. И покрај тоа пак почна да инсистира. Ајде сменивме тема помина и тоа. Велам што студираш не те прашав кога пишувавме. Вели биотехнологија студирам, ќе проверувам кое дете чиво е кога ќе работам хихихи. Супер велам, туку ајде да стануваме полека бидејќи имам обврски. Ајде ајде да платиме вели. Доаѓа келнерот и му давам јас пари, и кога почна со повишен тон НЕ НЕ НЕ НЕ ја ќе платам јас јас сеа не ти, ти следен пат не не не ааа па ја те викнав на кафе не ти, ја прва реков. Му ги бутна нејзините пари на келнерот, јас останав како дрвен петко со изпружена рака, си мислам и онака мачката не избрука нема потреба од повеќе.. Излеговме и ми вели ејјј дај кацигата да ја пробам. И ја давам ја става на глава и вели: Брејјјј овде две глави мои ќе станат хи хи хи. Ја извади и таман да ми ја подаде,како што стоевме пред нејзиниот автомобил и падна од раце и кога тресна од хаубата мачката се испрепадна кутрата внатре а оваа вели: Ајјј колку сум беее, извини ајде, ајде за роденден ќе ти купам нова хи хи хии. Како на трње да седев... Не велам дека е лоша личност лош карактер или нешто така, туку не сум навикнат на таков тип на луѓе кои и на јавно место се однесуваат како да нема никој околу нив, се шегуваат...