Протезите се евтини. И мајка ми стави. Но, за да ставиш протеза мора да извадиш здрави заби, или пак да немаш повеќе заби. Не може ти за еден заб да ставиш протеза. Тогаш може да ставиш само имплант, или пак траен мост со круна, кој нема да се вади. И тие се скапи, а и комплицирани. Имплантот е титаниумски, кој се буши и вградува во виличната коска. Па треба време да ти го прифати телото. Другиот начин е поевтин, ама и тука имаш избор на материјали. 60 евра од заб ако е изработен од порцелан. Ама ти не може да ставиш само еден заб, мора 3, минимум, за кои ќе се држи. Еве, вака: Спојлер За предни заби се препорачува да се од циркон изработени. Кои, се поскапи, ама од друга страна пак, не се толку трајни. Мене 10 години ми дадоа гаранција за порцелански. Ова од прва рака затоа што пред скоро време бев да разговарам, и се мислам што да правам. Отидовме оф топик ептен, а сигурно има стоматолог на форумов кој може подобро да објасни, отколку лаик како мене. Поентата ми беше дека цената не е баш мала, ниту е процедурата толку едноставна и брза. Е сега парите се релативна работа, за некој 1 000 евра, колку ќе му треба на дечкото, се ништо, и може одма да ги даде. Друг, ќе му треба години да ги заштеди.
Еве мм стави еден преден, порцелански, мораше. И кога ќе видиш пак не се толку многу пари, 60 еур за заб. Немора наеднаш да се прават (бар ја така мислам) Овде збориме за млада личност што кога видела дека има проблем со заби требала да превземе нешто,не да остави да ги изгуби сите предни заби. Овие работи не се за жалење, тоа е таа негрижа за себе и нехигиена. А иначе да се надоврзам на претходниот пост, за псоријаза лек нема. Има масти за да ја ублажат и не се којзнае колку пари, ама траен лек нема. Да се купуваше со пари таков лек, Ким Кардашијан ќе ја имаше излечено.
Мажи 2023, ако го одбиеш ваков, ти си спонзоруша и кучка. Meanwhile, ти таква треба да си на дејтот, бидејќи сепак бараат квалитет
Не се 60 евра, тоа ти го објаснив горе, со сликата, туку се 3*60, значи 10 000 за еден порцелански заб. Може некаде е поевтино, не знам, мене таа цена ми ја кажа стоматологот. Ако знаеш, добро би ми дошло препорака во моментов. Ех, да можеше да имаме сите здрави заби само со одржување на хигиена, супер ќе беше. Сигурно маж ти не го изгубил поради тоа што не се грижел за забите.
Има многу ефтина варијанта. Се вика жабица. Естетски не е како цирконија, ама задоволува некој стандард. Има решение.
Ја џабе и да ти препорачам, тие што ги знам се во Западна Македонија. Иначе поназад пишав јас имам цел живот проблеми со заби, 5/6 пати годишно сум на забар, ама го кажав во смисол дека кога ќе приметиш дека ти се расипува заб, се оди на заболекар, не се дозволува сите 4 предни заба да ги изгубиш. Иначе на мм му падна зошто имаше циста и беше опериран. Самиот заб беше ослабен. Исто и јас, знам дека долната 1ца ќе ми се расклати за некоја година и ќе мора да ставам, нема да шетам без заб преден, прво ради себе. За задните заби, секој втор има изваден заб, задните не е толку страшно, не се гледаат, ама ете кога знаеш какви ти се, нема да дозволиш да дојдат до тој степен и други.
Ќе си ги спуштите стандардите, зошто иначе ќе најдете мажи што само ќе ве искористат. Еве ко мене мм што ме користи да му готвам, да го перам.
Абе сега што ја нападнавте. Боже мој. Жената си има критериуми и готово, што ја распнавте. Демек вие немате некој критериум, ајде ве молам.
Па несмее да има, треба да прифати што ќе и се понуди, не гледаш одма увреден се најде еден "за другар" што пишува.
