Не беше баш состанок, ама ај. Бев кај дечко ми дома, веќе неколку месеци бевме заедно, се знаев со неговите и сѐ тоа, ама уште не се знаев сосо пошироката фамилија. Седнуваме да јадеме двајцата, гравче манџа. Изедов една чинија и како за беља ми се јадеше уште. Срам не срам, си побарав репете. Таман да ја сркнам првата лажица од втората чинија гравче, некој заѕвони на врата. Кога се отвори вратата, баба му, вујко му, вујна му, братучетката, абе ситее. У грло ми застана јадењето и секако дека одма викам аа ја се најадов, нема врска шо стоеше полна чинија.
Како не им се погодат на вакви машки од оние женските што не земаат денар со нив на состанок, очекувајќи дека машкото се ќе плати. Да знам што би правеле во таква ситуација
Ја сум машко,после листање на сите страни ако не тролате со постовите се пукнав од смеење и не ми се верува хахахаха...Какви ги има ајде :
А сега ми текна имам уште еден легендарен дејт. Имено, се знаевме со дечкото од претходно, ама онака едно здраво, беше еден период во странство и додека беше таму се допишувавме и ај кога се врати после 1 месец ќе одиме на кафе. Седнуваме, вака фин, интересен, смешен, муабет како песна. Идат двајца дечки, седнуваат позади нас, ама не не видоа нас. Мангупов со мене дека нели "пресмешен", ми вика чекај малце сега, не се плаши. Вади џебно ноже, го отвара и на сред кафич (среќа празен, само 3/4 маси полни) оди на дечково позади мене му го става на врат и му вика "немој веќе да си ја погледнал жена ми, ок?" Јас повеќе исплашена во живот не бев, луѓево од другиве маси станаа, кој да бега, кој да го брани и типов со очите нагоре го погледнува и почнуваат да се смеат, се знаеле, демек јака смешка направил мафијашов, а јас незнаев дали да копам во подот под мене и да се кријам или да трчам до кола и да бегам ОД СРАМ ај помина тоа, станавме после некоја минута, си одиме накај колите и поминуваме покрај друг кафич. Ми вика чекај малце и ај застанав, после 2-3 минути иде од внатре со девојче некое, зборат тука на страна, не не ни запознава и му текна дека сум тука и ми вика еј дојди запознај ја ЖЕНА МИ и јас као WTF? незнаев дали да подадам рака од едно глупо чувство и девојкава ме стрела со поглед, јас веќе си реков полошо од ова неможе да е. И се смеат тука двајцата демек абе сестра ми е и типкава ми се врти со муабетот, "немој да си го повредила брат ми, ќе те прегазам" . и веќе мене ми беше капак на чудната вечер, неможев да преќутам и и одговорив "уживај Водервомен, секако веќе немам намера да се гледам со него, немам среќа да си ми золва" . Си отидов дома и седнав го блокирав од сегде и ајт. Психо до психо. Сега ми е смешно, тогаш ми се плачеше од глупости.
Ова моево не е ужасен состанок ,ами глупост ....Имав дечко со кој бев веќе неколку години ,и така едно зимо стоиме пред дискотека и чекаме за влез.Беше огромна гужва. Тој купи карти се врати и чекаме на ред. Арно ама мене мк се виде долго чекањето и као дај картите јас ќе те водам. Ги земам картите и као го фаќам за рака ,се буткам и стигнувам до врата ,давам карти ...малку ме зачуди тој на врата што чудно ме погледна ,напрај фаца и заврте со глава, иначе добро ме знаеше. И така јас влегувам и наеднаш го оптегнувсм за рака и се вртам.. ,ете гледаш како се влегува. И ме стаписа за рака држам некое друго дете ,и тоа многу помало од мене. И така зачудена му викам ,чек сеа кој си ти од кај излезе? Вика абе ти ме зграпчи за рака и не ме пушти и така еве ме и напрај некоја невина фаца,...фала што ме внесе.....Се вртам дечко ми го нема нигде ,чекам го нема и ај излегувам по него , на врата тој ми вика е кај си го остави новиот дечко..? Абе грешка туку сеа Х шо ке рече.Се враќам овој лут ,пошо му ја земав картата морал пак карта да купува и коментарот ,..јас стојам до неа а она си го фати детето за рака и го завлечка .....Он колку беше лут јас пак се утепав од смеа..а башка после тоа сите го зезаа..хаха за девојка му и крцкалчето...а на крцкалчето он му плати карта ..хсха бруки.
