1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најужасен состанок

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 26 февруари 2010.

  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.606
    Хахахахаххаха кога је видов темава ми текна и на мене... една вечер на времето на моите први студентски денови бев пијана и се смував со еден тип, цимер на еден мој другар! ама добар беше типов, згоден, ми се допаѓаше што беше малку посериозен и не беше толку зелен како мене и башка го меркав онака потајно!!
    Арно ама послем тој ден онака се слушавме пополека, јас на почеток ок ми беше дури почна малку повише да ме привлекува.. и никогаш не бевме излезени онака вистинки на состанок и јас му викам демек само се гледаме јас кога ке дојдам кај Цимерот твој (што ми беше најдобар другар) демек не мора само таму да се гледаме.. и типов ааааааааааа така значи? епа ај демек се договоривме се..
    Идеме седнуваме на кафе, типов еден муабет не кажа.. ај демек ја да помогнам го прашувам како си помина дома? (од друг град беше) па како ти е на факс.. абе со цели муки се мачам да му извлечам два три збора! Типов цело време со Да или Не одговараше.. И му викам добро дај збори малце мајко му стара ако не па ај само ке се гледаме.. и ми вика епа ај :o

    Ужас.. послем тоа мислам дека више се срамеше да ми пишува или да ми се јави резил го направив многу дрска бев ама аман ме нервираат луѓе што ќутат..
     
    На thelittle17 и BabyD0ll им се допаѓа ова.
  2. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.351
    Допаѓања:
    8.286
    Пол:
    Женски

    Срамежлив бе. Ама добро од твоја страна така што си му рекла и јас да бев на твое место и јас ќе му речев исто.
    Што било то машко да ќутит? :lol:
     
  3. Sherbatsky

    Sherbatsky Активен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    4
    Леле значи се изнасмеав...
    Ајде и јас да ви го кажам најужасниот состанокк...Беше тоа пред една година,прв пат кога излегов со некого на состанок..И бидејќи другарката ни направи работа излеговме со неа и нејзиниот дечко...Се шетаме така покрај река,другарката и дечкото понапред,јас и тој поназад и тој цело време се довикува со дечкото на другарката(инаку негов другар).Ми прекипе мене па велам: Ок сега со мене си излезен или со него?Ако сакаш ќе ве оставам сами,разговарајте 3 дена ако сакате...и тој се освести ок ајде... и почна да ми прави муабет за бившите женски :headbang: ... поинтересна тема неможеше да отвори...и ајде таман се смувавме,си поминува еден дечко така нормално и опвој дебилот скокна да го тепа,имал проблеми тој со неговото друштво..Го откарав у пм и тој после трчаше по мене ама џабе,нема веќе :rofl:
     
    На sweet&girl, thelittle17, Valentina.Vaki и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    со еден тип пред извесен период излегов и искрено..
    кога го запознав се посомневав нем да не е, пошо уста не отвори цела вечер-worst date ever! :D
     
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите, да си знаете. :geek:

    Јас се сеќавам на нешто што најверојатно ќе беше состанок ако се оствареше. Имав еден другар со кој се гледавме некогаш ако излезев за викенди кога ќе си дојдев дома, и еднаш се договоривме да излеземе, ама пред тоа паѓаа некои муабети така потешки. :rofl: Се договоривме уште у понеделникот за у петок кога ќе си дојдам. И, така дојде петок, си дојдов јас дома. Бевме договорени у шест ипол пред зграда, и неколку саати пред тоа пишувавме на фејсбук, он као да официјализира и да се потсетиме оти треба да се видиме. Арно ама јас со друштво, видов на фејсбук муабетов шо видов, ама сум се исклучила на :

    „ Значи у шест ипол пред зграда сигурно, така? “

    и не сум го видела клучното прашање. И така, јас пред зграда, дремам ли дремам. А ни број од момакот, ни абер. И ме фаќа една нервоза, си одам дома и го читам тоа у инбоксот, па си викам : - Де бре, зар е можно оти не сум му одговорила да ме отканта вака сега?

