Да се приклучам во темава да ви кажам една случка за мене.Се случи одамна уште во средношколските години,имав еден другар постар малце кој воопшто не ми се допаѓаше а јас сум му се допаѓала,излагавме другарски,и еден ден ми рече спремајсе денес ќе те носам Охрид да прошетаме,да се напиеме кафе.И јас му викам Ок може.И стигнавме таму седнавме кафе се напив е,и ми викат стани да прошетаме покрај езеро,ај му викам и кога извади прстен,и то не веренички бурма некојаи ми вика Ке се омажиш за мене ? Јас никако во земја пропаднав и ме гледа зачудено еден човек тука си стоеше.Од срам ми идеше цело езеро да го препливам,да избегам некаде ,брукиНормално одговорот беше Не.После се налутил типот и од нервоза колата е скршил..Катастрофа
Ова е како човек може да се зезне и дефинитивно допишување и муабет во живо, посебно ова второто е најголем доказ со кој си имате работа, навидум супер дечко, муабет на фб, изглед (мада не ми беше толку битно да е убвец некој) се додека не излеговме на кафе и почна тема дека сака да прави куќа, иначе во центар живее дечкото, викам супер, вика да сакам во шума некоја планина, а викендичка викам, вика не не, таму ќе живеам ете ако нешто биде од нас, заедно ќе живееме хехе...... Викам ок село, ама зашто баш шума кај што нема ништо посебно, вика еј немој сеа и ти да испаднеш дека си една од многуте што сака град, вие што сакате град ве интересира само секс, пролазни работи... Викам, молам? Вика па што така е, викам ајде ќе станам јас да побараме сметка вика е што сега се навреди викам, зар не мислиш малце дека навредуваш, вика еј па така е ај признај ми пукна филм му се обратив со друг тон реков, дечко ти ако сакаш и на врв планина живеј, нема што да вреѓаш девојки од град што сакаат град, не ти личи како некој дебил да се однесуваш а воопшто не ми изгледаше таков и ми вика твојата фамилија сте дебили сите оставив пари и се вратив кај мојата фамилија дебили сите, он најголем
Ова пред две години ама уште ми е најужасен дејт Ме аднува дечко на инста а јас го прифатив бидејќи го познав(школски од основно) И ми пишува тука очигледно тој не ме познал и јас му кажувам и као се израдува ејј кај си како си итн Кога да се видеме кафе да пиеме .. И така јас го одбивав 3 4 пати..и еден ден ми пишува ..школске несакаш едно кафе да се напиеме...И јас на работа викам ..гладна сум во 4 завршувам денес сум слободна ако сакаш накај 6 /7 да се сретнеме.. Не вика ајде поарно на ручек вика ќе одеме штом си гладна...Ок... Доаѓа скоро 4 му звонам шо кај ќе одиме..Вика (врне дожд надвор) ајде вика помини земи ме да не одиме со 2 коли...Ајде викам.. Одам го земам ,одиме во ресторанот јадеме пиеме се ок...Доага сметка да се плати ...и тој си дава пари само за неговото.. И јас ја земам сметката ја плаќам цела и му викам абе уживајј не ке ја тенчиме за 500/600ден..не се ни понуди да плати хаха си оќуте И го носам дома после ручекот.... Значи се осетив ко права кавалерчина (Не е стварта за парите туку за манирите ) Впрочем се испофали колку многу пари заработувал како тој немал потреба од странство...каде незнаеше ни муабет да направи ко шо треба едно време си гледаше фудбал..ако го прашаш нешо ќе одговори... Битно навалуваше за да се видеме пак
Од негова перспектива состанокот е бил супер, си го земала/вратила дома со твоја кола, си платила ручекот ехее бомба хахаха
Толку убаво си поминал на дејтот што барал и пак па и како да не си помине убаво, платен ручек, малку фудбал викаш си подгледнувал, муабет чат пат да се пофали нешто и топ, си вика еј бе оваа супер е
Идеален дејт за модерен маж што сака принцеза третман. Ќе очекува пак нормално, и да му пишуваш секое утро "Добро утро убавецу".
Мене ме интересира само, дали му отвори врата да влезе у кола и да излезе? Ме изнасмеа сабајлечки. За “мушкарацов” браво, на место.
Немам сензор за срам,ама ова читам и се срамам сам од себе што прочитав ц ц ц... Како бе да викнам некој на ручек и он да ми плати,поготово девојка.... Па и да и кажам да ме земе да не сме иделе со две коли ауууу божееее господе. Абе Хитлер само ц ц ц... Срам за машкиот род. Па прв пат(без разлика кој пат,поготово прв) зимаш цвеќе,некој ситен подарок па и викаш пошто цел ден работиш и си гладна јас ќе те земам па ја носиш у ресторан класа а не прчвара и соблакаш палтото го поднаместуваш столот нарачуваш вино па и помагаш околу изборот што да јаде (пошто гладна е нели,сѐ и се јаде па да не погреши)итн итн... На крај и отвараш чадор па и отвараш врата од кола,а ти киснеш ко мачор ..... Ех бе што копуци ова денешниве