Па вака....запознав еден дечко на интернет и почнавме муабети ова она и ми рече му требало некоја книга од Правен факултет и јас да го услужам да му ја дадам и да пиеме кафе. Типот беше многу убав згоден се нај нај и муабетот ни одеше. Ми остави број кога ке бидам на факултет да му се јавам и да се видиме.. Ми заврши предавањето и му звонам и слушам како женски глас од таму, и јас се збунив викам ... ми треба и тој целиот да да јас сум....леле типот имаше премногу педерастичен глас , помислив девојка му ми се јавила...јас замрзнав... не знаев дали да се смеам или плачам исто како со девојка муабет да правам...дојде му ја дадов книгата какво кафе какви глупости да ме нема...
Eпа вака: се случи пред некој месец, дечково ми се јавуваше уште од пред 1 година, имаше она ама баш длабок и специфичен глас, што мислам дека нас женските тоа не привлекува, ми кажуваше како ме познавал, знаеше буквално се за мене, (таен обожавател демек), ми кажа се за него освен името, а јас пак неможев да најдам кој е, немал храброст да се сретниме во живо ова она и ај така се развлекуваше и 1 год само онака се слушавме, а јас буквално со странец разговарав. Една вечер одиме во диско со друштво...играме...излегуваме надвор со другарка ми и ми звони тел. се јавува тој, ми вели јас сум во твоја близина сакам да се запознајме конечно лице во лице, сметај го ова како повик за состанок( и истреска многу филозофии можи од возбуда), а јас се здрвив. Кажавме кај да се најдиме и јас нормално му реков дека ке ја земам другарка ми со мене и ок. Одиме на местото и чекаме..иди еден така со 8-9 кила вишок на него, со бркчиња, накоштрена коса, и јас си реков некој си таму, ке праша нешто и ке си замини, тој да ти бил тој, ми пружа рака и ми вели јас сум Тоше, јас сум тој ми вели,а јас готово, незнаев што да направам, другарка ми( и ден денес кога ке ни текни ја гушкам) рече: ние мораме да одиме дома, состанокот ќе го одложите за утре вечер и ме свлечка. После тоа одвај го откачивввв, единствено вредно во него беше името Тоше и гласот, друго се фалш.
Вака можеби и да не е толку смешно, ама јас си знам, бев до тебе, а фацата неможам да ти ја заборавам... хаха 15 минути неможев да дознаам за што станува збор
Слатко ме изнасмеавте, па ајде и јас да измамам една ваша насмевка Една другарка ме замоли да излеземе заедно на кафе а потоа во еден ресторант за да се запознае со еден дечко, со кој само си пишуваа на фб а сеуште се немаа видено. И така јас се согласив, дечкото дојде со 2ца другари и седеме на кафе се беше ок. Потоа кога отидовме на вечера ужас!!! Другарка ми излезе до надвор на муабет со дечкото, а јас таква целата останав да ги забавувам неговите другари. После 10-15 мин. муабет има што да заклучам...селјаци невидени иако ми доагаа од Скопје. Се дерат по келнер, чиче донеси 2-3 жути, а мене келнерот ме знае, во земја пропаднав. За вечера порачуваат црн чигер, а јас тоа не јадам и им кажувам дека мирисот не можам да го поднесам, а едниот од нив сечка од жигерот и ми става во чинијата. Ке паднев од мирисот искрено... капак на се другиот ги соблече патиките и ми вика женска нема да ти смета да ги излофтирам нозете малку, од сабајлево не сум ги собул патикиве. Леле луге жив срам, непријатни миризби околу мене колку ви душа сака! Неможев веќе да издржам, и звонам на другарката не ми се јавува , и пишувам смс дека ке ги оставам овие да седат сами, до тој степен се изнервирав. Среќа за 5 мин дојде другарката, а јас таква чурам, ги отерав во п.м. фатив такси и правец дома.
