Магии.. Ми текна на уште една ситуација. Другарка и дечко и решиле да ми местат сингл другар нивен. Го исфалија, не знам што образование имал, работа, скромен и чесен човек е, ќе ти одговара, како тебе е работлив, ќе си се погодите. Излеговме со нив и него. Човеков ми раскажуваше и оговараше за неговата фамилија, кој што должел, кој што се скарал за наследство, муабети за жената на братот дека одела по бајачки, затоа се иселил од дома, не зборел со братот, не можел да се ожени затоа, му биле љубоморни на неговиот успех.
Фатив дечко и уште првите денови од врската ми вика ајде ќе те носам некаде, ден беше и јас жива радосна. И дечково не ти кажувам не ти кажувам каде а тоа да ти било во мол . Јас мислев којзнае каде и ај ок. И ми вика сакаш да седнеме горе на тераса да пиеме кафе и викам ајде може (Среќа си зедов пари со мене). Го нарачуваме кафево го пиеме и ми вика иначе јас само 30 денари имам во мене би сакала ти да додадеш пари останато за мене и за тебе да си платиш? И јас викам океј да да нема проблем.. не ми беше проблем да платам ама разбирате зошто не е во ред. Рече дека ТОЈ ќе ме носел негде, не ми кажува каде како што, ми кажува ТОЈ да седнеме на кафе за кое што ни неговото нема пари да си плати и ме намести мене. А патем да напоменам дека цело време зборуваше типов за себе, ги лечеше неговите комплекси и цело време се фалеше со себеси колку тој постигнал (што е ништо really) и се местеше за комплименти.
Се запознавме на фб и се договоривме да излеземе отидовме во еден мол прво правеше седни стани од маса на маса се што беше слободно он на таа маса седна сите не гледаа мене ми идеше во земја да пропаднам ајде најде едно на чош на тераса седна го прашав овде ок е да седнам или ќе стануваме пак?добив одговор овде е ок по некое време зборува и гледа нешто позади мене ама со отворена уста исплашен вознемирен јас се здрвив што е работава и туку вика лелее сирота мачка се вртам што да видам она како стаклена волна виси надолу стварно личеше на мачка ама не беше мачка ..Кога ми влезе едно смеење да не можам да се контролирам му викам не е мачка он сигурна си? Му викам да! И остатокот од дејтот ни беше разговор дали е мачка или не е ми здосади викам каснам за работа морам да одам ја платив сметката он уште гледаше у чудото што висеше а јас џом да ме нема.
Ова не се сеќавам точно пред колку години беше... На еден сајт ми пиша еден дечко, прав лепотан, мој тип, значи, висок, црн со брада маа дечко од соништата ми беше, убави плави очи, јас каков што сакам цел живот, среќна јас што ми пишал се тоа, секој ден, културен фин, кај лепота кај однесување, мана не можев да му најдам... Уште кога ми предложи да се видиме лично во живо, јас готово, по продавници цела плата ја потрошив за да се дотерам, панталони, кошули, чизми од 8.000ден ма јок ваква прилика не смеам да се обрукам, уште малце да ја пропуштам без разлика што ми беше превише срам... И така дојде денот да се видам со дечково, во citymall бевме договорени, он доаѓа го гледам од таму, викам дали е ова сон или реалност, не дека сум јас нешто неубава, ама дечково стварно се чудев како му дошло до тоа да запознава некоја од некој си сајт таму.. Убаво облечен, се тоа, културен се поздравува.. Седнуваме на кафе внатре на светло бидејќи беше темница и не зборевме многу надвор... Отвара уста човеков. Немаше 4 предни заби,му фалеа четири предни заби и така......... Сувишне су речи
На сликите не можев да приметам заби и искрено ни на крај памет не ми падна тоа, сега кога ќе се сетам тој и немаше слика каде што е насмеан, тек во живо го видов тоа
Чудно малце искрено. Толку убав и среден, зошто не би ги направил? Барем тоа е лесно во денешно време.