Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најужасен состанок

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 26 февруари 2010.

  1. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Ахахах сега ме потсетивте. Секогаш кога ќе ми текне на ова се смеам како будала :D
    Бев втора година тогаш и ајде една моја другарка од друго школо да ме запознаела со нејзин другар две години постар од нас, ме видел на слика и многу сум му се засвиѓала. Ајде викам што има врска, и он и рекол да ме праша дали може да му го даде мојот број, ајде викам добро и ми се јавува типов следниот ден во стил еј маче што правиш, јас многу зафатен ама за тебе има време, инаку кај татко ми во фирма цело време седам ги посматрам вработените и јас уште од тој тазговор бев ДАЛИ СИ СЕРИОЗЕН?! Неколку пати го исполажав за кафе ама ај после многу напињање се договоривме викам ај ќе одам, се надевам бил погрешен впечатокот од разговорот. И се договоривме да се чекаме на рекорд, инаку се имавме и на фејсбук, по сликите не ми изгледаше нешто нај нај, онака просечно... АМА сепак тоа било само по сликите за жал. И така си каснам јас 15 минути и доаѓам на рекорд што да видам. Еден тип со залижана коса наназад, со раскопчана кошула, златен ланец, кошулата пикната во фармерките дигнати скоро до под мишка и лакована ципела!! Реакцијата моја беше - скиме ја делим ваздух! Ми беше срам и од луѓето тука да се поздравам а не па на кафе да одам со него.. |( Таква стигам до кај него и само му подадов рака да не ми се доближува и уште ми вика срце касниш ама тебе би те чекал до крајот на животов. Јас бев како јеа рајт, многу гледаш филмови, само му кажав мразам патетики. Цело време мислев што да излажам немаше шанси да отидам со него на кафе и ај тргнавме демек за накај кеј да седнеме и ништо не ми текнуваше друго, неможев ни да се јавам на некој ни порака да пишам до мене висеше цело време и ај што да биде се направив дека си ја свиткав ногата и дека ме боли многу, и викам леле неможам ме боли вака кога стојам и вика па ај да седнеме |( Викам не не и кога ќе седам ќе ме боли подобро да се движам таман ќе си одам накај дома и ќе видам што е и таков не не да не е сериозно нешто и дечкото со цел памет ме зема во раце ќе ме носел во градска болница!!! Јас викам не не ќе си фатам такси ќе си одам, не, живи срамови подобро на кафе да седнев, ме носеше таков никаков низ плоштад сите гледаа уште повеќе, ме качи во такси и во градска на преглед и фала богу таму ми кажаа дека ништо не ми е, јас уште се правам ама не ме боли кога ја вртам и ми викаат девојче ни оток, ни модро ништо немаш, ако беше нешто одма ќе отечеше или ќе помодреше, и изгледа сфати што е работата само рече добро да си одиме, искочивме од таму ме испрати до автобуска и си отидов мислев готово се спасив. После два дена пак ме бараше не му кревав неколку пати и се откажа :D
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, thelittle17 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да го раскажам мојот најужасен состанок.
    Се запознав со еден дечко, се гледавме неколку дена,и еден ден ми рече дека за вечер имал изненадување, ќе ме носел на некое убаво место, дури ми нагласи и да не јадам претходно. :lol: :lol: Ај дојде вечер, јас дотерана до даска, штикла од 12 см. (а само да напоменам дека штикливе вторпат ги носев, и тоа од оние шпиц што се носеа тогаш). Се најдовме со идиотов, гледам и он дотеран, и си мислам брееее овој којзнае кај ќе ме носи. Ми вика ,,сакаш прво малце да се прошетаме???,, .Малце чудно ми падна,сега така дотерани да шетаме,ама ај. И тргнавме. Од Бисер па накај град. Стигнавме до Железничка,па до трговски, па по кеј, па накај парк, дури до Палас стигнавме... Си викам овој у Палас ли на вечера ќе ме носи...??? Изгледа сака да ме огладне добро,па после на јадење :lol: . НО, слушам ,,сакаш да седнеме на клупава да запалиме по една цигара???,, . Чекај бре идиоту, поминав 15 километри за да палам цигара на клупа у парк??? Му викам ,,што ти е планот тебе за вечерва,, а он ми одговара ,,абе ништо,онака си шетаме,,... Лелелеееееееее кога ми се споија жици, па кога фатив вреѓење, колнење, тепање... И секако налево круг, и ќе си одам.
    Арно ама јас бев без скршен динар у мене, значи пари за такси ЈОК. И пешадија назад до Аеродром. Ја одам, овој мајмунов трча по мене. Кои само маки ги истргав со штиклите...не би сакала да се присеќам. А плус и ладно беше...па така смрзната и со крвави нозе јас буквално летав накај дома. Мајмунов неможеше ни со тоа опинците да ме стигне. Едино на семафори кога чекав па успеваше некако да ми се доближи.
    Кога стигнав на едно 500 метри до дома, ДОЖД ме заплисна. И тоа не дожд, него олуја фати. Уште тоа ми требаше. Јас бев сигурна дека фатив гангрена на нозете. Мислев дека следниот ден ќе треба да ми ги ампутираат нозете од кукови надоле. Или барем стапалата ќе ми ги исечат. Кога заврна му удрив уште една тура колнење и шамарање, и така накисната, гладна,премрзната и со крв која се слеваше по моите нови штикли, КОНЕЧНО стигнав дома. Се осеќав како да сум била во Февруарски поход...
    Не ми ги ампутираа нозете, ама утредента имав неколку скапани нокти и рани насекаде.

