Абе и машките и женските се копуци . И мене еднаш ми беше се залепил еден таков . Доаѓаше со друштво таму кај шо работев. Па правеа многу цек, а овој ми се фалеше дека се он плаќал. И еден ден решив да му дадам шанса за да излеземе. Јас баш тој ден требаше да одам со една другарка до едно место, и он рече дека и он ќе дојде со нас. Си викав ок супер, бар нема да плаќаме такси туку он ќе не носи. И типот ни две ни три, ми вика да дојдеме да го земеме и него оти немал кола, он ќе не чекал на една бензинска. И ништо, го оставивме да си чека на бензинската, јас и другарката сами отидовме до кај шо требаше да одеме . Едит: ова сигурно му е бил негов најужасен состанок
Вие сте си мислеле да не плаќате такси, он да ве носи, ама се помешале работите кога и он исто си помислил вие да го носите да не плаќа гориво или такси.. Ќе било интересно ако сте отишле да јадете некаде и типот дошол со намера вие да платите, а вие сте дошле со намера он да плати..
Како бе може да не му е кеиф да и угоди на жена...па нека е и грда и глупа и незнам каква ,направи и момент да се почувствува убаво да те збори сегде шо срцка си,а не да те пишува по форуми шо ретарда си.
Ние отидовме да си купиме патики. И он сакаше со нас да дојде па викаше као ќе сме отиделе и на кафе после. Арно шо го оставивме да чека, може и бос ќе дојдеше, па ќе мораше и за него патики да купуваме Баш. Ама срам го убило, од тогаш не се појави веќе, другар му ми кажа дека бил многу увреџен
Јас плачам кога не го свиѓам типот. Кога го свиѓам оставам он да плати а јас нареден пат и ете повод за втор дејт. Инаку еден мене ме заборави на безинска бев до тоалет имаше гужва типов си наполни бензин и џомна изгледа ептен не му оставив добар впечаток.А,и он мене па ем платив ручек ем такси.
Se zapoznav so edno devojche preku instagram, poodamna beshe. Se dogovorivme da se vidime, nemashe nikakva vrska vo zhivo i na slikite, ne pagjam sekad na lepota ama beshe razlika den/nokj. Ne znaev sho da i kazham izmisliv kao ni doshle gosti doma i itno moram da si idam, nemashe ni pola saat.. mozhe ne beshe okej od moja strana ama katastrofa beshe cel dejt, razocharuvanje
Catfish? А зошто барем не проба да седнеш едно кафе ако ништо друго пријателски да ја запознаеш, онака лабав муабет... џентлменски постапи. Ама добро ти си знаеш..
Катастрофа си се испонашал.. Глупо е така ептен шо се претставуваат лажно, преглупо е, и тажно, али сепак, сори ама сељачко ти било понашањето. Бар да си ја испочитувал, после секако ќе ја одјебеш, и тоа е тоа. Никој со сила не те тера на било што.
Типот се напалил на лепотата. Ич не му било гајле за карактерот на девојката. Поарно шо ја откачил, ја спасил на време.
Тоа да. Иако вика не се пали толку на лепота, ама.. ете сепак се палел. Иначе фала Богу секој си бира тоа што му е привлечно, никој не го терал нешо да имаат, но понашањево бе, крајно мизерно е.