Се договарам со девојка за на кафе за прв пат. Стигнав прв на договореното место ја чекам 15 минути ја нема и се јавувам вика идам за 5 минути, дојде со уште двајца дечки во глава ми дојде дека се сретнале по пат и ќе си одат но тие останаа, нарачав кафе девојката исто а дечкиве салати, скари ребра во фурни десерти алкохол... Седев 20 минути каде што никакво внимание немав од девојката а со нив цело време муабети. Кажав ќе идам до вц, отидов на шанк платив кафето мое и нејзино и исчезнав, после 2 часа ми се јавува кај сум бил, зошто ме нема, кажав дека имам работа. Она збесна, почна да се дере како ретардирана, кој ќе им ја плател сметката на нејзините другари сега, како сум можел така да си отидам, куп навреди и грозни зборови. Хахахах ја се згазив од смеа
Ми текна рандом онака на случкава, и реков ајде Старк кажи си како се имаш избламирано навремето. Ова ми се случи пред 8-9 години негде. Се допишувавме со една од мојот град ама живееше во Битола со цимерка ама за тој ден се договоривме да појдам Битола да одиме ПортаЏез ова она и да преспијам таму. Се поднапивме таму убо беше, јас и таа бевме, јас па испаднав и мангуп познавав една на шанк шо работеше и ми даде маса, беше вау моментот. Си ојме дома шо си ојме, муабети ова она, ај рековме ќе гледаме филм, пуштивме хорор филм, и таа демек се плаши нешто држи ме за рака, слушни како ми чука срцето, да ја допрам, а имаше големи гради , и јас улајот и реков досаден ми е филмот и се префрлив на каучот да спијам. И чупето нормално си замина да спие, сабајлето ко стана, ај рековме ќе појадуваме нешто, ми вели добро момче си.
Леле не си пробал да ја гибниш малку па јас налетвам на такви шо ке се напнат само да имаме нешто поќе.... Па недај госпо да немаме одма лути се
Затоа го пишав како блам од сегашна гледна точка, барем да фатев, дефинитивно најголемите гради ги имаше хаххаах, ама ништо, јас фатив си свртив грб и си легнав хаха.
....ок дечко се ,да скратам се уште сум под шок ,ми вика многу ми се свиѓаш ама не знам јас тебе дали ти се свиѓам викам ,па да баш чудно што долго време немаш девојка ,висок убав дечко ,се додека нешто се шалевме и не ми рече ..демек таман ,убаво што си сериозна ,утре ден ако стигнеме да се земеме ,имам две сестри омажени се ,јас со родителите живеам и ти со нас супер ќе ни биде ,викам како ? Вика ,па што во стан 4соби има две демек наши ,две како нивни ама нема врска сите заедно ќе бидеме ,јас и викав на сестра ми може кај нас да дојдат со маж и ,ама демек требало жена кај маж да иде ..глупости..за момент мислев се шали дечково ,додека не сфатив дека е сериозен ,која лудача би живеела со ваков !!!
Леле јас така еднаш платив сметка ,демек имал само евра и баш келнерите ме гледаа чудно у смисол ... женско плаќа и тоа е брука на некој начин ,нема кај да се бега кога плаќаш сметка на не знам ,"машко" да речам
Никогаш нема да сфатам како некој може да живее со различни генерации,ај ок привремено ама "мажи" со мама и тато ...не знам , не би можела па макар сама цел живот
Ок, да речеш знам дека е проблем да најдеме решение кирија или нешто слично ,мене ми засмета што дечково сакаше да живее со родителите,уште упорен па што ти сметаат моите ,да ги исфрлам на улица да не треба ...