    Аххх, барем една клетва да го фати од тие кои му ги смислив... Уххх магаре едно недоделкано...
    И ден денес несфаќам што беше поентата...дали у последен момент останал клошаров без пари, или беше нешто мрднат...Во секој случај он си го исполни ветеното: Рече дека има изненадување за мене, и стварно ме изненади. Тоа не го очекував никако.
    Дај боже пролив и кивавица во исто време да фати...Господ да го убие...
     
    На sweet&girl, stingray, thelittle17 и 45 други им се допаѓа ова.
  3. ripkata

    ripkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    68
    Мене најужасен состанок ми беше оваа зима .
    Со машково не се познававме многу бидејќи се гледавме само на поминување , тој работеше во еден супермаркет.
    Излеговме на кафе и првото нешто што го забележав кај него беа златните ланци на вратот и рацете. Без да сетам му се џарев во вратот гледајќи го ланецот а тој рече ,,шлифките ми се од бифшата , да не си помислиш не се капам,, јас ваква останав :o Мене ме прашува што ќе пијам јас му реков сок а тој ме убедуваше дека во зима требало алкохол за да се стоплам..Да бе , како дедо ми што правеше со ракијата ( демек заб го боли ) :D
    Работава нели беше да седиме на кафе. Е, типов среде бел ден виски си порача..Незнам што му беше филмов.
    Додека седевме ми кажа дека живее во центар. Јас си мислев пешки е дојден кога гледам пред кафичот паркирана колата , а на 2 минути од дома му е . Јако фраериште испадна :lol:
    И а , беше облечен во пантолони кои му беа малце куси и му се наѕираа чорапите од шпиц чевлите. :puke:
     
    На SURF, Sara123, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Woah, ги прочитав сите ужаси и не се пронајдов :lol:

    али со сигурност сеа викам дека ми е страв да запознам девојче и да го однесам на состанок :tmi:
     
    На soffce, ku4ence, Jordanovska-K и 6 други им се допаѓа ова.
  5. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Беше пред околу една и пол година,една другарка не запозна со типот,еднаш отидовме на кафе со друштво и типот сакал врска со мене,а и мене ми се допадна,не беше лош,тој ден бев втора смена на работа и се договоривме да ме земе после работа и да одиме да седнеме негде двајцата насамо демек да за да сум му дала одговор дали сакам да бидам со него во врска.И ок дојде типот ме зема од работа пешки по улица одевме 2 метри оддалечени и се чудам каде ке ме носи он ме однесе во едно паркче во близина,седнавме на една клупа он на едната крај,јас на другата крај,и цело време ми збореше колку била љубоморна неговата бивша и како го провоцирала сега со деколтето и миничот,и ме праша сега размисли ли сакаш ли да бидеме заедно и јас викам ДА и чекам да ме гушне или бакне а тој; значи сега јас и ти сме пар и јас викам пар сме и вика добро,и ништо не ме ни бакна,си одам дома и кажувам на другарка ми она се треска од смеа вели знаев дека е срамежлив ама не до толку,и после на втората средба ми вика абе знаеш ние пар а не сум те ни гушнал и ај ме гушна и дури на третата средба ме бакна :* ама што бакнеж ке беше еден лигав,мокар бакнеж па јазик сака да пушти леле кога ке помислам ми се гади :puke: :puke: ,си велам чекав ама дочекав,па ни за викенд не ме покани да излеземе демек изморен бил,"врската' ни траеше 3 недели и една вечер ми текна и му пишав другари да си останеме,и вика сигурно имаш друг затоа ми раскинуваш :D ,кога ке го сретнам низ град,слатко се смеам :D
     