хаха . Се бевме договориле со еден тип да се видиме , и јас одам дотерана тип-топ а тој во тренерки, на ролери и со него понел другар и гоаѓаат прегнрати. А јас така бев пониска од него, па тој и на ролери. И седнавме на една клупа, другар му пред нас, ние седиме , си правеме муабет за училиште, тој мене ме прегрнал. Потоа дојдоа уште негови двајца другари и гледавме слики на телефон Не се не бакнавме, тој само што ме имаше прегрнато.А се сметаше дека ми е дечко !
Се запознавме на нова година, и очигледно беше дека се бендисваме Пишевме една вечер на фб и ми вика ај да одиме на кафе, и јас ајде, ај ми вика облечи се спреми се, ќе те земам со колата, и стигнува кај мене со колата и шо да видам, внатре и другар му, јас се изнервирав 500 , си се спремив, можи ќе се измувавме , другар му небаре ламба, која мајка ја бараше мене и ден денес не ми е јасно. Ај муабети нешто ова она, си реков сега му е мајката, ко ќе оди овај на цигара, ако не проба тој, измувај го ти , и ко за малер, не ојде на цигара, и така не падна ништо, тој па уста не затвори веќе, поќе од нас, а јас и тој само си се пулевме И така разочарана Ади си замина дома.
Adi888,требало да почнеш да флертуваш со другар му,па никогаш повеќе да не му текне да однесе другар на средба со девојка
Сега се сетив на нешто. У прва година, у интернат и попладне, имав страшна главоболка и легнав да спијам. Сум заспала јас, а цимерка ми со нејзин другар у меѓувреме тргнале за да пијат кафе кај нас. И влегуваат они, јас се будам збунета, и ајде Здраво -Здраво дрн дрн.. седиме тука јас препадната, главата ми фучи, они ми пуштиле метал рикаат тука дрн дрн, и јас си излегов на тераса. И иде типот, и седнува до мене и ајде муабет ова она, и излезе дека живееме у соседни градови, ова она овој го знаеш ли оној, и испадна дека си ги знаеме пријателите. И ајде дрн дрн и утре да се видиме тука сум јас, и ајде беше саем на книги, и му викам ајде до саемот ќе одиме секако има саем, па он предложи да седнеме у парк после тоа, и ја онака, супер, ама не ми беше намерава дејт, ни ми се свиѓаше дечкото, само ми беше интересен дека дружево така музика добра слушаше, и тоа само.. И одиме наредниов ден на саем, он ни книга зема да погледне ни ништо јас си гледам книги тој си стои.. И ми падна сумљива работава, и ај викам да и ѕвонам на една другарка за у парк оти и со нејзе пред една недела договорив му викам, да не излезе дека ќе ја откачам, а врска немаше и ја викам џенцкава, и стоиме таму пиеме вода у парк, јас пијам, он пие и она оди да пие, и типов ме фаќа за образи така сочно и и вика на девојката, шо викаш Мици, да си ја фатам ли за женска?! И јас така го гледам зачудено и му викам, јас и Мици ќе си одиме, ти после барај си друга женска. И се изнасмеа, не ме сфати озбилно ден денес така чат пат се гледаме кога иде навака со мое друштво или јас натака кога одам, па ќе се затекнеме, иначе.........