    И погодете што? Баш така. Заради тоа. :rofl:

    А да не го заборавам и состанокот на цимерка ми со еден тип шо излезе глава ипол понизок од нејзе. :!: Не тераше да стоиме на прозор кога ќе излезе на улица да го види, и ние такви со другава цимерка стоиме. Кога го видовме се изрикавме од смеење на прозорец, а таа го поздрави и му ја шпринтна. :rofl:
     
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.857
    Допаѓања:
    18.985
    Пол:
    Женски
    Хаха, се изнасмеав со сите приказни. Значи навистина, комедија филм да гледав, помалку ќе се забавував.
    Мене ми текнува на еден т.н. состанок, кога еден дечко, другар на мој познаник, ми се јави, демек ме имал видено, многу му сум се свиѓала, и сакал да се видиме. Јас во тој момент се осеќав forever alone, lvl:9000, и си реков ајде нека дојде кај мене на гости, можеби е како што треба дечкото. Не ми се излегуваше, а дома бев со цимерката и со еден другар. Му објаснав убаво каде да дојде, и кога се појави... леле мори мајко, грдичок, непривлечен... ама ај си викам, не суди по надворешен изглед. Кога испадна тој да ти бил пијан камен и најверојатно издрогиран. Леле луѓе, секоја минута поизгубен и поизгубен беше. Ние да не знаеме каде да се гледаме, и дали да се смееме или да плачеме. :D Почна да му се врзува јазикот, да кажува безвезни работи. Проба да ме гушне и што ли не. И јас му викам, ајде оди си (ме фати страв да не ми заспие дома). Едвај се реши да стане, и да си оди, кога бапна на масичката, сите лаптопи на земја летнаа, и тој се истркала на земја :lol: . Стана некако и вика "Добар сум, ќе си одам". Ја згреши вратата, во купатило се пикна, па го усмеривме кон точната врата, и излезе :D . Го гледавме низ прозорец, оти бевме на приземје, се сопна од се што му се најде на патот, се струполи едно 10 пати. После малку имав грижа на совест оти го пуштивме таков несвесен да си оди, ама не можев таков дома да го чувам, сепак, прв пат го гледав. После проба да ми се јави неколку пати, да се извини, ама јеби га... касно му беше :D
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.822
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Леле хахаха имам и јас една случка за која не се секавам дали сум пишала :lol:

    На интернет зборев со еден не се секавам од која населба од Скопје беше, крајот на 2007 година, и ми рече ајде да одиме на кафе. На сликите ми беше ок , и реков ајде у живо може ке е поразличен ( на поубаво мислев нели :geek: )
    И така, јас си чекам на плоштад и ете ти доаѓа еден. Ллеел мајко , косата ко небањата , и кога ми даде еден осмех - со протези горе и доле :wasntme: :doh:
    И јас се насмевнав онака ладно и вика ајде одиме кај тебе во населба на кафе. Си викам во себе , како не некој да не види заедно , па му викам не не кога веке сме на плоштад ајде одиме во Блу кафе во трговски ( мислам дека веке не постои на истото место )
    И отидовме седнавме јас нарачав макијато , и тој исто така , и почнавме нешто да збориме за школо , за универзитети итн , за среќа не ми се пушташе. Поминаа 15 минути и викам дај да бегам јас од овде , и под масата додека зборев со него пишував порака на другарка ми, ****** , брзо чекај ме кај рамстор и титни ми подолго нема да те фатам. ( инаку не напоменав дека со неа бев излезена пред да се најдам со овој )
    и таа ми титна , и викам ејј мајка ми ме чека дома морам да си одам гости ми дојдоа. И нормално чекам да плати за кафето и ми вика еј немам ништо ситно имам 500-ка , и јас викам ок нема проблем и јас му го платив и кафето :fubar:
    Како и да е потоа ниту ми се јави , ниту на мсн ми пиша т.е. јас о блокирав :rofl:
     