Прв состанок, а вика „ЖЕНА МИ“... Каков простотилак! Јас уште веднаш ќе си платев сметка и ќе си заминев, а нему ќе му го покажев местото и ќе му речев „Искрено ја жалам таа што ќе ти биде жена!“
Ме потсети на слична ситуација, само што немав ваков директен контакт со татко ми. Исто имав дечко кој што беше прв и ќе им кажев на домашните, ама сакав да помине време. Се шетаме ние, ја разгледувам околината и кога гледам татко ми и брат ми во кафич, а тоа мнооогу ретко се случува. А јас веќе пред кафичот. Ни две, ни три, лево од мене имаше едно тунелче меѓу две згради, ја пуштам раката на дечкото и летнав таму со брзина на светлината. Иде дечково по некоја секунда по мене и вика “Што ти стана, мислиш пиштол ти вперија“. Којзнае што си помислил во тој момент. Будалетинка. После некоја недела морав да го поканам на еден настан и тогаш моиве дознаа дека имам дечко. До ден денес уште не знам дали татко ми ја видел таа сцена.
А уште посмешно да ти е, после 2/3 недели на една другарка и ја раскажувам дешавкава и кажувам кој е дечково и ми вика "го знам, бивши ми е, ти добра си, мене прстен ми даде на трет дејт итоа златен, за после 3 гледања да го снема, ама битно прстенот ми остана, си го сменив, си се частев трењерки од пропадната љубов" она барем прстен добила, јас само трауми
Ама како можи бе, секогаш се кај шо најмалку очекуваш. Никогаш нема да ја заборам фацата на дечкото, си остана сам на клупа а јас заминав со татко ми без да му речам чао. А со сегашниот дечко чекавме да помини 12 сатот за да официјализираме врска на убав датум. Погодете кој шеташе во 12 на полноќ? Уште се зафркаваме дека врската си ја започнавме јас, тој и татко ми. Си годи моменти без промаш.
Како до сега не сум го видела мислам ова е крај, нема што повеќе да се пишува во темата овој го прободе дното
Ох, мислев немам најужасен али сеа ми текна. У средно јас хаоскињата што бев, се молев, се тегнев со симпатијата за дејт и држ-недај се договоривме да идеме на кафе после часови... Јас, сабајлето нешто као се средив, фалабогу шминка не ставив, ама затоа локна ми вриштеше. Дента, ко за беља, врнеше еден пороен дожд, абе истури! Јас, целата така у шок, што ли бидна со локните стигнав во кафичот. Каснев пола саат, дека чекав 10 минути во школо да прекине дождот и видов-не видов, си тргнав по дожд. Нема врска, се гушкаме со симпатијата и му викам "Лелеее, да не ме чекаше многу?", а тој "Да" само ми рече. Уште тука пропаднав у земја. Седнувам јас и прво прашање од симпатијата беше "Пушиш?" и јас нешо си мислам (не знам со кој памет) ќе го освојам со смислата за хумор и викам "Зависи што хехе". Ооо, кога ме погледна бледо, ми светна што треснав ама тоа беше. Дечкото реално фин беше. Збореше, а јас се смеев како блесава од срам. После саат време ми се примоча и ох-боже, СРАМ МИ БЕШЕ ДА ОТИДАМ ДО ВЕЦЕ. Иии, собрав храброст и отидов до тоалетот. Ама... АМА, прозори имаше големи за внатре, а ние седевме на терасата која беше нешто како затворена ама не беше внатре и место преку врата, јас влегов преку прозор т.е се лупнав. Се свртев иста секунда да видам симпатијава дали ме видел, но за среќа си гледаше во телефон. Седевме уште еден саат, он си збореше, јас нешто ќе се надоврзев... Станавме, си се испративме до автобуска, се гушнавме за чао и втор дејт немавме. Аа многу ми се свиѓаше, али тоа е ...