Се рачуна дејт кај што ти ќутиш од што не можеш да дојдеш на ред за зборење затоа што соговорникот не може да прекине да се фали?
Ајде јас да ви пишам еден утепан дејт! За мене не беше дејт бидејќи сакав само другарски да направам еден круг на друштво бидејќи една нова другарка што ја запознав имаше друштво башка детето што сакаше да ми го мести комшија ми бил населба до населба сме. Но она сакаше да ми го мести а јас кутрата друштво барам Како и да е бидејќи јас неа ја знам и има мирно друштво си викам сигурно е мирен и ќе свати дека не сум заинтересирана за нишо поише од другарство. И пишувавме на инста се тоа се договоривме да пиеме кафе и девојки јас како женско се средив се скоцкав како и секад а он доаѓа у фармерки старомодни доле широки и излитени и патика прљава и палто безвезе, човекот нема вкус и срам ми беше да шетам со него А не дека нема пари туку човекот нема стил и не го занима да се среди. Забите предни му беа со кариес. А у главата ќељав шо уопште не му стои да е ќељав а на тело беше како скакулец Дојде пешки скоро до центар па цело време правеше муабет како полагал за кола па паднал па беше напнат нервозен. Послем тоа правеше муабет не спиел никад на работа идел често ненаспан зашо пиел со друштво и зашо морал да се посвети на кучињата (за мене куче е исто како нечестивиот да ми го споменал бидејќи имам фобија од кучиња и многу ми е страв) мене ме нервираат муабети за кучиња. Па потоа како кучето било лошо но само него го сакало Скапав од досада. Едвај чекав да си отидам не го допив ни кафето само гледав магла да фатам и ме испрати до буска и седнавме на клупата јас 3метри подалеку од него и он само се доближување полека и јас станав од клупата но морав да чекам уште бус. Како и да е и он стана коа стаса нели да ме испрати да се поздрави и ме повлече кон него и јас го бутнав и само со рака се поздравив и му викам многу мило беше пријатно и да ме нема со бусот а он пешки ќе си идел а идеме кон ист правец но несакал он да дава пари за бусеви а не е блиску за пешки Послем тоа пак ми пишуваше типот но ми беше незгодно да кажам дека не ми се допаѓа на изглед ни во стил ни карактерно како и да е морав да кажам на крај зашо беа мн досадни со другарка ми. Еднашка па бил болен па морав да отидам и јас на гости со друштво во посета (божем за да му било поарно сум морала и јас да отидам ) отидов шо отидов од шо ми беше незгодно ќе му ја запалев гарнитурата со цигарата и туку почнав да пафтам а другаркиве ме приметија и почнавме да се смееме и си отидов порано бидејќи ми беше незгодно ептен! Денес ако сакаш да си во друштво мора да ти местат некој глупак така да ги баталив сите...
Имало многу ама ќе издвојам два најлоши. Во едниот јас бев главна улога за време на факултет. Бевме заедно неколку недели, првпат преспав кај него во стан после дискотека, да не се враќам дома, немаше ниедно слободно такси, сабота вечер. Дечкото многу убави кафиња правеше зошто работел порано како шанкер. За утринско кафе се пофали какво еспресо ни направил, сакал да биде романтична атмосфера. Се супер, само што кога пијам јако кафе веднаш ми се оди во тоалет кхм и не ми прија на желудникот баш... Го испив од култура и не му кажав дека не сакам такви кафиња, особено такви јаки. Си викам брзо да си одам дома, да не се брукам тука, кога ме заболе стомак, осетив грчеви, заглавив во тоалет. Да, ме фати дијареа. Како за еднособно станче каде што се се слуша и згора на се живееше со цимер, се изрезилив многу. Сигурно многу се слушало, за мирисот се надевав дека помогна тоа што пуштив вода 5 пати, после 12 години уште ми е срам кога ќе се сетам. Се објаснив дека јако кафе ми смета на желудник, дечкото се извинуваше дека не знаел ама после таа ситуација врската брзо ни заврши. Резил, невиден резил. Врска пропадната поради дијареа. Кафето е криво. После тоа научив да кажувам НЕ на утринско кафе и да не го пијам од култура. На друг состанок не бев главен лик , прв состанок договорен преку интернет. Отидовме на вечера, тој го кажа местото, елитен ресторан со сочни цени, дечково си порача се што стигна, се најаде, доаѓа сметката и ми вика немам пари да платам, плати ти се. Цели 2 часа јадеше само и ми раскажуваше за како не фатил спортска за една утакмица. Дојде, се најаде, си отиде. Како за крај сочно се иждрига и се поздрави. Поглупаво се немам осетено. Ексик и тие 3000 што ги потрошив, толку досадно и одвратно не ми било.
Да по една недела, за да праша зошто јас не сум го барала, не бил човек што моли, ако сум чекала он прв да пишува, сум се лажела. Брука, после тоа ми беше јасно зошто 37 години немал никаква долга врска зад себе и е сингл. Само кратки љубовни искуства имал, на интернет така се претставуваше, немал среќа демек... Штета за убавината, убав, а толку прост лик. Не делуваше толку забегано пред дејтот.