Хмм.. кога ке се сетам.. Бев 7мо одд... тогаш ми купија мобилен телефон.. и нова година славевме кај една другарка и сите насобрани.. и на една и ѕвонел непознат број па ајде од мојот ке ѕвониме и како испадна брјот ми ѕвонеше потоа и си правевме мубат и се договоривме да се сретниме со детето.. и јас едно комшика под рака и ајде во парк еден ден.. таму бевме договорени да се чекаме.. ,минам низ парк и сега ѕвонам бидејки видов едни деца си мислев дека е тој и така беше ама кога ги видов децата беа најголеми преваранти,багабонти,распуштени деца во градот.. и само низ парк извртивме и ајдее дифус дома да не нема А да имаше и др случки ама тоа со другарки еднаш на една и правев друштво да се види и сега додека они се муваа јас седев со др му и ајде муабет ова она и за одење дечкото од другарката вика ее вие сега нели сте заедно ке си бидиме 2 пара јас само го погледнав и фацата ми падна па на разделување ми вика ајде сликај не како се бакнуваат а јас сум многу страмежлива ама ај сеа да не кршам па кога почна да ја бакнува милев порно филм дека снимам уфф :/
Ии, вчера го видов типот пред пекара и дамла ме удри, одма на темава ми текна. Цел ден со другаркава се смееме на негова сметка, кутриот, инфаркт го трефна кога ме виде. Ќе биде подолг пост, оти ваков дебилизам накратко не се доловува. Епа вака децо. Тоа требаше да биде нешто ко демек врска, ама се сведе на само 2-3 најужасни „состаноци“ што некој воопшто може да ги посака и изрежира. Имав некои 15-16 години и се допишувавме некое време со лепотанот, јас - црпка невидена, тој бетер, и ајде се договоривме ко демек да се видиме. Ноември беше, чинам, оти беше прилично студено. Договорот беше да ме пречека пред школо, оти бевме различни смени, а јас бев втора и беше веќе ноќ. Излегувам јас, се потпирам на ѕидчето и чекам онака незаинтересирано. Кд одозгора иде Дунав. Ризик јак, мила душа, и да погинеш, колко можеш ќе се спасиш. Типов се приметува уште од 50 метри далечина. Беше накај 2 метри висок ко ништо, и кога одеше ѕенѕаше, подрипнуваше онака весело и со еден смешен полуосмех. Бонус - косата му беше удрвена и залижана наназад и имаше полупубертетски брк. Ко го видов од далеку, си фатив џадето надолу да бегам, кога ете ти го ми врти на мобилен „Не си оди, извини што доцнам, позади тебе сум, идам.“ Е у материну! Се завртов со една грев кисела фаца ко три лимона со лук да сум изела и од километар пружив рака само за да не ми се доближи. Ко ме повлече типов кон него, ко ме разлигави... Дали 3-4 секунди траеше, ама за мене беше вечност бре. И после тоа иде свечени моменат, ја опалува најјаката можна реченица: Стварно извини што доцнам, морав да се дотерам, да ти бидам убав, а и омиленава јакна ми се сушеше. Омилената јакна намерно ја испуштив во горниот опис, оти заслужува посебно место. Јакната беше подебела од оние монткине и беше дреч портокалова ко на комуналцине. Згора на тоа, тој милувал ракавите подсоберени нагоре да ги носи оти било пофраерски, а и топло му било вака. Абе лепотан! Пу, среќничка. Прошетавме 2 круга без 2 реда муабет и си ја опалив накај дома. Прво нешто што направив, се изгледав во огледало да не случајно ми излегол херпес, застанав пред шоља и плукав ко будала, па после испостискав паста, и, да не претерам, едно 10 минути миев заби, непца, јазик, усна шуплина, па дури и внатрешната страна на образите и кожата околу устата. После со денови го одбегнував типов, ама втор пат ме начека во небрано и морав пак да потрошам скапоцен половина час со него. И за тоа време ми расправаше зашто не сум слушала турбо-фолк, колку бил тапа физика и математика и одеднаш ми го зеде телефонот да пренесувал сликички, ќе ми го врател утредента, чисто колку да имал изговор пак да ме види. Ништо ај, нека иде кога пошло. Се вклучувам сабајлето на МСН, ете ти го цел накурчен ми пишува: - Мори циганке една, што ме лажеш ти мене? Јас 3 реда муабет му немав направено, што па сега го лажам? Ко ќе видиш, Ајнштајн ми нашол слики од Лима во телефон, си ги пренел, и по не знам која логика и при кои очи, се фалел по другари „Видете од женска ми какви слики имам“ Овие после му кажале која е, и сега ем шуто, ем се боде, јас сум му крива што е слепо и просто. Морав да го видам уште еднаш за да си го земам телефонот и нешто ми се избаци сум доцнела, па кога го подбрав, го отерав у 300 материне со секакви навреди и си појдов. До дома идеше по мене прашувајќи ме што ми е и извинувајќи се. Од тогаш, еве 5-6 години очи му немав видено до вчера, и кога ме виде, се здрви ко курац во ладна вода, наведна глава и чур да го нема. Уште си ја држи селската појава, пу пу.
