Еден од поужасните состаноци. Се видовме со типот прво кога се запознававме ми вика дека бил од мало местенце покрај мојот град и ме прашува ако...? И јас шо има веза битен е човекот. Излеговме и кај ке одиме уште од старт избезумен тотално сака нагоре сака надолу во др град не знај кај тера му викам кај било да седниме на една пијачка. И стигнавме седна накарши мене, арно ама набрзо зеде да ми покажува како бил на Миконос на одмор и 494783 слики од таму седна до мене на сепарето буквално се ПИКНА во мене јас до зид не можев да мрднам.. си кажва ехе овде вака онде така.. И ај станавме и ке си одиме и одма на бегање почна да напнува за да застаниме да сме "поседеле" некаде.. му велам јас не планирам немам време сакам да си одам ке се видиме др пат. И добро.. по два три збора пак ама нејкиш да застаниме сигурно? Абе чоек не...ама "мушко срце" не издржа заврти во првото сокаче и не знај како да почни и тука му се развикав дека не планирам да го бацам и дека сакам да си одам или сама ке си заминам. И ајде едвај уљандисан заминавме... Доволно беше да не го видам поќе никогаш. Згора на се типацот во секое живо женско битие се изнамањачи(грдо сакато секакво) И продолжи да ми пишува ама толку е..
Интересно е како у живо е чиста реткост да наидеш на светци какви што ги има тука во изобилство. Бре бре, не и се допаднал типот без заби на членката па ајде сега ќе ја напаѓаме. Па ни на мене не би ми се допаднал некој ко тие од гифовите што ги испратиле претходно. Да ми дојде некој таков нема ни да седнам, ќе фатам магла под итно. Ако можат машките да пребираат и да бараат тип-топ женски без притоа самите да се погледнат, можат и женските да имаат свои критериуми. Битен е карактер ама и тоа како ми е битен физички изглед. Ако можам јас да инвестирам во себе за секогаш да изгледам беспрекорно, може и потенцијалниот партнер да се потруди малку за себе. Епа сори ама не би ми било прво и прво пријатно да бидам покрај некој кој не води сметка за себе. Ич не ме интересира дали на некој тоа му се допаѓа или не. Уште помалку дали ќе ме осуди. Освен тоа, во прашање е здравје и тоа не смее да се занемари во никој случај. Жалопојки од типот скапи биле и сл. кај мене не палат, во време кога има се помалку работна рака, ќе земе секој и ќе заработи некој денар за да не шета без предни заби. Ако треба две смени ќе работам привремено ама такво нешто не би допуштила.
Леле ама досадно е вака со ова "тука само светци" Не е проблемот да кажеш дека не ти се допаднал некој што нема заби или има вишок кг или е преслаб или нема коса...туку начинот на кој е кажано со исмевање. Ај да му се смееме дека испаднал сељак или прост со некои испади ама вака... Основна култура пред се нели, не е во ред некого да исмеваш по основа на физички изглед, ептен е сељачки.
Не го пиша никој ликот со име и со презиме па толку да се прават драми како ќе се препознаел и навредел. Заби се прават, не е скраја да е некој недостаток за кој не постои решение.
