Најужасен состанок имав со братучед на другарка ми, таа не "запозна" на невидено, ме напнуваше демек океј тип е, да му дадам шанса, а јас тогаш брзо скарана со бившиот, ај реков ќе пиеме кафе, лелеее кога го видов, кога ми дојде облечен во едно старо кожно кафеаво излитено палто и во широки маслосани фармерки, ептен човек без вкус, а имаше пари(пред да ме нападнете дека омаловажувам сиромашни). Ај седнавме на кафе и онака општо запознавање муабет, реков да не го навредам ќе пијам кафе и ќе заминам, ама не, момакот почна да ми го кажува цел семеен имот, немало да ни фали ништо кога ќе сме се земеле за маж и жена, мислам ќе се задавев со кафето, не му одговорив ништо, набрзина заминав до тоалет со чантата и ко се вратив му реков дека ми излегло нешто важно и морам да одам, се поздравив и заминав, од тогаш некое време уште ја напнуваше другарка ми не само тој, туку и снаа му негова, ме аднаа на социјални мрежи ама ги блокирав, а на другарка ми и се развикав дека ме намести со него да излезам, и така
После долго време се решив да дадам шанса да излезам да се гледам и јас со некој, подобро да си продолжев сама. Имено, првиот состанок беше со убав дечко (секако дека изгледот не е пресуден) јас среќна ете ќе се видиме и се тоа, ајде ми се свиѓаше на почеток и однесување и изглед и така како времето си поминува, дојде денот да се видиме, срц мрц, седевме зборевме, дечково има свој ресторан се запознавме на он лине страна и баш кога го прашав, што бараше таму, очекував одговор некоја ете нормална девојка итн , всушност поентава на дечково, барал девојки да му оставаат позитивни коментари за ресторанот бидејќи дошла некоја гркинка и му напишала се негативно и рејтингот од 10 се спуштил на 9, уште ми вика ај отвори јас ќе ти кажам каде да ставиш 5 ѕвезди и да пишеш за ентериерот дека е од квалитет направен од Италија што ти знам таму, јас ни лево ни десно ок му викам и отварам како будала направив тоа, дојдов дома, дечково 10 пропуштени повици, помислив нешто се случило а тој ми вика, еј имаш некоја другарка да стави позитивен коментар? Престанав да му враќам на пораки и повеќе не се видовме. После една недела, упорен дечко ми пишуваше повеќе ми се свиѓаше од првиот викам ај поасален ми изгледаше, викам тоа е тоа, плус 30 години озбилен така и се однесуваше, се додека не се видовме во живо и покрај првото разочарување, овој го надмина првиот, седнавме да јадеме и дечково муабет простете вака ама не знам други зборови да го доловам моментот.. дечково само ми зборуваше како често имал дијареа буквално секое сабајле кога станувал по два три пати станувал поради тоа дали сум знаела некое решение, на сред јадење ме прашува зашто често имам пролив? ок доволно беше, воедно се извинувам на опширно објаснување, повторно изгубив желба за да излезам со некој, до кога не знам, времето ќе покаже.
Јас иам една другарка, само за лајна прај муабет, фетиш и е прдење и лајна муабетење, кој кога бил во вц. која тактика кој бакрачи.
Нема врска. Сум била во друштво каде некој зборува за ваква работа на сред јадење, значи не дејт, туку неколку души искочени, за особава да не згади сите. Има луѓе без осет едноставно.
Јас зборувам за гомца на прв дејт. Ако дој до то муабето. И за прдење и за ебање и за плачење... нема рестрикции