Вашиве дешавки се смешни, али мојава е баш ужасна. Прва средно бев, среде зима се деси ова. Сите имаа дечковци, само јас пустата ни дечко ни ѓаол. Седнав на мирц, се запознав со еден доста постар - 30 годишен, таман дупло од мене. Ама дечково многу забавен, интересен, интелигентен муабет. И ајде после 2 недели куцкање по тастатура ми вика да му дадам телефон. Ми се јави, глас еден, ко радио водител. Се топев додека ми збореше. И ајде да се видиме... си немавме слики разменето, состанок скроз на слепо, само ми кажа што носи како ќе го познаам. Ја пицната микро мини, штиклица, крај. Ја во центар живеам и се чекаме на рекорд. Чекам ја 5 минути и пред автобускава се паркира едно црно колиште и искача човеков облечен баш така како што ми се опиша. Плави фармерки, бела кошула, кожна јакна. Лелелелеле си викам овој е... типов луѓе лепотан, висок, крупен, згоден, а една фацка Бред Пит да му позавиди. И си разгледува така типацов и ме здогледа и иде накај мене, а мене колена ми се тресеа. Човеков самоуверен, се чудам што правел воопшто таков човек на мирц. Ми пријде, ме праша со тоа гласот дали сум таа и таа, му потврдив и ми вика ајде да одиме. Мене искрено малце страв ме фати и се мислев дали да киднам, ама преубав беше, неодолив. Си влегов у кола и тргна он. Ми вика - имаш некоја посебна желба каде да одиме или јас да одберам? Го прашав каде он би сакал. Ми вика некаде на тивка вечера. Мене малце смешно ми падна, пошто мене ми се идеше во диско, али на негови 30 години претпоставувам дека диско било out of question. И ме однесе во Камник, екслузивен ресторан, ја не ни знаев дека постои. Тоа малце подалеку е од центар и се вози по така едно тесно патче угорнина во една шумичка (искрено ме фати страв малце, си викам кај ли ме носи овој). Али ете, ресторанот е стварно супер. Ја не ни знаев што да нарачам, па ми нарача он. Некое предјадење, па дивеч со винце (првпат во живот пиев алкохол тогаш) па десерт. Се осеќав ко кинеска краљица. Никад претходно ништо слично ми се немаше десено. Човеков правеше многу убав муабет и цела вечер ме гледаше со тоа шмеќерските очи и ми се смешкаше и имаше таков некој... мафијашки став. Мене искрено во срцево милион пеперутки ми леткаа. И бев пресреќна и мислев дека ќе се заљубам и едвај чекав да заврши вечерата и си се прашував што ќе направи, како ќе ме пољуби, па си мислев леле којзнае колку добро се љуби типов. И се беше навистина супер, ама на крај пресврт. Ми вика, имам тука соба резервирано, сакаш сега да одиме или малце покасно. И ја таква, за каква соба збори човеков... и така и го прашав: Каква соба, за што соба? Си се поднасмеа и ми вика: Ти невина си нели? И ја коа се раздрав тука у сред ресторан: ШТО ТИ Е БЕ НА ТЕБЕ!!! И овој таков смирен ми вика - По муабетите на мирц мислев дека си малце послободно девојче, ама мислам дека најдобро ќе биде повеќе да не губиме време. Ја во земја пропаднав ми дојде да заплачам, толку филмови си направив во глава, така фино се однесуваше цела вечер, толку беше се прекрасно... и ме уби луѓе, ме уништи сосема. Ме примети дека се скршив, одма викна сметка, плати, стана а јас не, си седам таква си викам... што ли беше ова??? И типов ми пријде и ми вика - Ајде ајде дете, да си одиме. Не не викам, ќе си земам такси. Ајде вика не се глупирај, ја со сила ништо не сакам, ама и време несакам да губам. Ќе те однесам дома, ајде станувај. По пат нешто памет ми солеше, ама не го ни слушав. Ја си фантазирав дека сум му нешто посебно и специјално, демек он постар, ја малецка и ќе ме чува ќе ме тинтра. А тој уствари бил ловец на курвичиња на мирц. После кога и да се закачев на мирц он си беше таму, али никад не ми пиша ни збор, ниту јас на него.
