Колку пати на дејт сум ја затегнала вратата од кафиќот , а на неа пишува " Туркај " .. а читам дека пишува " Туркај " и упорно влечам , а дејтов зад мене , чека да излезе или влезе ..
Паметно овие мојве све беа у стилот " дамите имаат предност " , па затоа си чекаа додека ми текне дека пишува " Туркај " .
Беше лето си пишувавме неколку месеци и почнавме да излегуваме, излеговме 2-3 пати, потоа тој отиде на одмор па се погоди после него јас да одам и 2 недели се немавме видено само се слушавме...Си дојдов, се договоривме пак да се видеме и јас се спремав и си кренав и тој ми рече стигнав јас те чекам на плоштад. Си стасав на плоштад и продолжив да си одам бидејќи не го видов потоа слушнав како некој ме вика се вртам и гледам НЕКОЈ ме вика и кога се освестувам дека е тој... Тој ден за прв пат го видов без брада...
Седев во casa bar летоска со другарки и викам ќе одам до тоалет да си ја поправам шминката. Чекам ред и доаѓа по мене едно момче вика ејј Вета јас сум Станко пријатели сме на фб и инста, ме знаеш ? Викам да, знам дека сме пријатели, но ете сме немале прилика да се запознаеме. Ај вика да одиме вечер на пијачка негде таман ќе се запознаеме (а,од исти град сме и лично не се познававме само на разминување) и ај викам може. Одиме вечерта на пијачка и доаѓа келнерката да не понуди и он вика: ајде да пиеме Рум ( на келнерката и покажува да стави дупли во чашата за да не ја бараме пак) благо било и многу убаво. А, јас сиромашката рум немав пробано и мислев нешто како Мартини му доаѓа..полабаво и ајде викам. Додека ја чекавме келнерката зборевме баш за пијанства и алкохол кој што пие и баш му напоменав дека сум немала пијанство, односно се во граници на нормала. Келнеркава носи пијачките и он вика ова ќе го пиеме на екс. Јас јака нели, тоа благо мислев и лабаво прифатив. Коа го испив цело, не да ме здрма..се вцрвенев очи, образи тоа се да пука. Вика добра си: викам абе шо добра желудникот ми изгоре, се закашлав, ме здрма нозе ми се тресеа и дремам. Почнав да не го слушам, луѓето дупли ми се гледаа. Викам мене стварно не ми е добро ми се врти, а ти убаво и не ми се гледаш. Собрав едвај сила да станам од столче, се извинив и си заминав дома. Викам ќе се видиме и он рече да обавезно. Немаше втор дејт.
Хаха се пресмејав вета некој ваков дејт друг нели имаш да кажеш интересен барем беше ки убав дечкото да има да жалеш за нешто или не
Ејјј по муабетов детево ми се изгледа топ. Сакам дечки што знаат што да предложат. Иако се десило што се десило излези пак ако ти се бендисува. Насмеј му се, да го частиш тоа што тој нема пиено.
Да, детето стварно беше океј во секоја смисла на зборот. Во однос на втор дејт хмм не знам, можеби, не ја исклучувам таа можност
Морам да ви раскажам една смешна приказна и воедно моја најголема брука во источната на моето постоење. Јас студирав во Скопје, но живеев во друг град поради определени причини,па поради тоа морав да патувам до факс секој ден. И нормално како може да патуваш а да не ти се засвиѓа некој во автобусот. Јас бев решена по секоја цена да му пријдам прва па и по цена корпа да добијам, но некако срам ми беше прв пат во животот. Тој па од цел автобус празен седеше секогаш на седиштето до мене и од вселената се гледаше дека му се допаѓам, поради тоа и се решив да му пријдам. Арно ама другарките ме советуваа као не така господ знае што ќе помисли вака така, проста затоа никого не треба да слушате правите како што мислите дека е најдобро. И така бидејќи мене сите многу добро ме познаваа во автобус дека секој ден ме гледаа, дојдов до идеа да се договорам со кондуктерот тој да види како се вика на месечната картичка. Му објаснив кај се качува кај слегува се што требаше само да види како се вика да го најдам негде на социјалните мрежи. И така поминаа 3 дена јас не бев дојдена Скопје тие 3 дена. Беше понеделник чекам автобус кај Сити мол и се качувам единствено место слободно до него... Срам што да кажувам мислам дека се топев во моментот. Сега спремите се. Иде кондуктерот што направив договор за да дознае како се вика детето, и ми вика абе за тоа што зборевме ништо не најдов не сретнав ниеден овие 3 дена по тоа ти што ми опиша, јас преведувам му правам фаци да прекине, не бе брате упорен е, уште ми вика што ми правиш фаци ти ми рече да најдам како се вика, јас сакам да непостојам во моментот, можам да замислам на него како му било, и кондуктерот ми вика барем сега е тука да видам му викам да, ми вика кај е седнат, му викам ај сега оди напред ќе збориме утре, не бе ми вика сега дај да решиме јас на седмо небо сум, зелена во фацата, едно незгодно едно чувство за нигде, срамота. И му викам тука е еве го до мене седи запознајте се ако не, кога го виде мислам дека од црвена фацата му смени 6 бои. Од тогаш за жал детето не се качи веќе во автобус за да се запознаеме поубаво..
