Јас затоа секогаш барам преку камера да се видиме па после во живо, не дека нешто преку камера е исто ама бар друго е кој ќе ти излезе во живо.... Мене еднаш еден дечко така ми направи, демек се супер и камера му уклучив ама кога се видовме во живо, почна чудно да се однесува и јас му реков изгледа имаш работа некоја а нема врска беше навечер и ајде демек ќе станеме после не ми пишуваше ништо, ниту јас му пишував, па после 4 месеци гледам порака од него демек што правиш а целта му било да сум му помогнела нешто преку мајка ми дека му кажав каде работи, го оставив само на сеен... Сметам дека, ако не ви се свиѓа некој останете пријатели, нема ништо лошо во пријател плус, а не така па уште кога видов ми пишал после 4 месеци за корист ДНО да останеме пријатели никаков проблем, ама вакво сељачки начин, нека хвала
Секој треба вака да прај ко тебе. На камера, па неколку слики, запознавање на договорено и стриктно на место кај што има многу луѓе. Значи да не биде тоа во некое паркче залутано на Водно. Вака некој или некоја да испадне манијакален, можеш да викнеш полиција, луѓе до тебе друго е.
Хахаха муабетот е дека подмолно е да се лаже со фотошопирани слики ама нема везе не се замарам И на мене пример да ми се појави некој со пивски стомак у живо а на инста да изгледа рамен усвет би фатила хахааааа Би се здрвила буквално би се исплашила уплав би добила.
Па као шо прочитав нишо он не ја навредил едноставно на културен начин ја откачил. Свака му част јас да сум ќе испаничам така ќе незнам што да правам ќе се исплашам.
Се слагам со првите 2 реченици, али ме изгуби со кавалерлукот да ти кажам, како од филм изваден. Изгледа многу филмови гледаш Ако копуците се еден екстрем, ти одите у друг
Па можда јас живеам у филм,т.е. јас сум стара школа и ние сме така учени. Не знам ти која генерација си и што ти е чудно,но секој со своето "школо" . Поготово ако прв пат идеш на дејт треба да се потрудиш да оставиш што боље утисак без разлика која е и каква е девојката. Ај послушај ме и пробај па ќе видиш
Така е. А не да ти зборува за фудбал, да се фали колку пари има, како неговите му купуваат се што ќе посака. Како он можел да ја има секоја девојка што ќе ја посака, затоа што имал пари. Често инсистираат на секс при првата средба. Ова ми се случуваше на мене.
Тие таквите мислат дека изживеаност значи ако имаш многу пари и ако со тие пари возиш добра кола имаш голем стан со викендица и патуваш низ целиот свет.
Дечкото беше влезен во некој филм. Дојде со мотор. Па фалби за моторот. Не сакам мажи кои мислат дека се некој и нешто само затоа што имаат пари.
малку ме копка, ако сакаш да споделиш, како воопшто дојде до момент да излезеш со таков тип? немавте правено муабет претходно?
Бев излезена со другарка и нејзиниот дечко. И тој дојде со негов другар. Да не сум била сама. Да сум имала друштво. Едвај чекав да си отидам.
Од никогаш не ми било јасно тоа наметнување на други луѓе, поточно машките сакат да земат другар за другарката... мислам то ми е нај глупото нешто шо постој.
На мене не ми беше проблем. Таман да си имав и јас друштво. Ама типот беше фалбаџија. Ме иритираат такви типови.
Тоа оти си досадна сесре, треба да си малце поштраки и да земеш да го дупиш, колку он поише се фали, ти тука поише го дупиш. Мојов мотор ваков таков онаков, абе бившиот ми имаше дукати, ама не сакам мотори, некако ризични ми се бла бла бла. Тие фалбаџиите пењават кога ќе почнеш вакви муабети да им праиш. Се што они ќе се пофалат, one-up, океј и јас сум лош.
Е ова ти е муабет на место. Јас пари им имам барано на вакви фалбаџии, па кога се фалиш толку, дај ми пари. Да видиш одма како замолчуваат и одма ги снемува.