Абе па криво ми е за првиот што една дијареа требало за да да не се видувате више. Сакал романтична атмосфера да направи...
Суптилно ме откачи, после дури 3 дена со изговор не е до тебе, до мене е. Сепак беше фин, го имам уште на фб, си честитаме родендени, прослави. Пред некоја година му честитав свадба, си викам да не ме претставил пред жена му "оваа една бивша од факултет што дојде кај мене, дијареа ја фати", па да ми се смееле заедно. Кога и да го видам на слика, објава, ми текнува на таа ситуација. Некогаш ќе легнам да спијам и ќе се сетам пред неколку години како сум се резилела. И мене ми е смешно, се смеам сама на свои глупости. Не се лутам што ме остави, секако млади бевме многу.
Хаахха тој се потрудил да се покаже пред тебе ти си му се искакала на трудот. Шала на страна, никогаш не ми било јасно зашто одење по голема нужда се смета за толку срамно, сѐ е тоа нормална работа.
Пред негде 1 месец излегов со еден. Се знаевме од инстаграм. И се договоривме у 20 он ми доди у 21. Добро нема врска и кога се видовме место да ми напрај здраво ко човек он ми прај за да пукне Ко мали деца. И то гласот му беше ко женско И на рацете имаше влакна ама онака поголеми и накај прстите Башка кога пиев нес неле стават сламка кога и да земев он ме гледаше И кога си кренавме уште вика дај ја ќе те однесам После па ми замараше за кога на кафе у дено по 5 пати ме прашуваше
Значи луѓе што онака немаат малце усул за дали другиот има пари ми се....не знам. И да сакам да пивнам или каснам на туѓ трошок прашувам однапред дали е океј и колку има.
Тоа садови миење само во филмови го има, во реалноста ти викаат полиција и ако не сакаш да си добиеш пријава т.е да се жалат од тебе, ќе си платиш.. Брат ми има така преспиено во станица еднаш, и сабајлето пак дошол газдата на ресторанот во станица за да се разберат со убаво да платат да не се жали, со девојка му направиле 10к сметка во кафана и немале да платат, па татко ми отиде и плати накрај иначе човекот ќе си се жалеше.
Најужасен состанок ми е во прва средно. И тоа првото излегување на состанок со момче. Јас 14, тој главниот женкар во средно училиште, 3та година беше, мислам скоро 18 ќе имаше, не се сеќавам веќе точно, долго помина. Небитно. Цела среќна дека со најубавиот дечко од школо ќе излегувам, ме приметил баш мене, филмови , зачинето малку со трема зошто прво излегување со некое машко ми беше. Отидовме на пица, негде кај тие покрај кеј ресторанчиња, со договор да шетаме после тоа низ плоштад. Разочарување беше состанокот. Убав ама празен како шупелка бил мозочно. Повеќе молчев од што немав што да кажам. Само се фалеше нешто, колку пари имале неговите, каде ќе одел на одмор, ме измори излегувањето. Сељак невиден. Сељачки и прости муабети, со колку женски излегол до сега, си запишувал со кого се бил на состанок, еден ден ќе се фалел на децата за неговото богато љубовно минато. Ќе заспиев од досада, една тема немавме заедничка освен школо. Само едно заклучив за време на состанокот, со овој човек нема првиот бакнеж да ми е. Плативме сметка, да стануваме, му реков си одам дома одма, нема да шетаме. Кечапот што беше останат на маса, за да си ја земам ташната преку стол ненамерно му го истурив на панталони. Почна да ми се дере пред сите, знаеш ли ти која марка ми се панталоните, колку ги платив, од странство ги купив, неспособна, ми ги уништи. Не беше намерно, многу се извинив, но не требаше така да ми се дере пред сите... Баш бев возбудена пред да излеземе, мислев конечно first kiss ќе ми е, знаете тие тинејџерски филмови на времето сите што си ги имавме. Од денешна гледна точка мило ми е што ништо не излезе со него и првиот бакнеж ми беше со маж ми. Најсмешно е што тогаш ми беше најдобар другар маж ми, му кажував кога си дојдов дома за ситуацијава и го пцуеше каков сељак бил со девојче така да се однесува. Пред тоа кога му кажав ќе излезам со него, се напна што барам со тој женкар. Тој бил љубоморен зошто ме свиѓал, после тие случувања и мене почна да ми се свиѓа и еве сме сега happy couple.
Имав една колешка од факс идев повеќе пати кај неа у стан и нешто зборуваме и ми вика пушти си музика. Викам не ми е до музика у 9-10 сабајле глава нешто ме боли. И отиде некаде и само шо влезе излезе и ми го зема телефонот од раце и пушти музика. Ја ем сонлив ем изгубен дур тогаш сфатив кај отиде она Ништо не се деси ем вмровка беше ем не знаела како се размножуваат растенијата и било небитно пошо она се размножувала природно