Adidas888 абе хехенцево ме насмеа и мене, ама алудирав на тоа зашо мушко шо живее со неговите на 30+ е мамино синче, деген, куровмиленче хехехехехехех у детска хехехех а истово за спротивниот пол не се збори
Влегувам во кола и ме прашува: “ти мириса на ново?“ Викам како мислиш на ново? И типот лабаво ми одговара: “епа нова ми е колата, затоа прашав, мириса инаку, само ти можда не осеќаш“. И така, се заврши уште пред да почне
Имам пишано еднаш. Сеа се сетив на друго. Ми раскажуваа денес на работа колешки помлади, па и јас се сетив на слично искуство. Излезена бев со другарки, во клуб. Запознавам типче, доаѓа надвор да пуши, и ми бара упаљач. А јас му викам зошто не пушиш внатре ? Дозволено беше тогаш. И нема везе правиме муабет, се договараме да се видиме на пијачка. Јас се дотерувам спремна, не знаев каде точно, па ставив патики со сако, ама ставив и штикли во багажник, за ако е некое по отмено место. И палам кола и тргнувам. Му звонам да го прашам каде да возам. Ми вика дека ме чека и дава насоки, таму сврти, после ваму. На пола пат ми станува сомнително. Ама ок. И на крај сврти вика лево и паркирај на паркингот. А гледам тоа кај некои згради, и викам ајде излези. Мислев ќе го земам да одиме некаде, типот лабаво ми вика горе сум во тој и тој стан на тој и тој спрат. Немав време за размислување, неколку секунди тишина и викам добро. Се качувам во станот, демек што има да бараме низ град, има за пиење што ми душа сака, почнува да вади, стварно имаше многу, од џин, вотка, виски, бакарди, коњак, узо.... да не набројувам. Ама јас цела стегната. Малце и се исплашив. Пиеме седиме и почнува некако да ми се приближува, па да сме се преместеле да сме седнеле на креветот, ако сум сакала да ме измасира. Знаел да пука шилци на грб. Одма ми се пали аларм во глава и викам морам да одам. И сеа сфати он дека ја претера, ама глуми и демек каде, што се случило. Ај да ме испрател до кола. Јас пробав културно да се извлечам и никогаш повеќе да не се јавам или да му одговорам на порака. Надвор на паркингот се почувствував малце побезбедна и реков само "чао". А он ми вика да ме бакнел, јас само се тргнав и отсечно реков дека си одам. Ми рече: "Чудна некоја си ти. Во овој стан знаеш колку девојки сум донел. Сите уште од врата ми ја влечат и ми ја соблекуваат маицата. Ти влезе, седиш, пиеш, си бегаш." И избегав. Ми пиша после тоа пак, да сме ја исправеле работата, да сме оделе некаде да седнеме на пијачка или вечера, ама бев "презафатена со обврски" тој период и се откажа.
Си требала да пресечеш уште кога ти рркол да се качиш горе кај него во стан. Одма се знае на што мисли. Барем машките за такви работи се провидни.