Секоја им понекој смешен или ужасен состанок, морам да напишам и јас ) да си ја олеснам душичкава - излегувам со тип кој ми вели “неможам без тебе да живеам„, конечно си викам и мене некој да ме сака ама јас наивна пуста јас!!! Излегуваме 2-3 пати онака на кафе, нормално ...лелел си викам, бравос, сака полека...лел да елеле јас в облаци..значи, немаше ни бакнеж во образ, ништо...а постојано ми повторува, сакам да сум со тебе, неможам без тебе... И конечно, ме викна дома кај него, ми вика-ке спремам вечера. Јас цел ден се спремам, депилација од главе до пете, секси долен веш, убаво фустанче, фризурче...абе мислиш на свадба одам....одам кај него, вечеравме, винце....ми вика ај на тросед да седниме, да го допиеме винцето... лелеее јас почнав да се препотувам....ауууууууу си викам, ќе бидне сега...ставам сјајче на усни, и седнувам на тросед....очекувам да седне до мене...тој на другиот крај....си правам филм, ај ке дојди до мене.... Си пиеме винце ние така...и си гледавме и коментиравме реално шоу имаше))) луѓе мои, неможев да поверувам што ми се случува....умира по мене а јас гледам реалити шоу ...си станав, си викнав такси и отидов. Ми се јавуваше да се видиме пак, ама не, немав сила повеќе да мина рам низ таа тортура, а него кутриот не му текнуваше зошто не сакам веќе да се гледам со него, уште размислува за причината !!!!!
Епа мојов не е баш катастрофален,ама од сите што сум ги имала најглуп.Излеговме што излеговне со тоа момчето,и ем што цело време така се досадвав уста тој не отвори ,па и надокрај додека чекавме автобус ми вика ела да ти шепнам нешто и јас се чудам си викам оваа некоја финта.И се приближва тој и ми го бакнува увото .Таа финта уште не ја знаев .А и уште една финта седиме во автобусот и зема со прстот ме бутка за половината и ми вика те боцнав .Дечиште ,а 2-3 години беше поголем.