Јао, непријатно стварно ама и кондуктерот глупак, си можела на шала да свртиш, не поразговаравте дури се возевте после ситуацијата? Како е можно така да исчезна, повеќе никогаш никаде не го сретна? Од твојот град ли беше ил успут некаде се качуваше? Јас имам запознато партнер во бус ск- бт, но овој беше баш онака екстроверт пар екселанс, сам дојде седна до мене, и 300 филмови ми напраи после и во Америка се сретнавме, живот пише драме
Хахах, во америките живееше мојов, по обврски дојден на Балканот, мада наше горе лист, јас кога отидов уса неповрзано со него, знаев имејл и телефон, па се договоривме, ваљда не звучев дека на Тајмс сквер случајно се удривме еден со друг јок, ипак мора намера некоја... Шо знам , неколку важни луге сосем случајно сум сретнала низ живот, баш никако не би се нашле да не бевме баш во тој момент на тоа место, страв ме фаќа колку лесно испуштаме одлични луге зашто на пример закаснивме на бус или настинка баш тој ден
Ова ме потсети на една моја случка пред многу години. Со мм тогаш дечко ,излезени со некое рандом друштво.Сега јас мм го држам за рака и се поздравувам со некој, а меѓу нас се мушка еден од друштвото со иста боја на јакна како мм и таа висина.Од гужва дечково стои , а јас мислејќи дека е маж ми и ме чека да се поздравам го фаќам и го ударам по газ и му викам можеш да одиш .Дечкото потскокнува и се врти и вика упс .А јас се зачудив од каде ли излезе, јас на мм раката ја држам .Му се извинив и му кажав мислев дека е мм.А овој па на цело друштво ме раскажа и цела вечер ме гледаше чудно .Мм се насмеа само.Најако беше што дечкото ми се имаше пуштано години пред тоа ама не ми се свиѓаше, ама важно го фатив за газот да видам што сум испуштила
Ме изнасмеавте. Јас може немав ужасен дејт, ама имав ужасна кратка врска. Имено, дечкото ми беше врсник, бевме заедноцна факс, ми бараше некои скрипти, му ги дадов, ај демек да те частам кафе и така некако почнавме. После кратко излегување се договоривме демек Нова Година заедно ќе ја славиме, не ми беше проблем, го знаев друштвото повеќето бевме колеги од факс. Е сега еден период изгледа (по мое) беше тенок со пари и нејќеше да излегуваме. Дојди кај мене ми викаше (после 15 дена), а дома мајка, татко, брат.... Немаше шанси. И така после едно 15 дена што нејќеше да излезе ни до парк да прошетаме, цел ден Дота играше, му реков јас со тебе не славам Нова, ќе си одам кај тетка ми (во друг град). Неее, нема шанси, ти без мене ќе одиш, јас сум ти дечко (дечко?) и така се искаравме, ми изназборе сешто, јас повеќе од инает, демек гледај ме дека можам, си отидов кај тетка ми без да му кажам итоа дента на Нова Година, запалив кола и да ме нема, прежалив 1300 ден карта што си платив. Он вечерта да ѕвони, да пишува, иако 3 дена пред тоа не бевме ни чуени ни видени (нормално), па во 00.01 срцепарателна порака, пораката беше вака нешто: Ај среќна нова убавице моја, иако ми го скрши срцето на милиони парчиња, стапив во Новата Година сам, јас тебе гулабче ти раскинувам. Од мене доби само едно - За да ми раскинеш, треба да сме во врска. 1-0 за мене И така заврши мојата "ветувачка такозвана врска" од цели 26 дена, од кои 7 дена се видовме