преслатко на почеток а ти загорчи на крајот, можда не бил виновен, ии му даде ли фб инста да не се разочарува многу дај му шанса
Абе види Вета , имам другар што лежеше во затвор 5 години исто .. дечкото лежеше за кражба на бензиска и повеќе тепачки . Ама искрено да ти кажам , се смени откако излезе од затвор . Тогаш беше дете , мислеше дека се што лета се јаде , дека ќе заработи на тој начин . Влијаеше и тоа што татко му и мајка му се разведени и татково не зборува со него повеќе од 10 години ( татко му ги има оставено на цедило мајката и двете деца во Германија , каде мајкава ниту работела , ниту знаела јазик ) , откако ги исфрлил на улица од станот во кој живееле , детево завршува во дом со се сестра му . Живееле 1 година во дом , додека вујко им не ги посвоил и вратил тука кај мајка им . Другаров крадел за да ги издржува мајка му и сестра му , додека најде работа мајката . Немале од што да живеат , него не го примале никаде бидејќи бил многу мал , 13 години . Сега , работи напорно , успеа да купи кола за сестра му и за себе , мајка му и сестра му се вработија , ја средуваат и куќата полека , сака да се жени и да си оформи свое семејство . Тотално е сменет откако излезе од затвор , веќе не краде , успеа да најде работа и ете го , живее како и сите други . Мој совет е , да не му судиш на човекот . Можеби имал страшна судбина . Ако не како партнер , барем како познаник почитувај го .
Почитта остана се разбира, а иначе ми ја кажа целата приказна и можам да кажам дека не беше како твојата горенаведена, се работеше за друга работа, да не ја должам, но почит секој имал и ќе има од моја страна
Секој со својата судбина . Добро , мене ми е другар детето , не знам како би реагирала кога би се работело за љубовен партнер . Можеби исто како тебе би реагирала . Од другарски аспект , не ми смета што другаров бил во затвор . Сум се дружела и во средно со него , се дружам и сега . Затоа и со сигурност можам да кажам дека е сменет тотално . Како и да е , и за тебе , и за него има по некој што ќе ви одговара .
Најужасен состанок или може да се каже најужасна кратка врска, оти типот беше лажго. Се беше најокеј и ми се јавува една вечер во ниедно време дојди земи ме, се искарав со мајка ми, ме избрка од дома. Одам да го земам, ми вика носи ме кај тебе. What? Ко Америка да сме ова,не живеам со моите, ко мајка ми да нема да примети дека живее уште некој со нас. ај некако го средивме тоа, отиде кај другар (ваљда). А секој ден после тоа во разлкчни алишта излегуваше, а во кола со едно ранче влезе.После некој ден ми вика мајка ми отиде на пат, можам да си седам дома дур не е тука. Имаше некои алишта обесени на терасата кога го земав за да излеземе, се враќаме алиштата собрани. Викам алиштата ги нема да не се вратила мајка ти? Ми вика аа не комшијата сигурно ги има собрано. И уште нешто ми се има десено - да си заспијам после работа и да не се појавам на дејт. Телефонот да си ѕвони ја топ. Дечкото ме имаше блокирано сабајлето,немав време ни да се објаснам. А имав и едно маже во филм на голд дигер. Седнавме во кафана, одкога се најаде се напи, ни ја донесоа сметката, он ми ја турна накај мене и ми намигна и рече "плати маче ти, ја на друг начин ќе ти вратам". И со истиот дечко после два дена имав ситуација: бил со неговите на мекици, им рекол ја си одам и тргнал пешки,ми ѕвони во 11 ко да гори негде "дојди земи ме, неможам да одам пршки веќе". Ја му викам кај си? И ми кажува таму и таму, значи мангупот беше на 5 минути од дома, јас дур станев, се облечев и немаше ни да стигнам кола да запалам, он дома ќе беше. Ми се налути и се развика "ЈАС ТЕБЕ ТЕ ЗАСАКАВ, А ТИ ЗА МЕНЕ НИШТО НЕСАКАШ ДА НАПРАВИШ". Се имавме видено два пати. Два пати.
Јаооо хаахахахахахаха ова ме потсети дека се се гледав со мужи без коли и возачки. И мм кога го запознав јас го возев сегде.
Нели? Дури и еднаш му ја дадов колата и едни наочари за сонце магично ми ги снема. Не дека наочарите беа нешто, ама футролата беше кожна. Буквално ми ја врати колата и веќе ги немаше. Му викам кај се? Во возачкава врата беа. Ааа вика негде ти се паднати. Red flag. А иначе ја зема за мајстор шо го знаел за поефтино да ми ги сменел сите 4 свеќици, му дадов пари, за пред 3 години да ми рече мм (тогаш дечко) "треба да ги смениме свеќициве", ја му викам абе сега пред 2 години ги сменив. Он ја отвори пред мене и јасно се гледаа дека 2 се стари, 2 нови. Наравоучение: не давај кола на никого.
А замисли го србинот. Како ќе био брате у хотелом, јел си упознао неќе цуре Типот: јао брате упознао сам једна добра,спорташа Македонка И шта је био? Ништа, отровила ме с’прдешком убила ме. Македонки= прдли. Пишувам и плачам
Коа ве исчитав да пишам и еден мој смотан дејт. У средно на една познаничка брат и имаше школски шо ми се свиѓаше. И кај се шетавме после и пред школо намерно затстанував да го поздравиме брат како она брат и да го нема видено 2год. за овај да му текна да ми презборе ама никако. И на секое сретнување го зјапав и пак ништо си викам ај може е срамежлив. И еден ден она забележала и вика јас ќе му кажам, ајде му кажа и после школо се чекаме и седнавме на едни скали. Коа почна јас јадам омлет со печурки, мајка ми ми прави со кашкавал а не е лошо и со карфиол, па и со ова со она пола саат. И на мене ми светна зашо не ме приметил Оти е мутав. Не ми даде збор да кажам го прекинав на сред омлет муабет и викам еј автобусот ми е тука ај чао. После го избегнував. После10год ме најде на фб, викам ааа не. Воа не е дејт ама се обрукав. Мм тогаш непознат за мене седе со другар му и другарка ми(они у врска) она претходно ми кажа дека ќе се сретнат со него. А ја седев у друг кафич со друга другарка која студира со оваа. И при телефони оп станувам ја одам лично праам здраво и ја прашувам дали ќе си оде со мене и другарката од другио кафич или има уште предавање, а они заедно студират Она не ќе останам. После мн год му кажав на мм уште му е смешно.
Ова беше најлошиот српски што го имам прочитано во живот, дури полош и од "Врло веома добро". Ако имаш дејт со Србин, те молам не му збори на српски, да не бидеш дел од темата "Најужасни састанак" на некој српски форум.