Има повеќе ама еден од нив е овој.Беше тоа одамна во почетокот на деведесетите години.Во тој период немав никого и бев спремна дури и на средба од денешна гледна точка и со Боки 13 .Добро де не до толку ама ете пуста желба да не се биде сам.Тогаш првпат прифатив средба на слепо.Да напоменам тогаш немаше компјутери и ваков вид на комуникација,па дури и мобилните телефони беа поим.И ајде се јавува човекот да излеземе на вечера,ќе те чекам таму и таму со кола нели.Знак на распознавање- што ќе облечам.И се средувам јас најдобро што знам и умеам,излегувам на договореното место.И еве го типов со црн мерцедес сјае ли сјае.Е сега,малку понизок отколку што сакам јас,ама си велам подобро низок отколку глуп.И ајде отварање на врата од кола,мене тоа не ми се случило ни ден денес ,јас веќе потпаѓам си велам па можеби човеков има квалитети. Одиме на вечера нарачуваме ,разговор,ова она,Иако ми се чини се фали премногу, јас имам ова имам она, и во тој момент му ѕврцка пејџерот.Ми вика мора да се јавам на телефон,Во ред викам оди тој и се враќа за 5 минути целиот растревожен,мора да ја вратам колата ,итно му требала на газдата.И збриша човеков ме остави сама да си ја платам сметката После некое време се јавуваше полн со извинување дури ми прати и пари за вечерата,ама тогаш го видов и никогаш повеќе Имам полна корпа вакви глупости
Пресно е ова , добро сега не е ептен од Нова Година е Одам јас во гимназија 1ва година , 1ипол годиншна врска озбилно се и јас као демек зафатена Имаше еден фин дечко , не премногу висок за мене ама убав згоден упм.И јас го глеав некое време ама ништо не се осмелував бидејќи имав дечко.После одреден период раскинувам со тој дечко ми нетачниот и сега јас во потрага.И братучед ми учел со овој згодниов и ми вика абе тебе ептен те свиѓа (за згодниот) и јас абе ае . Не сакам јас , има уста нека дојде нека каже што преку тебе .Згодниот се здружи со моите ооооооооп кафенце.И на нова година тој иде да честита и ајде да се видиме на само , јас под доза на алкохол и си трескам глупости цело време и овој ми вика те сакам јас бе ептен , неможам без тебе да дишам и јас да не го разочарам во мене си викам што пуши овој бе , се знаеме 1 недела ме сакал.и седеме така 1 саат , 2 саати и мене ми скурчи и викам ебатти педерот што си и му се пуштив.човекот незнае да се бакнува а имал женски пред мене , сериозни врски и се тоа жив јазик не пуштувааааааааааа да му се згади на човек ... потоа пораки повици на секој саат колку му фалам бидејќи не е од мојот град а учи тука , дека едвај чекал да помине зимскиот распуст да ме види и дека ќе дојди овој викенд и јас цела таква ќе дојдиш ???????? и тој аха ќе дојдам и јас добро ајде морам да одам сеа и спуштив.Иде петок и ми се јавува јас дојдов вика и јас кашлам на цел глас на телефонот викам се разболев упм неможам и утре вечерта исто.Не сфаќа !! Потоа дојде пак неминовно беше мораше да утепам 1 саат со него БЕЗ ЈАЗИК ...... ииии потоа чув муабети дека бил со 2 додека бев јас болна и бев принудена да не изглегувам и го прашувам беше ли вели не и јас го оставам 1 недела да глеам како ќе се понаша.И ми пукна филмот му се јавувам му викам КРАЈ ПОВЕЌЕ НЕ САКАМ и тој се скапа од молење . И дојде после 1 или 2 викенди и јас накај 2 часот тргнав накај дома и тој по мене и ми вика абе чекај да збориме и јас абе немам што да зборам со тебе и овој ме фаќа за рацете и јас пушти ме бе , нема вика ќе збориме и јас му викам абе пушти ме ќе те удрам и овој вика НЕ ТЕ ПУШТАМ и јас фрааааааааааааааааааааааааааааас и му викам ае сеа чао и нека ти е јасно оти никогаш нема да ме видиш. и тоа е најужасниот состанок