  6. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    Пааа најужасен состанок ми се случи зимава, се запознав со еден дечко и тоа по моја иницијатива, ми пиша тој да излеземе да се прошетаме, а надвор мрзнеше и јас му викам ајде ке одиме на кафе, а дечкото очигледно не сакал на кафе зошто нема пари ама се согласи (ваљда незгодно му беше да каже не). И отидовме јас го прашувам сакаш ли тука или тука, како јас да сум машкото, влегуваме јас прашувам за место, седиме и цело време јас зборувам (да се разбереме по природа не сум зборлива со непознати) ако не зборував јас ќе ќутевме цело време, он само одговори и црвенее...Потоа секој своето кафе си го плати дури јас прва дадов за мене и го чекав него да најде... и на крај ми вика ке те испратам и јас као не не ладно е ке си одам со такси, а он не не ми е тешко мене не е ладно толку и јас ајде добро и одевме така пола саат и јас се смрзнав и му кажав ке си земам јас такси, затоа што можеби имаше уште пола саат за одење... и он као ајде ке се видиме пак. И се видовме среќа јас си фатив дечко до тогаш и он ме виде со дечко :D
     
    На thelittle17 и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  7. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски

    хахахаа учи што НЕ треба да правиш хахахаах
     
    На eloves и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  8. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Темава неможев да ја најдам во подобар момент! :D Само што прекинавме со другарка ми да си го прераскажуваме тој кобен ден. :D
    Се запознавме со типацов што се запознавме и по недела дена ме понуди да излеземе. Океј си реков, зашто да не, симпатичен е, здрав, прав, а башка во дадениот момент бев сингл и мирисав на очај. И се натегаме тука со пораки недела дена, јас прднав, јас мочкав, бла бла и ми препукна тука викам утре не планирај ништо ќе пиеме кафе. Во ред, ќе дојдам ќе те земам со кола :!: Веднага ми текна дека имав некоја работа низ град, му реков да се најдеме на закажаното место, малце дрско поради неговото арогантно настојување. И ко за беља, од нигде никаде, одам јас накај центар, почнува да врне. Па тоа врнење ли било, се истури. И стојам јас на постојка ко маче залижано, пантолоните ги цедам, во фацата немав храброст да се погледнам, во косата ко був, му се јавувам и ми вели во близина сум ќе одиме на друго место ќе те земам. Ми се крена сафрата, и еве го дојде по 10тина минути, а по реакцијата мислам дека не ме препозна. Како и да е седнавме на кафе што седнавме, луѓе секоја минута се повеќе се каев што излегов. Прво нешто дали многу се завруќи од мене, дали топло беше во кафичот, кога се распетла, веднаш можев да пресметам колку пари во месецот дава за протеини, а успеа да се пофали и со новата тетоважа на бицепсот. Второ муабетот беше толку плиток, во смисла, јас не пијам, не пушам, не излегувам, не се дрогирам, нели сум совршен? Друга работа, од музика српски рап и шабанарија, филмови-немам некои посебен жанр, книги-ретко читам, оно муабетот тука да ни остане. Анализирајќи не најдов апсолутно ни една единствена допирна точка со него. После еден час поминат во измачување и молење да заврши, во контекст на муабетот ме надополни со 'можам да приметам дека сме доста слични. шо си во хороскоп? :)'. До ден денеска се смееме со другарките за колку сме слични. Абе иди бегај кој хороскоп ми идеше да фатам да трчам по дождот, боса! :envy: И го испивме кафето, ја платив сметката одма без многу приговарање, и си одиме накај дома и одма тука се користи прилика да ме повика нели на втор дејт, кој ќе беше уште покобен, за жал не успеав да одам со него на Елитни Одреди, баш испит имав тогаш. :( Ме остави типот пред зграда, трчанката да ме нема, поздрав и се најубаво!