    На thelittle17 и pamelche им се допаѓа ова.
  8. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    229
    Еј ја глеам за прв пат темава и одма ја уклучувам.Имам повеќе „утки“ направено,ама ова е најголемата.Хаха. :D
    Епа се почна пред да го имам овој дечко што сега го имам.Значи кога бев сингл.И пријателките,сестрите сите врски само јас не,ајде и на мене морало.И јас таква не се замарав толку,онака лабаво,ако сакаат да ми местат,нека ми местат. :D И имам една пријателка,на братучетка и другар шо ме видел на слики и сум му се свиѓала и ај сеа да идеме на состанок.И знаете,организираат овие се место време,и мене само ми кажаа,ќе те собере он од дома со кола во 4ипол.И ја таква добро,нели е малку рано,ова она,а они ми викаат он така сакал.И ја добро,ајде остај така нека биде.
    Денот на состанокот ја се спремам,сукња,кошулка,сако и штикла(да не ви причам колку висока :o ).И доаѓа он да ме земе,гледам со фичо.И ја добро,сеа нема да го одредувам по тоа каква кола има,нормално.Влегувам и се запознаваме,и ми вика „ти си се интересирала многу за мене,а?“ и ми праи таков шмекерски поглед.Ја со подотворена уста,и таква го гледам,ја соблака јакната.Кога видов што облекол очите ми се превртеа. :D Облекол онаква кошула по кратки со палми на неа,а одоздоле пократка машка панталона(ако тоа се рачуна панталона) неам видено.И кога го видов како се облекол он а како јас ми се стемни.И ја ќутам,он ќути и пробува да ја запали колата.Не сака да се пали,и ми вика дојди помогни ми,а ја врска неам.И викам ама неможам,незнам.Овој ме тера,ми покажува,на крај ја запаливме у 5.Тргнавме и тогаш ми текна да го пршам кај идеме.Он ми вика изненадување.
    Стигаме и глеам у рамстор.И си викам сигурно на кафе,нешто така.Кога гледам он ме носи да сме гледале филм у кино,и тоа нејќеше да ми каже кој филм.Идеме внатре и седнуваме,гледам пуно деца,и само ние ексцентрични по облеката(он ко од плажа да се враќа,ја ко од диско).И седнуваме и почнува цртан.Леле,ми се стемни.Кога видов,Ајс Ејџ 3 дека ќе го гледаме ми се идеше да повратам.Он ми вика чекај да земам и пуканки,и се враќа со пуканки само за него.И не ми ни понуди да земам една.Ја таква чурам од нервоза,а додека траеше филмот се смееше како бебе некое и не ми прозборе ни збор.Ја не дочекав ни пола филм-си искочив и ни чао не му кажав,а ништо посебно не реагираше кога виде си идам. :o :envy: И продужувам ја директно у кафич,сама и си нарачав по „една“ да се расположам.
    Хаха,после ми се чини ќе ги убиев сите шо учествуваа во организирање на состанок со таков „фрик“.Леле,никад више не би сакала да го погледнам у очи,а не па да искочам.Хахах. :D :fubar:
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, bubemconia и 46 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Леле,на цели мои години,пред недела дена го имав... Сам си кажуваше џоукс,сам си се смееше. Уствари монолог си направи и после ми рече као,леле колку ми е мило што кликнавме. :?: Кликнавме?! Вистина?! Како заклучи?! Уста не отворив. Воспитањето ми е такво,сите да ги сослушувам,па си зевав,си климав, ај пушти го.
    Јбг,не ми беше ден да му станам и да си отидам,па си го испив кафенцето и си проклимкав со главата. И на крајот очекуваше дека ќе добие бакнеж. Го одбив и инсистираше да ме испрати до дома,до пред врата мислејќи дека ќе направи филмски моменат и ќе се предомислам. Јас као мала сум,па измешани ми се хормониве и не знам што сакам.
    Луѓе,значи,кога се поздравувавме,главата ми беше наместена нормално,ми го шмукна носот,изгреагирав :o и вика ууу извини,мислев се намести,сакаш да те бацам! :o Не! НЕ САКАМ ДА МЕ БАЦИШ,а и да сакав,носот ми е тоа! А да не зборувам дека кога се наклонив да се поздравиме,ме стисна до него што ме асоцираше на машка пудлица во пубертет кога ги добива првите нагони за парење! Не,не знам како да ви ја опишам реакцијата,боди ленгвиџот,на кој му држиш дистанца.Ааууууууууууууууууууу колку одвратно чувствоооооооооооооооооооооооооооо!!!
    А да не зборувам потоа што ме напна со рој емотивно-патетични пораки и јавувања.

    Уште ова ми фалеше за да можам мирно да умрам.
     