А да. Пример јас не сакам низок некој, знам тој не е крив, пуста мајка природа што е мал ама ете. Не ми паѓа во око и крај
Целата поента е дека во ред е да не сакала ништо со него и да рекла не кликнавме итн. Отколку вака директно ЈАВНО на форум да го вреѓа, руга и на тоа да се надоврзат и милион други членови што се исмејуваат за тоа. Човекот дознал од некој што го познава и лесно се препознал или сам прочитал небитно и се навредил. Што е многу нормално да се навредиш кога 10 жени те исмејуваат на неколку страници. Ништо погрешно не направил према неа, не бил нападен на дејтот, не бегал кога треба да се плати сметката итн. Тоа е ужасен дејт, а ова не и се допаднал, во ред, никому ништо, не е во ред да се исмејува. Не ми се допаѓа и неговото изнапишано ама да сме реални да дојде некој маж да не извреѓа негде за изгледот и да се препознаеме на ниедна од нас нема да и е убаво и во бес којзнае што ќе помисли или напише. Се има друг и поблаг начин, а некогаш навреди за физички изглед најдобро е и да се премолчат и да не се кажат. Помалку боли немаше хемија меѓу нас, отколку го откачив ради тоа што немаше заби. Некогаш и тоа искрен/а сум затоа се вреѓаат, не е баш најдоброто...
Те разбирам и се е точно тоа што го кажа. Но, забите се мн битен дел не само од естетска причина. Кога е нешто битно ќе штедиш и ќе го направиш тоа што треба да се направи или поправи. Нема да одам на кафе, нема да пишувам спортска, ќе јадам дома, патиките што треба да ги купам ќе ги оставам за понатака и сите не толку битни трошоци. И минималец плата да земам секоја недела барем 200 денари ќе тргнам на страна. Полека ќе соберам, во краен случај и ќе се позајмам 200 евра ако треба и ако е итно па секој месец ќе одплаќам. Еден по еден заб ќе се среди. А и плус кога немаш пари нема да ставаш заб од цирконија, ке ставиш нешто што е поефтино. За се има решение
Јао, сега и овде патетики. Не се работи само за естетика, туку и за орално здравје. Во 21 век, 2023 година да шеташ без цели предни заби прво е негрижа за себе и за здравјето. И не верувам дека некоја би сакала да има нешто, посебно лапање, со некој ваков како на гифовите погоре.
Немам време се да читам, одприлика што прочитав можам да кажам дека ја отеравте темава многу подалеку од колку што е тоа потребно , како прво дечкото нема шанси да се препознае бидејќи не беше од Мк, поентата (очигледно не ја разбравте повеќето од Вас) беше тоа што дечково додека не отвореше уста да Ви го покажам ќе речевте нема шанси, овој е некој манекен, поентата беше како можеше таков лепотан да си дозволи таков проблем , ок ајде спонзоруша сум бидејќи не сакав да се гледам со некој на кој му фалат заби и истите не се секира баш да ги поправа, напишав и понапред дека имаше сега скоро на инстаграм објавено стори каде што сеуште не ставил заби се приметуваше, ама ок ако ова е понижуваење на некоја личност ,ова другото што е не знам, темата си е самата од таков вид , не знам што треба за ужасен состанок човек да напише, не е секогаш се смешно не е во комедии темава и впрочем, јас никаде не објавив негова слика или не знам што, кој се понижува, некој кој не сте го ни виделе, аман со генеларизирање на секој можен коментар , форумов стана напорен од буквалисти. Ви посакувам убав ден.
Сега ме потсети, имав еден таков, енергијата ептен ни беше matching, ама пола глава понизок. А маченце беше, ама џабе. Кога сама не се осеќам пријатно, треба да се навалам за да го бацам, штикла да заборавам. ми нема ништо романтично во тоа кога ќе се гушнеме он да тоне во мене, не ја во него. Доста пишував, ќе се пронајде некој, па ќе ме обвинат на форумов дека ЈАВНО критикувам некого, пошо 1 е во цела Македонија низок, исто ко 1 без заби што е.