Зашто ме потсети~~~!!! Незнам колкави бевме со другарките знам само дека бевме на екскурзија во Претор.Имаше до нас типчиња што тренираа теквондо и стварно беа убави,преубави.Се догоривме да се видиме кај езерото демек скришно и бевме 3 другарки тие 3 другари.И.. отидовме што отидовме,а типовите колку биле убави толку и глупави.И стоиме ние на мост,другарка ми на плажа а другата малку подалеку и типов ми вика -* МОЖЕ ДА ТЕ БАЦАМ? - викам ОК,МОЖЕ .. и он се врти накај другарка ми и вика НЕ БЕ ЌЕ ПОЧЕКАМ МАРТИН ПРВ ДА ПОЧНЕ (се смеам како нездрава) и ајде ок..и почна тоа прочуено мување и освен што ми ги скрши забите и ме излигави,после мувањето ме праша ОК БЕШЕ? и јас таква .. АХА .. и вика А МОЖЕ ПАК ДА ТЕ БАЦАМ? За да биде уште потрагично,си продолживме јас и Ивона со типците (искуството било исто кај сите) а Теди се криеше од тој како ѓавол од крст и глумеше дека спие цела екскурзија а он трча по неа.Одевме што одевме,прво Ивона раскина и типот плачеше,а јас го држам за рака мојов и викам ЛЕЛЕ ЗЛАТО,НИКОГАШ ДА НЕ НИ СЕ ДЕСИ ТОА..и после 2 дена..му раскинав..следуваше повторно драма и плачење,а после тоа му рекол на братучед ми ЛЕЛЕ БРАТУЧЕДКА ТИ ЈА СМУВАВ (и броел) ХХ ПАТИ
Не може да се каже најужасен состанок, туку најужасен дечко. Бакнуваше како миксер во устата, в`теше, в`теше тоа јазикот и на крај оп! лигата кај мене Сега озбилно.. Една вечер излегов со типот, и беше депилиран на нозете, а трегедијата беше што јас не бев Оскудација.. Имав за учење. На устата имаше сјајче, му пукале кожите Ме баци и без перде и усул, врти врти јазикот како миксер на тројка кога ќе упалиш И на крај, кога заврши со матење, ми се излигави во уста, он всушност не знаеше да си ја голта лигата па ми ја стави мене во уста Сериозно.. Изгледаше вака само поискубано на нозете
Најтазе.... ми местат тип, ај си викам што да се прави. Немач ФБ, па ај на телефон, после 2-3 слушања се договараме да се сретниме и пиеме кафе. Знак разпознавање - облека. Доаѓа типот накај мене, кренал фармерки до гради ..... лелеле мајкоооо прва помисла Одиме на кафе....ај пиеме што пиеме ладно нес. едвај голтам и се молам времето да пројде, пукнав од слушање како го возел џипот од незнам колку кубици со незнам колку км/час.....вриштам во себе.... Доаѓа келнерката да наплати и завршила смената....типот вади 80 ден (една 50 и 3 по 10 ден) стокмени од дома валда..и си ја плаќа својата пијачка .....шит си викам, кај го најдов овој кавалер на прв состанок - и јас идиотка давам 100 ден и и викам на келнерката не треба кусур ....за инает на баткава, иако уште се прашувам дали ми ја сфати поентата. Стануваме да си одиме ....и викам ај јас сега такси ќе викнам...е па добро ми вика, ете ми ја колата, јас со кола ќе си одам...а покана не добив да ме префли до дома! како и да е!!! И така одиме на кај таксито...само слушам прашање...собираш опаковки од цедевта за наградна игра?????? КОМААААААААААА ДЕЛИРИУМММ:::::::::::::::::: И на крај, е па ај ќе се чуеме ми вика..... Аха.....секакооооо, не бев достапна после и не сум веќе
Најужасен во мојот живот! Со еден "типац" кој не е од мојот град, прво на фб се запишавме, си разменивме броеви и ми рече ко ќе дојдам Битола ќе се видиме...се договоривме излеговме....па поглупа личност јас немам сретнато! Се некакви прости муабети ми правеше од типот на "шо бараш ти на факултет ти си женско женските не треба да учат, земи најди си некоја работа за 5-6 илјади каква била, поважно е мажот ти да си го гледаш дома" Па ми речее ај ќе те праам ресенска невеста АХА СИГУРНО :geek: Не знам ни како издржав еден саат и после гитла да ме нема. Ужас невиден!!!