Почнавме да се допишуваме на еден сајт за запознавање, на почеток се ок, кога не познаваш некој човек како треба, ајде на кафе ме викна да не пишуваме само по телефон, ај си викам зашто да не, не беше лош мада изглед не е ни толку важен... Дојде денот да се видиме во живо, ми предложи да ме земе со кола, ама му реков не сум толку далеку од центар ќе си дојдам сама и сепак прв дејт да влегувам во некоја кола тек така...не ми идеше, а тој важи важи не е проблем.. Седнуваме ние на кафе, исто убаво муабет, додека не почна да навалува со тоа да порачаме нешто за јадење, викам не, јас не сум гладна ти ако сакаш, слободно порачај нешто за јадење... И следи ова : Јас дома никогаш не јадам, само по кафичи, што ќе готвам дома да се замарам, ќе си излезам вака ќе готви друг наместо мене, не се замарам, ти, дома што јадеш? Некои манџи од мајка ти што ги прави ко вода? Јас па, слушам и не верувам што треска, викам како кога готвам и јас дома, на тоа ми враќа... Абе срц имаш среќа што си излегла со мене, ти да си кај мене чистачка, готвачка ќе ти најдам нема ништо да ти фали и ќе јадеш само по ресторани.. И зашто не сакаше да те земам со кола, виде со каква кола дојдов? Викам, не, што е важно?.. На што следуваше, ех како не е важно, да се омажиш за мене, ќе живееше во центар со чистачки, слугинки, ќе возеше најјаката кола во државата, ми вика работиш нешто? Викам да,, му кажав и што и ми вика ау ти работиш таму по 8 саати скапуваш, буквално ми се обрати со скапуваш таму на работа јас имам 10 стана купено имам и куќа во друг град со базени, џакузи, други работат за мене таму јас само им наредувам... Ах блазе си и на таа која ќе остане со мене, мене сите ми љубоморат и завидуваат ама лесно се носам со тоа, ајде стани ми вика да идам да ти купам некој подарок, сакаш кола да ти купам, ми вика? Да не ти купувам од евтиниве продавници глупости за мали деца, што повеќето машки купуваат на девојки.. сакаш некој скап саат, што сакаш не е проблем Му реков, важи ќе идеме, но наредна прилика морам да одам сега, дошла братучедка ми од Австралија (излажав секако). По една година, дознав дека се зсследиле со другарка на инстаграм сосема случајно и кажав на другаркава за ова и ми рече знам и неа исто и пишувал, дури кога му кажала дека не сака да излезе овој и пишал, ќе најдеш ти некој погрешен па ќе ме бараш мене.. Оттогаш, не излегувам со машко после два дена пишување на нет
Golemi nokti,zabi ne izmieni,se gledase od daleku deka i ne e istusiran,za malku ke glumev srcev udarama bev vo druga drzava....online ke go zapoznajš...pa ko ke go vidiš live lele lele...laźat kameriteodvaj edno kafe,i izmisliv deka treba da odam brzo,pa nikogaš poveke ne se vidovme,drug eden ludak skroz,lele 2 pati se zeznav
Ме изнасмеа Ние жените на се сме подготвени. Ако треба ќе глумам дека и трактор ме мавнал пред да дојдам, само за да си заминам побрзо и очи да не му видам.
Imam uste prikazni ama aj drug pat,i drug den da te nasmeam,ama mene mi e interesno,interesen zivot imam
Јас да бев како тебе ќе му речев може, и ќе го однесев во продажен салон на БМВ, кад је бал, нек је маскембал..
Од сите можни салони во БМВ ќе го однесеше? Покрај Порше Македонија? На ова ме потсети одмаа. https://www.tiktok.com/@vrewls/video/7258082576399600939?
Е така. Алал да ти е, си имаш вкус. Bmw X6 M. Ај да видеше дали ќе искешира таму 200к. Идиот бе раскурчен, уфилман. Ама со такви треба такво исто понашање. Која е малце похрабра и не се замара, најубаво си поминува у живот. @Billy Idol зашо толку хејтате Bmw бе? X6 М си е ѕвер.
Мислев дека читам во темата Како се запознавте и си викам зарем ова имало среќен крај Ама не ми беше логично па на пола пост се навратив да го видам насловот на темава кај читам...
Абе не дека е лош, далеку од тоа, ама има далеку подобри и полуксузни. Споредбата е како да ти нудат Ламбо, а ти бираш Хонда. Не дека Honda NSX е лоша. Ама dream car, не е. Исто и со Х6 М. Ех, да имаше некоја шугар мамичка да ми исполни новогодишна желба, одма ќе и пуштев едно ливче со dream cars.
Епа поскромна сум ја, тоа е, не пребирам и шо сеа? Не ме засега ни Ламбо ни Ферари ни Порше или сличните, убави се де, јаки се ама не. За мене тоа е дрим кар од секогаш. Не знам зашо ама ненормално и се восхитувам коа ќе ја видам, и обичен x6 и постар модел нека е ама полудувам по џипчево ептен. Убава моќна играчка ми е. Ја да добијам на лото (на свети никад ) одма у секунда ја купувам, без размислување, ништо друго не ме занима. Опсесија. За другово, може и ќе се најде некоја таква мамичка моќна и јака, надеж не губи никад! Уште има време до нг, па и цел јануари е празничен и еуфоричен месец, ќе дојде нешто големо да изненади.