    На thelittle17, n0Limits, Milobebence и 21 други им се допаѓа ова.
  10. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Епа вака иде мојата приказна за најужасен состанок :) Беше поодамна и јас со другарки излезена на кафе пицната минич чизма абе тип топ :P иначе беше зимно време.И пиевме кафе дремевме што дремевме се туфкаме кај да идеме и ајде дома.Во моментот ми звони тел оп понуда за кафе од еден дечко каде што се запознав на роденден кај една од другаркиве и после тоа се видовме ама сами не, увек друштво.И он као ајде да частам кафе ајде да се видиме и јас ајде се договараме да ме земе.Дечково стварно убав за тие неколку пати што го видов културен.И така он доаѓа се качувам во колата здраво здраво се и прво па најлошо луѓе измрзнав колата од времето на дедо ное :D немаше парно, тргнуваме и оп колава угаси на сред семафори :@ си викав зини земјо голтни ме кај тргнав.Пробува да запали неќе и таков ајде да турнеме ама дрзок уште, какво туркање јас верувајте со пола уста останав и виде не виде ја истурка сам на страна и тркна до бензиска јас за тоа време седев во кола и броев :D дојде запали колата и ајде седнавме на кафе.Цела вечер слушав муабет за колата и ауспуси карики гуми ламели и не знам што и кога дојде време за плакање си извади само за неговото кафе јас си го платив моето и од тогаш очи не си видовме :D
     
    На Biny му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ја прелистав темава и уште се чудам како не сум ви ја раскажала оваа случка:

    Другарка ми одеше со негов другар, па ајде ме замоли да одам со нив, да сме излезеле сите четворица....ахам да, мижи да ти баам беше работава. Финтата беше што бевме млади и смотани и се‘ уште под стресот на прашањето Што ќе каже тато ако ме види со дечко?! :o , па јас требаше уствари да ја покривам неа, додека таа си тера мераци со момакот.
    Било како било, се стациониравме на клупите кај КиМ, кај што брчат деца со мини-џипчиња. Фраеров си рече, излеговме што излеговме, да си ја пробам јас среќата, па почна да ми продава пувки и тоа чоколадни, да ми филозофира до Плутон и назад (а нему кутриот никој не му кажал дека Хипи не сака филозофирање), па чекај ти се откопчал трегерот, па.... ужас! Па проба да ме залапа така фино на неколку пати, и така „случајно“ ]:) место со моите усни си се залапа со моите локни :lol: Боже сачувај, па ќе си се отепав ако дозволев првиот бакнеж во животот со него да ми биде.
    Кулминација на дејството: реши да се послужи со фамозното спуштање ѕвезди на полна месечина. Ми вели Знајш дека фалет две ѕвезди на небово? и јас на тоа Е од кај виде ТИ жити се‘ дека фалет ѕвезди?! Ми вели Епа еве, ги гледам овде... И така драги мои, јас за малку ќе си останев без очи, зашто идиотот, сакајќи да ми покаже кај ги гледал двете ѕвезди, стрелаше со показалецот и средниот прст од десната рака право во моите органи за вид, чиниш Стрелец во хороскоп.

    Трауми си имав после тој дејт :nod: И од тогаш, па се‘ до денес, никој не знае зошто Хипи се смее кога Тоше пее Ѕвезди се кријат во твоите очи :lol:
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, thelittle17 и 37 други им се допаѓа ова.
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Се случи пред околу 4 години. Тогаш јас со другарка ми (сеуште дечишта) одиме да се запознаваме со едни типци од друг град. Другарка ми комуницираше со едниот подолго време па ајде да се запознаат и јас со нив па си велев ај може типчето има некои фини другарчиња. Некако успеавме да се најдеме и што ќе видаам... Тие цела банда 10 души и ајде двајца се одвојуваат и ни пристапуваат, се запознаваме и ни велат да седнеме негде. Фаци - кој од кој (цела вечер бев ваква |( ) плус сите постари од нас 7-8 години... Но ете друг проблем - другарка ми несака да шета со нив ниту пак да седи негде на кафе (стварно дечките не беа за во јавност, кој поднапиен, кој фрик, кој со коси, кој со утка во облеката, ПОСЕБНИ :lol: ) и каде ќе одиме - Во парк :emo:
    И така вечерта ја преседовме во парк на клупа додека на соседните имаше парови што си бркаа работа :tmi: . Потоа почнаа јавувањата од чудаците но измислив дека имам дечко и толку беше :)
     