    И факт е дека убавина со сила не бива, не е доволно да има симпатични очи и насмевка, му треба многу повеќе, ако духовно не ме задоволи, не успее на ме насмее, да ме заинтригира, се е џабе.
     
    На Elen4e_sonce, LittlePinky и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  9. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    охх... :/
    се знаевме една недела можеби со господинот и ајде да излезиме...океј...
    излеговме на кафе, па на јадење, па во слаткарница...испадна џентлмен демек се плати арно ама во тие 2-3 часа - муабет 0. Абре не знаеше што муабет да направи...нз..ко мали деца...и на крај уште ми вика "срце со кој си одела пред мене?" демек јас веќе женска му станав??? боже боже.... Ужас!! :worried:
     
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Другар нема зашто да ти е страв,подобар е лош состанок да имаш,него да останеш сам,тука е тој комплекс кај машките ако некоја девојка те откачи,назначи дека ти помалку вредиш,тоа ти е предизвик за уште повеке да работиш на себе и своето понашање кон девојките. ;)
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Ова ме потсетува на вицот:
    Како црногорец се пушта на девојка?
    „Џевојко, ја се теби свиџам.... а ти мени?“
     
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Епа и јас имам еден..не е најужасен ама ете
    Се запознавме со еден преку еден мој другар и напна ме адна на фб па да излеземе па да излеземе. и една вечер ми пропадна планот за искачање и ај викам ке идеме ама само на една пијачка пошто сестра ми ке ме чека низ чаршија. и ај искачаме и го чекав до 11 зошто чекал колата да му ја донесат, пошто иначе не може да се качи во такси или во автобус разбираш нели?! и ми спука викам јас искачам цел саат те чекам не можам више и он добро добро ај идам и јас. и си се качил во такси се чекаме, јас го чекав се разбира!! и излегол типов со женска на состанок прво нешто што ми рече ејјј колку сум нервозен? зашто?! па сестра ми ја земала колата ме остави без кола абе нервозен сум..
    И ми вика договорен сум со друштво демек во Дамар. викам сеедно ми е (стварно сеедно ми беше) и викам нема врска.
    и типов:таму викаат многу педери иделе ама јас незнаев. ти смета?
    и јас : :^) не
    и правиме муабет повише со другарму (кој инаку беше педер) - (без навреда, ич немам предрасуди) и другарму живее италија, студира дизајн.. и јас викам ај ке ти дојдеме на гости
    и типов: со кола ке дојдеме брат, и ми се врти и вика абе знаеш јас колку километри имам поминато со колата?!
    И јас: а знаеш јас колку километри имам поминато со нозете?! и фатија да се смеат а јас заедно со нив а овој исто демек хаха ја сватив шалава..
    и испив виното и викам ај јас идам. и он вика како да платам само за нас? јас викам ке видиме бе. и он а чекај имаш ти ситно? пошто јас немам, ке купам од трафика нешто и ке ти дадам. Викам немај гајле, ја платив сметката и гитла..
    и послем тоа ми пишува демек ааа кога втор состанок?! демек се се договараме ништо од тебе

    Како да му кажам на типот?! му викам си фатив дечко АААаа добро :lol:



    Еден друг ми дојде на свирка и зјапа вомене ама признавам типов скоцкан многу симпатичен и посебно ме изненади кога ми го нашол бројот и демек ај ке излеземе..
    и кај кеидеме? викам ај арабеска и седнуваме јас се поздравувам со келнериве аууууу многу позната нешто ова она. седнуваме и јас викам ми се јаде топло-ладно и типов а имене.. и ни носат топло-ладно и типов кога мавна едно јадење абе од устата само му искачање јадењето, мене ми се згади моето го оставив викам толку не можам више он едно мљацкање до немајкајде..Добро дечко кај ти се манирите?! и ми збореше како само он имал ајфон 5ка и дека сите алишта дома му биле скоцкани инаку не влага и декапатиките никогаш не му се десило да му се испрљаат и дека утре ке идел за солун само онака да направи шопинг и дека имал јакни дома што ги купил и никогаш не ги носел.. и да погодивте, и на него му кажав дека имам дечко итолку хаха :lol:
     
