Еј една другарка заврши со ваков момак, и тука го имаш господин “за се у право“, досаден од аспект на човек пун себе дури и кога и не треба. Баш бев на кафе со нив пред некое време и мислам дека 45 минути добив монолог за работи кои ги разбирам и знам повеќе од него, ама што да се праи, она него го бирала. Обично се тоа е кула од карти и да дувнеш летаат перја, ама не смееш да дуваш оти другарката ќе се налути. Не можам јас така оти не знам, не сум навикнат. И крајна поента, НОГУ ме нервираат оние со парите шо ќе истрчаат да се покажат, на кого курч му правиме во Македонија? На оние 70% шо се жива сиромаштија? И шо ако се покажеме? Мене искрено би ми било срам да се курчам со пари пред гладен народ.
Пишувавме едни добри 7 месеци, уште по пишувањето се гледаше дека е сељак малце, онака мирен, ама некако немаше понашање... Просто не знаеше како да се понаша, ама ај си реков да излеземе, оти досадно ми беше не за друго. Зима беше се сеќавам, дека беше ладно за да шетаме низ парк, седнавме во кафич, едвај најдовме место оти преполно беше и дојде келнер после 15 минути седење кој јас го викнав, оти овој дремеше ко слика. Келнерот ме гледа мене и вика шо ќе нарачате и овој како прле пред магаре "дај една вотка".... Јас кафе си нарачав пошто е fucking прв состанок... Нема врска, ја лигавеше таа вотката пола саат, се гледаше дека не му оди, дека спортист па не пиел алкохол (ако не пиеш што нарачуваш алкохол???) А, да не заборавам дека пола саат пред да се сретнеме ми пиша дека завршил со тренинг и дека ќе одел само да се пресоблече до дома, ќе немал време да се истушира, реков не е проблем среди се ќе почекам колку треба не е проблем и ми рече дека не било ред девојче да чека и кога дојде мирисаше целиот на пот Ми беше срам со кој седам на маса искрено, а и познати ме видоа... Додека зборувавме ме праша дали сум сакала да одиме на некое тајно место, не сакал барови и такви некои слични места, мирни места сакал, тогаш одма видов колку е саат. Кога дојде време да стануваме ме праша дали носам со себе пари оти немал доволно, а сметката беше некои си 200 ден. не ми текнува сеа колку точно, од што едвај чекав да си одам му викам "ТИ ЗА НИШТО НЕ СЕ СЕКИРАЈ, ЈАС ЧЕСТАМ", платив и магла да ме нема, право го изблокирав од сегде. Среќа што не бев затрескана во него.
Џизс. Јака ти душа, ова да ми го речеше немаше да има дејт воопшто. Како бе така не му е згодно немиен да оди на дејт, па уште и си кажува. Си избегнала куршум. Не ми се верува бе какви ги има, после ќе оди наоколу да кажува како женските пребирале многу и имале високи стандарди.
Е па жал ми беше да го извисам и си реков не е страшно да си човек (да мирисаш на пот де), ама не очекував до толку, не знаев дека толку интензивно мириса машка пот бидејќи дома сите сме држеле строга хигиена. Ми идеше да си ја ставам блузата на нос од таа миризба (да не речам смрдеа).
Тие не можат да се наречат мажи и се срам за машкиот пол И јас имам платено сметка да не се брукам пред келнерите што ме познаваа
Па страшно е да помислиш да излезеш на прв дејт испотен и не само на прв дејт, туку воопшто некаде, а не па да си дозволиш таков да излезеш. Ќе речеш млада душа, 10 мин да не може да одложи да се истушира, тоа е мрза, а не нешто друго. Што се нема по светов.
Остај тоа, ама па после некое време случајно коа се видовме мене ме најде крива за неговата температура после излегувањето, оти не сакал да чекам, излегол испотен на 1°C и после се разболел.
Дај бе кажете на кои финти паѓате вакви.цепеници што успеваат да ве изнесат. Преку колешка моја на забава се запознав со познаничка нејзина, навидум ок чупево ама поднапиено, си прајме муабет шо како, кој си шо прајш итн и флертува со мене ме допира по раце и едно време и текна ај да земиме пијачка, и реков седи ќе земам јас, дојде со мене. Слеговме долу и носам тоа шо сакаше на екс го испи и ми вели Јас и ти мора да напрајме нешто и ме допира за половиот орган во цела гужва. И колешката се кини од смеење и ми се извинува хаха. Ја држам културно да не падни негде, и по некое време се качи горе, си помислив да не и се лоши или,нешто и реков на колешкава абе појди види да не не и е добро и е во вц? Појде шо појде, ми вели не се секирај арна е си нашла друг. Хахаа
Дециметрите да не сакаше да пишеш? На погрешна тема си побратиме, најди си ја Да не ми беше досадно на никоја финта немаше да паднам, не сум глупава. Единствено треба среќа да имаш да налеташ на некоја шо и е досадно и сака да излезе, ама киксна ли еднаш на првото излегување, кикснато е....
На социјалниве мрежи те осипаат со љубов и внимание и ко ќе излезиш со нив гледаш дека се тикви тиквосани клошари И мене ми е ова десено , јас не знаев дека излегувале после ми рече абе мафни ја ајде ние да си се издупиме клошарана
Јас да сум во ваква позиција би си го платила само мојот дел. Воопшто не е проблемот во парите, туку во принципот и во однесувањето. Намерно да не земеш пари за да си ја платиш пијачката и да бараш другиот да ти плати е клошарски ментален склоп и сам себе се понижуваш за мочани 100 денари.
Не сите машки се исти... На пример на мене незгодно ми е девојка да ми плаќа. Увјек сум плаќал јас секаде и секогаш. Без оглед на сметката. На мене секогаш ми е битна дружбата и добриот муабет, тие се бесценети. Особено ако се има заеднички интереси.
Така е Ако не си се пофалиш сам на друг не чекај Најчесто на фб се симнуваат ѕвезди за на крај испаднува срам тежок
Џентлменство во минуссс, и замисли да се испофали на другар " браат излегов со една и ми плати пијачка "
А што мислиш не? Имаше еден се фалеше како бивша му му плаќала и бензин, и сметки во ресторан а тој ни денар не истрошил за неа... Којзнае каква сиротиња и глумел ако е вистина ова.
Немој вакви муабети, ми мава на карактер и се нервирам. Како е можно вакви пропалици и хоштаплери да успеваат.
И ти се жалиш што те фатила за половиот орган? Треба да си среќен. Сакаш да ду*иш, а не сакаш да те фаќаат. Кај го има тоа? Таа некоја многу храбра женска