  13. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Хахах сум се смеела ко ненормалана

    Се запознав со еден дечко на скајп и пишевме можда месец-два, еден ден ме вика братучед ми да ме запознел со некого ја одам и го гледам дечкото од скајп они да ти бидат цимери :rofl: ко го видов фацата :o ми беше.. висок 2 метра, слаб, косиче до над уши и :geek: ќе паднев у несвес ај седевме шо седевме и братучед ми ко демек да не остави сами замина на работа и вој зема да збори ко навиен дрн дрн дрн цеело време ја |(
    Едно време ми вика имам идеја и ја :?: ми вика имам ја стан сакаш ли сега да одиме кај мене и после еден месец ќе одиме у матично не мора голема свадба само најблиските ја ко шо пиев сок се удавив :rofl: :rofl:
    Вика еве го имам на татко ти бројот у Црна Гора ќе му се јавам и ќе го прашам дали ќе те дади мукооо мојааа се сакав да пишам на скајпот, па и да дјдам кај братучедов
    му викам абе шо ти е тебе ја не те ни знам ко шо треба ми вика е ако де ќе се запознаема |(
    Му викам не не се извинив и маглаа низ врата сам го оставив :rofl:

    По недела дена ми се јавува татко ми и ми вика слушам ќе си се мажела :!: и ја Молим ми вика да ми се јави .... и ме праша дали ќе те дадам да се мажиш за него
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, thelittle17 и 20 други им се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Сум имала повеќе ужасни состаноци и глупави ситуации.Али нема да заборавам кога ми се пушташе еден фрик,миниче можи беше 1.50 см плус минус 2 см.Леле бруко моја.Ај излеговме на кафе,ајде муабети од типот деца и предбрачни договори(оти не му сум изгледала многу сериозно со моето понашање)..Проба да ме залапа ко му ја врзав една мислам жал ми падна.Лелелел.По извесно време ме побара за жена ;А шта е најтрагично ме побара преку тетками и тетинми се познаваа со нив.Леле мислам дека три години не излегов пред нив.А ергенот доби три шамари овој пат.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.241
    Допаѓања:
    42.990
    Мислам дека еднаш овде пишав за еден од моите најтапа состаноци, ама утрово се сетив на уште еден! :lol:
    Впрочем, тоа не беше состанок, ами излегување онака, демек другарски. Типот беше понизок, ама фин, и го знаев преку другари од сега веќе бившиот ми бенд.
    Излеговме во Форца, и човеков не престана да блаботи за некакви си енергии, астролошки знаци, да ме анализира, да ме толкува. А јас само си мешав во чајот со лажичето и зевав :)
    И после тоа нит средба, нит бутур.
    Што ќе ми е маж што дрдори повеќе од мене? :lol:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Лелееееееее се пресмеав .
    Јас морам да споделам два такви состаноци:
    Првиот ми беше со еден дечко со кој што се смував,а тој мислеше дека ќе ме зема за жена :lol:. Првиот пат кога излегов со него Ок си се испонаша дечкото,не ми остави некој лош вшечаток, падна и бакнеж и се. Е сега вториот пат излегувам со истиот дечко ама во друго издание. Првиот муабет негов кај си бе сега ќе одиме да те ВИДИ другар ми дека секогаш ко ќе си фатиме женски си ги покажваме и мора да ги отцениме дали се Ок или не и јас одма :^) не ми штимаше ама ај реков да не му кршам атер на дечково и ојдовме таму кај шо беше другар му и се запознав се, помина то ок и кај ке одиме сега и ај во паркот, седиме и почна дечкото да ми кажува како многу го сакал брат му, дека му се бендисва тоа што имал свој стил дека имал голема коса и брм брм брм јас само аха да ок i mean helooo ме умре |( . И му реков мора да одам јас сега ке ми идат гости од Австралија се дојдени :lol: И одиме низ нашето Битолско корзо и замислете цела фамилија негова ја сретнавме,претходно известени од него дека че биди излезен со женска и со сите застанавме да ме запознаел и на крајот ми рече дека многу ме сакал и сака да се земиме јас :@ нозете под мене февга да ме нема, а тој си остана со подзината уста
    Втор состанок:
    Долго време си пишував со еден преку познатиот мирц и запна на кафе та на кафе да излезиме. Иако никогаш не сум излегувала со некој што сум пишувала преку нет,реков ќе направам исклучок,сепак дечково ми изгледаше ок. И се договараме кај да се најдиме,како ќе се препознајме и тој ми вели ќе носам капче црно. И ок јас другарка ми со мене и чекаме иди тој и лелеееееееее луѓе ко го видов метро и жилет, ми идеше да му ја испеам ''како јас да пораснам'' :D И ми вели ај ќе се повозиме малку со џипот(демек да се пофали дека имал џип) и после ќе седниме негде. И ние со другарка ми вакви целите :^) И мечка страв,нас не страв,се качивме,а за да биди уште порезил ситуацијата качувајќи се во тој пусти џип мене ми се свитка ногата и си шлупнав внатре и тие ми се изнасмеаа omg резили :$ Свртивме едно крукче,а цел пат ни се фалеа дека нов им бил џипот,пола пола си го купиле,па дека свртеле многу женски со него( низ град како нас ) :lol:. Помина што помина тоа и слегуваме сега цел пат се мислиме како да ги откачиме со другарка ми и одиме низ корзо сега-Битола ама ние оддалечени на 30 метри од нив(со изговото немало место за да одиме сите заедно). И така ние мислејќи како да ги откачиме оп ете го другар ми и му велам аман спасвај не вака и вака и идат овие и другар ми им вели што барате бе вие со женска ми ај гитла да ве нема и ко ја прснаа овде не знаеа кој пат да го фатат ама :whew: ги откачивме на крајот.
     