    На Elen4e_sonce и Milobebence им се допаѓа ова.
  13. altar

    altar Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    25
    Ја викам тебе да те фати некоја клетва требало.
    Идеш на вечера - не носиш пари.
    Очекуваш истиот тој, така дотерана за на излог, да те шета, напои нарани и истовремено испрати со такси до дома на негов трошок. А ти него? Злоставување на мажите од прв степен!
     
    На tinka-mace, Regina.Phalange, Stressed Out и 22 други им се допаѓа ова.
  14. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Окееј еве мојот дизастер дејт...
    си пишеме на фб кратко време и ајде да сме се виделе..
    а и стварно убав тојј.
    И се договоривме и вели само пази да не се заљубиш на прв поглед..
    Лелее реков ее па толку ли си убав.. и ништо..
    кога се видовме се ок убаво облечен и седнавме нарачавме и почнавме со муабет.
    И рече еве ке ти кажам нешто за мене.
    Кога почна со прашања...
    како ми стојат панталоните..?Што мислиш за блузава?Косата добра ми е?
    Леле јас не знаев што да правам..
    понекоее време рече ке оди во вц, и ајде отиде и се врака.
    И започна да удира по маса дека немало огледало ..
    Си мислев ахх кај се најдов ајде јас имав едно во ташна му го дадов и мало било .... неможел да се види.
    Реков само толку можам да ти помогнам.
    Па не бевме ни дојале побара сметка ке одел на друго место. Јас си платив и ме снема. Па на фб прашува како било како


    ми се свигал и рече на другиот пат треба нешто повеке од денес.. јас фо избришав го немам повеке
     
    На Elen4e_sonce и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  15. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Деноноќно си пишувавме со едно фраеришЧе на фејсбук. И другар му си ја бендиса другачка ми, виде - не виде, рече да сме излегле да прошетаме, како парови на најдобри другарчиња. Излеговме што излеговме, седнав на една клупа, дечкото седна, а додека другаркава и другарот заминаа да купат нешто. Ќутиме. Штама. Го прашувам нешто ми дава конкретен одговор. Освен ДА и НЕ, не чув друго. Ах си реков, со тебе ли ѓубре си пишувам јас на фејс?
    Си почнав да ги бројам гранчињата на дрвото пред мене и одеднаш се свестив дека типацот од другиот крај на клупата дошол до мене. Прилепен. И ми вика - А што викаш јас и ти да си се мувнеме ? И му пратив поглед :^) . Веднаш се врати на првобитната позиција и не зуцна ништо повеќе. И подобро, ќе ми сметаше во броење гранчиња.
    И незнам дали е некој дејт, али ете, дечишта сме биле, сме се ветрееле бетер од ветрушки.
     
    На Elen4e_sonce и Skyfall им се допаѓа ова.
  16. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Хахахаха!!! Кога ќе ми текне, прва година средно, учев во друг град и еден дечко стварно ми се свиѓаше. И испаѓаме на кафе, точно на Валентајн и се во ред, муабетот одеше на почетокот, ама после почна да фаќа кривни. Почна дечково да ми кажува на колку места биле кумови, за дома, почна да кажува за другарите како се однесувале со женски, некои фрик муабети. Јаготката на шлагот беше кога ме праша дали може да ме бакне... |( После не испаднав веќе со него, контактиравме преку смс и ми се налути зошто не сум му го честитала роденденот (ми го напомена роденденот уште на состанокот) :x
     
  17. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Како тоа мене ме нема тука :o
    Се допишував со еден тип на фб, и ајде да се видиме. Го почекав типов 10тина минути и доаѓа, среден, намирисан абе абе... :inlove:
    И типов као извини што ме почека, ми каснеше комбето. И јас :geek: океј, не сконтав одма што е работата. И му викам сеа кај на кафе?? и типот па јас обично Кај Иге идам (тие што се од пп знаат :D ) И јас ... ајде бе Вирус и тој океј таму нека е. Седнавме што седнавме, добар муабет си направивме. Дојде келнерот и типот ќе пие цевитана :D Океи нема врска. Донесе келнерот и кога почна да објаснува со раката ја турна чашата хахаххахаха и мене фармерките утоп :sweat: И ми вика леле извини ќе ти дадам палома. Океј фино сето. И јас најнормално да соберам срчите од масата на едно место, се исеков. И бидна што бидна ајде да си одиме, а мене прстот со паломата завиткан и со многу многу крв. И типов ми вика знаеш ли што да направиш со прстот, ми кажуваа кога бев помал. И јас да знам мама со алкохол ќе ми го исчисти. И тој не не не каков алкохол. Дома кога ќе појдиш измочај го!!! И тоа на сред центар еј луѓе!!!! И ништо си отидов јас дома, и типот по некое време се става и ми пишува како ми бил прстот и дали сум ГО ПОСЛУШАЛА ЗА ЛЕКОТ :!: . Ајде на делит јас си "фатив" дечко. И тек подоцна разбрав дека типот е од село (не сакам никого да навредам) и затоа тој седел "Кај Иге " на кафе и му доцнело комбето :D
     
    На Manchy, Valerin, BelieberYeahh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    кога бев со бившиот на прв состанок ајде прифатив што прифатив да одиме во приорити на тоа танчерките отидовме седевме сто седевме си правевме муабет типов се напи малку повеќе скрши чаша во рака и од таму во дрпжавна на шење
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.106
    Допаѓања:
    12.838
    И јас да си кажам. Се договарам со еден за на кафе, не го знам човекот, сме муабетеле на фб. Ми вика да ме земе од дома. Го одбив глупо ми беше, што има комшии да го гледаат ме собира од дома кога јас не го знам лично. И седнавме на кафе, он ме уби со патетики, со семејни проблеми. Почнав да го жалам. Пошто видел слики на фб дека шетам, сакал да резервира маса да ме носи на едно поелитно место. Ма не бре тргнувам ли јас да се возма на 30 км со него, првпат го гледам во живот. И таак од што ми се жалеше, цела историја ми ја раскажа, па како имал долга врсак, на девојката шамар и удрил , ама во право бил. И оттогаш ни на фб ретко му пишувам, се ме вика на кафе, се чуди сум се исплашила од него.
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Aries9

    Aries9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    43
    Пред две години..знам лето беше,сонце пука ли пука.На фб муабети ово-оно со типов,сладок беше и ај на кафе ќе идеме.Се чекаме у центар на рекорд.И типов доаѓа коа го видов кепец глава понизок од мене ми идеше првиот автобус што е тука да фатам магла.Доаѓа да се поздрави туп у уста дечкото,па кај низок на прсти се крена душиче :D И ај на кафе,нарачуваме нес.Муабетите беа што татко му работел,каква куќа имал и 300 глупости.А да :!: се мислел какви патики да купи дечкото дали од најк 100 евра или некои од незнам ти каде :puke: (БЕГАЈ БЕ!!! у себе си викам)и ај баци ме у образ, и ја ае..леле кога го бацив коа ми дојде нешто солено :puke: грдо...тоа потта да му било (ваква бев у фаца :drunk: ) ууу ми се згади!!И викам морам да идам :wasntme: Вика келнер за сметка и му кажува цена..типов брца у џеб и вади една скисната 100-денарка и ситнурии и вадам јас пари,додавам таму и џомка да ме нема,овој иде по мене вика ли вика..А јас чаоо се брзам,морам да идам :hai:
    БОНУС(од сељачиштево)
    Ме замараше да се видиме пак и пак..и виде дека не пали..па почна патиките да ми ги оговара и да ми ги вреѓа :fubar: разни гомна почна да јаде.Мене тука филмот ми пукна коа почнав Циган еден небањат,со згужвани,смрдливи 100 денари,па уште за моите убави патичиња ќе ми збори (многу си ги сакав си ги купив со првата плата! :!: :swear: Го убив од пцуење и вреѓање Сељак! (среден прст)
     
    На Lolo5, Sara123 и Trendafilka им се допаѓа ова.