Dobro e sto ti kazal uste na pocetokot, i toa e fer od negova strana. I e vo red da zivees so negovite no privremeno, dodeka se smestite vo novo zivealiste, no da ziveete za stalno.. ako ne ti odgovara otkaci go
Мојот најужасен состанок беше со еден тип што џабе имаше 30 години кога очигледно ништо не научил до тогаш. Неќам да генерализирам, ама беше оној типичен, закочен, ИТ инженер, можда и невин. Се договоривме да седнеме на кафе во еден маалски кафич, пошто надвор пингвини се шетаа, ама на крај нит седнавме ни ништо. Само пешачевме како бездомници, а времето 0°. Јас се тресев премрзнав, не се ни облеков толку дебело зошто мислев ќе седиме во кафичот ко луѓе. Неќев јас да бидам таа "ајде да седнеме човеку се смрзнав" пошто сакав да видам дали него ќе му текне. Прво си помислив сака да попешачиме па отпосле ќе седнеме. Ама ништо. Осет 0. А ја се тресам ли се тресам. Следниот ден болна паднав. Во живо муабетите беа толку плитки и површни, 80% збореше за колегата на работа (ништо чудно да беше геј уствари), а на чет даде сосема поинаква слика. Пробав јас да почнам некоја подлабока, посериозна тема, зошто важно ми е да дознаам како човек размислува на одредени важни теми пред да со губам време со втор дејт, ама џабе, тој упорно го врти разговорот за работата негова. Хаос. За некое не толку долго време реков ајде доста е, ладно е, да си одиме дома. Тој си тргна по свој пат, ја по свој, пешки. Нит понуди да ме испрати ни ништо, ме пушти сама да си пешачам до дома девојче, иако касно беше. Манири никакви. После тоа ми пиша, ама ја не знам дали уопште му вратив или му вратив нешто ладно, ама никад више неќев да слушнам ништо за него. Среќа се усреќив со прекрасен маж не многу долго после тоа.
Уште ако кажиш дека е од оние што одат по планини и лето и зима, ќе мислам дека истиот го имаме "дејтано". Во наводници пошто човекот ништо никогаш не покуша, на крај само се повлече бидејќи оладил (можи стварно си ја истражуваше сексуалноста). Ме имаше викано на едвај 5 степени да сме оделе на некое место в планина, јас не сакав. Мислам, сакам природа и сѐ, ама не во тој студ. Ама ептен тој несетен, зар не помислил дека ти е ладно и дека треба да седнете нешто топло да се напиете. At this point во таква ситуација би му рекла "абе ладно е некако, да не сакаш да седниме да те частам нешто топло?" па ако има малце осет ќе му падни незгодно. И после ќе се жалат од male loneliness epidemic.
Хахахаха ништо чудно, језда многу вакви типови има, во изобилство верувам. Пасивни и да ги влечеш ти. Ама дефинитивно и овој ми изгледаше како да си ја истражува сексуалноста. Јас иначе обожавам планини, ама ова беше низ населба аеродром, така да далеку од планини. Да кажеше ајде те носам на планина, па да донесе топло чоколадо или кафе во термос жешко и секако денски кога бар сонцето малку топлина ствара, јас може и ќе се израдував. Ама да се договориме однапред за во кафич и ја облечена убаво, дотерано и потенко и после пупу не важи... Богами штета, не знам дали е ова на глобално ниво ама јас од македонците видов одамна колку е саат. Сум имала и други безвезе искуства и све сум се изнаслушала
Да чекаш да испланира убав/интересен дејт и да ти речи те носам таму и таму, да се осетиш ко посакувана жена, денеска тука само на сон ми се чини. И мене некако Македонците не ми се мој тип.
Ова беше кога имав околу 17-18 години, бајаги одамна ама го памтам ден денес. Имаше еден дечко што ееептен ми се свигаше, постар од мене беше некои 4-5 години ама од глава не можев да го извадам. Искачавме на исти места и доста често го гледав. И ете некако бидна да се смуваме, се најдовме во парк и прво се прошетавме. После некое време седнавме на клупа муабети едно друго и се пољубивме. Бакнежот и не ме воодушеви нешто али ајде ок, фин беше. НО во еден момент се тргна од устата и ми го брцна јазикот во уво, ама онака се лапаше со увото. Јас бев во шок, прв и последен пат такво нешто да ми се случи во животот. Ми беше апла непријатно и се прашував зошто побогу би му било убаво тоа да го прави. Се видовме уште еднаш после тоа, си реков ајде може нема да се деси пак истото ама се излажав. И така
Шо прочитав? Нема соодветно смајли да претстави колку ме зачуди текстов, т.е. делот со увото. Секоја чест на храброста да му дадеш и втора шанса. Хаха, интересни карактери шетаат по светов.
На тие години отприлика, 18-19 и јас имав чудно искуство. Не беше дејт, ама во дискотека се шмекавме со еден тип цела ноќ. При крај на ноќта, се туркаше низ гужвата и помина до мене. Се смувавме веднаш, само што за жал тоа не беа бакнежи туку касање...ми ја грицкаше устата. Уште не ми е јасно што беше тоа ама од тогаш на крај памет не ми паднало да се смувам со некого така спонтано.