    На sweet&girl, Milobebence и pamelche им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Уште еден у редот... со тоа што зборуваше за...автомобили и слични срања ол најт лонг или некои одрази на мушкост,ко што направил од физичка работа,демек види јас алфа сум,моќен сум,физички моќен (а да не зборувам шо е дечко со факултетска диплома и на прв поглед не делува на сељачиште,ако не е дипломава). Ама овој пат се напиздив и почнав да му зборувам глупости... и му начнав лошо-патетична тема ко љубов (да де...како не патетична) и он ми рече,а шо као ти ако не најдеш поубав,подобар и ПОБОГАТ од мене,нема да си го фатиш и мене да ме откачиш?! :o Чекај дечко,прво тебе не сум те фатила,а со понашањево не ни сакам,а ко второ, не ни знаев дека се сматраш за богат со тоа што возиш јака машина,разумеш?!Па и трето, фактор богатство на мојот иден или тековен дечко,никад не ми бил клучен фактор за улов и интерес,фала шо ме уназади. И ко дополнување,на све ова ко да ми беше малку, вика, фино е што сме финансиски слични,па да не мора јас тука да се труќам, да се стегам,да не можам да прошетам или да треба да ти плаќам работи?! :o Сакав вулгарно да си ги исчепкам ушите,дали тоа јас навистина го слушам или ми се чини?
    И џаст фор д рекорд,јас ги платив пијачките на крајот,а тој не се ни понуди да ги плати и двете (не дека ќе дозволев,ама од принцип и култура),пошо наводно, немаше ситно,па да не се ситниме за без врска...
    И сега се чуди зошто не сакам пак да излеземе,оставал на мене да го побарам,немало поента вака... Дап,нема поента,се согласувам,аривидерчи! :D
    Да си починеш од смеја! :D
     
    На sweet&girl, thelittle17, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  18. momce00

    momce00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    Ве паметам и двајцата, јас бев келнерката што ве служеше, и морам да кажам дека дечкото вистина ми даде 500 ден. и јас имав ситно, но тие ми беа во план да си ги земам (украдам) па затоа му реков дека немам...Девојката немаше брчки, светлото беше ужасно па така изгледаше, а дечкото немаше мрсна коса туку лош избор на восок за коса...
     
    На Biny, slavica999, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  20. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Aбре срамежливоста не убива сите :rofl: