Има машки што се привлечни а немаат ништо посебно пари или кариера. Не знам до што е али има вистина у муабетов.
Да, на тие години треба да си позрел, да живееш посебно од твоите и да имаш што да понудиш на партнер во потенцијална врска. Ама тоа важи за двајцата, не само за мажи. Не може да бараш од другиот и кола и живеалиште, и да плаќа на дејтови, а ти да си го/ја прчиш.
Да бидам искрена мене воопшто не ми е нормално жената да не извади пари. Јас имам мислење ако не сум способна да си го платам кафето или ручекот воопшто нема потреба да одам на дејт. Според мене ако некој ме покани на дејт, културно е тој да се понуди да го плати ама нема потреба да го плаќа и мојот дел. Јас можам сама да си го платам. Тоа не значи дека го омаловажувам или дека не сакам да излезам уште еднаш со него. Едноставно не сакам да се чувствува како да има должност или обврска да плаќа за се за да ме види.. Според мене ако двајца луѓе одлучиле да се дејтаат или да бидат во врска, треба и дваjцата да се финансиски способни до некаде. А не само едниот да плаќа за сите излегувања.
Не треба да се прифаќа друг да плаќа пошто ќе се чувствуваш должен а и многу машки а и женски играат на таа карта со калкулации, само тука нема искреност, или е контрола или искористување. Има машки што инсистираат да платат, "срамота" им е женско да плаќа али он друго си калкулира во глава.
Јас сум среќно мажена за домаќин човек што знае да ми готви најубав стек. Зборувам генерално што сум видела и што сум слушнала од други. А јас лично среќа не сум се плеткала со такви. Си имав стандарди. Така да нит трчам нит сум трчала. Да сум трчала по нив немаше да ги плукам овде. Ќе бев хипокритична. И не, за жал не се ретки. А да, ќе се сложам овде со тебе, допуштено им е од многу жени. Многу жени иако ја знаат реалноста сепак избираат да бидат со погрешниот човек. Ама ајде полека се будат.
Верувај ми, има многу девојки што ги ценат тие работи – работа, дисциплина, карактер, желба за растење. Oбично тие девојки и самите се такви – вработени, работат на себе, сакаат напредок. Можеби проблемот е во тоа што бараш девојка на погрешното место. Тоа е исто како да бараш жена на Tinder – не е невозможно, ама сите знаеме за што најчесто служи таа апликација . Смени го кругот на луѓе или прошири го, смени средина, и ќе најдеш некоја што ќе ги препознае твоите квалитети.
Читајќи ги коментариве многу старомодна се осеќам, што очекувам барем на првиот дејт мажот да е џентлмен. Нели тој што кани на дејт би требало да ја плати сметката? А тоа во преку 90% случаи е мажот. Сметам дека ако тој не можи да си дозволи еден дејт да плати, не треба да дејта. И да, не сум голд дигер или нешто слично, си имам јас обезбедено тоа што ми треба. И не е дека нема да го извам новчаникот за сметка, ама кога веќе си го рачуна тој само неговиот дел, поарно ќе ја платам јас цела сметка да не се брукаме. Ете мене не ми е океј 50/50 на прв дејт, нека сум заостаната за некој. После тоа зависи од околностите, не ми е проблем да си го плаќам делот. Имав долга врска каде во 90% од случаите си ја делевме сметката и тоа беше океј, и частев кога имав повод. Но еве досега од што сум била на кафиња, и оние кои два паметни збора не кажале имале доволно манири да го платат кафето. Не знам ете тоа е мој став, ако некој милува поинаку нека си прави, сѐ додека двајцата се согласни со тоа. Но првата средба мене ми остава впечаток за понатаму што би било, и ако не сака/можи едно кафе да ми плати од 100 денари, што да очекувам понатаму? Другари често не ме оставаат да си го платам кафето, што кога станува збор за партнер.. 50/50 ќе сме кога и тој ќе можи да носи и раѓа деца, вака не можи да сме 50/50. Правен е овој муабет еднаш на форумов во не знам која тема.
По кратко пишување, решивме да се видиме, се договоривме во еден училишен двор, јас имав 17 тој 18 Дојде со фичото од дедо му. Нема врска тоа Од страна на муабети,за на прв дејт, ми раскажуваше како со другарите успешно краделе часовници кога биле летото на одмор во Бугарија.
Замисли, сега девојката што вика бил најужасен состанок можела да се омужи за таков прекрасен примерок и да ужива у бунда од нерц додека пие коктел на плажа у некоја егзотика. Ах животе, сендвичу без путер
Имало тема ко за мене. Ќе ве поштедам од претходните трагикомедични ужасни состаноци што ги имам и ќе прејдам на последниов “состанок”, после кој ми треба малку одмор од машкиот род. Се запознавме на интернет, од ист град сме и имавме премногу заеднички пријатели па решив да му вратам на порака. Многу ми се свиѓаше физички, патем преемногу си личевме, буквално фаците ни се копија, дури и иста бемка на сосема исто место имаме, па си реков wow супер, сигурно универзумот не спои, судени сме еден за друг чим сме олку исти. Ме покани на дејт во еден убав ресторан во друг град близу нашиот, прифатив, па доаѓа денот на состанокот и го прашав каде ќе се чекаме, иако потајно се надевав дека барем малку е џентлмен и ќе се понуди да ме земе. Jokes on me. Ми вика па не знам кај сакаш, ајде ако сакаш ти земи ме јас ќе ја паркирам колата некаде и ти вози. Молам?? Не можете да ми ја замислите фацата во тој момент, доаѓаш со кола, ќе ја паркираш и ќе чекаш јас да те земам и да те возам? Океј, не е проблем за мене, ме чекаше принцезата на пат, го зедов и во моментот осетив некој непријатен мирис. После подолго време ми вика извини јас лук јадев може ти мириса и ти смета. Во нормални случаеви миење на заби и мастика ќе го решеа проблемот, но океј. Тргнавме, јас возам, тој седи равчепатен и ми команда, леле тука десен жмигавец дај, тука вака сврти го воланот. Стигнавме некако до ресторанот, и пошто не сакав многу време да трошам му реков дека јас ќе земам само пијачка, на тоа ми враќа аа сигурно си на диета, па ти не ни треба да јадеш, паметна си си хехе. Мислам дека не постои збор во македонскиот јазик кој може да опише како се почувствував во моментот, само сакав што е можно побрзо да си одиме. Во еден момент свртивме тема на муабет нешто за деца, му кажав дека најголема желба во животот ми е да имам дете и ми вика леле доста пошто сега одма едно ќе ти направам. Жими се давав се од себе да најдам само една позитивна работа во случајот за да си го олеснам времето, не успеав. Почнав да кенкам и да барам милион причини само за да станеме, као не сум многу спиена, утре рано треба да станам, па ај прифати и тргнав да го носам од кај што го зедов. Стигнав до патот кај што ме чекаше и ми вика ама не тука, сврти лево, ме испика низ едно претесно патче кое водеше позади објектот пред кој ме чекаше и ми вика тука сум паркиран, буквално пред кола го однесов, а од патот пешки му беше може 7 секунди. После некој ден ме покани пак да излеземе, смислив некој изговор да го откачам и ми вика па може и подобро пошто и онака сабајле лук јадев со чорбата, сигурно ќе ти мирисав. Не ме виде уште еднаш.