Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Најужасен состанок

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 26 февруари 2010.

  1. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Да беше еден, добро ќе беше.. :doh:

    Трет состанок со едно дете,баш симпатично, висок 195, крупен..демек многу силен..
    Идеме накај колата негова да ме врати дома, и почнува да врне и да сева...Јас стварно сакам дожд, плус лето беше...Ама детево-кога почна да трча,ита напред ехее 10 чекора пред мене..Ја го довикувам, као почекај ме, неможам со штикливе да трчам..А он--абе ајде побрзај, гледаш врне, ќе почне да грми...Душичка, жив исплашен...И ме остави, демек-чекај тука, сам ќе отрчам до колата..И ден денес му се смееме по дома кога врне и грми..
     
    На DjinTonik и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  2. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Аааааа па имав еден и тоа пред некој месец се пишуваме некое време дечково убав згоден вака по пишување ми се виде културен паметен.Јас загреана што да ви кажувам :).И така една вечер ме убеди ајде ке одиме на кафе и јас ајде.Доаѓа ме зема од дома и нели официјално се запознаваме и сеа кај ќе седнеме ај таму у таму.Луѓе значи седев ко на трња у кола значи кај ќути и додека вози ме гледа под око од глава до пети ко неарен, ми беше незгодно дури да седам.Ај стигнуваме на кафе аууу кога почна муабети каква куѓа имал мајка му што работела ми кажува татко му сестра му ми се испофали колку земал плата си се изнакажа се и кога почна да ме испрашува моите кој се што се кај работат луѓе прашањата му беа од моите па до шесто колено за мојава фамилија.Врв беше кога погледна во саатот и ми вика аииии 22:45 кај и да е мајка ми ке звони иначе дечково 30 год.И му викам зошто да ти звони да не имаш работа ми вика не бе него касно е кај и да е ќе звони да ме собере дома ептен е поврзана по мене мамино галениче сум..Јас ваква :x :o па уште ми вика што се чудиш какво време дојде се грижат не се враќам касно дома.И тогаш си реков а јас никогаш веќе со тебе.И толку беше уште ми е пријател на фб ама никогаш не му враќам кога пишува
     
    На sweet&girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DjinTonik

    DjinTonik Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    110
    хаха оф топик е ама ме потсети на дечко ми зимата во најголем снег на планина шетавме и одат таму далеку позади нас некои селани со кучиња и ја му викам ај да се вратиме види кучиња идат и он ајде и кога фати да трча накај викендицата и ја викам по него ако ајде остави ме мене нека ме изедат кучињата што ти е гајле, а он мака си нема.... и после кога го стигнав му се налутив квалитетно и не му зборев (а он се правда демек мислел дека сум се зезала за кучињата, дека он не ги видел, а јаден он се ус*а од страв) :lol:
     
  4. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    хахаха...
    ме потсети на едно далечно време...
    се видовме со едно дете и седевме кај едно фудбалиште... абе цело време ми зборуваше за бабиму за коњи за некој ѓупчиња па незнам шо јас буквално ќе заспијав што ме интересира мене за коњи и за бабиму колку пари му давале или незнам шо праел таму со нив?
    за среќа дојдоја другариму и го заберија немав ништо со него ама можи после уште две години ме трујаше...ама јас случањо после 4години се фатив со еден од другариму шо беше со него... тогашсо овој не се запознавме оти сам дојде закочениов... сега кога ќе се сетам си мислам која будала сум била :worried:hock: :headbang:
     
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Пред состанокот, јас и типов бевме другари. Не кој знае колку блиски, ама ете си го имавме муабетот, во исто школо учевме, така да секој ден се гледавме. Јас знаев дека ме свиѓа бидејќи не испушташе прилика да ми го шлапне тоа во фаца, колку сум му била убава и колку му се свиѓам |(
    Ама јас ја вртев работата цело време на шала, одма мењав тема од што ми паѓаше незгодно. И он дека знаеше дека сум срамежлива најверојатно мислел дека и он ми се свиѓа ама срам ми е да му кажам или да превземам нешто. И еден ден ме намоли да искочиме на кафе. Иако се гледавме во школо секој ден, ниеднаш до тогаш немавме искочено заедно.
    И ајде не знам како ни сама, се согласив. Искочивме, седнавме во едно прилично збутано кафуле, каде што нема многу луѓе :^)
    И прво почнаа муабетите да ме прашува какви машки сакам, што барам во машко, зашто тоа го барам... и јас намерно, се спротивно од него му одговарам. Тој плав со плави очи, јас му велам ЦРНИ САКАМ, СО ЦРНИ ОЧИ, ЦРН ТЕН. :D Демек да сфати дека не ми се свиѓа. И оп троп, типов зема у сред кафич да ме скокотка :^) Зашто? За додека јас „рипкам“ од што ме скокотка, он „ненадејно“ да ме баци! |( Ај тоа, ама ме утна. Во нос ме баци, ми го залапа носот. :D
    Јас таква се тргнав само и го погледнав со еден поглед What the fuck...? Мртва озбилна, ич не ми беше до смеење во тој момент. :D
    И океј, изгледа си сфати. Ништо пак не проба, се додека не ме испраќаше до таксито, додека се поздравувавме ме залапа. Јас само го тргнав, му реков дека се брзам и си влегов во таксито.
    Само што ми тргна таксиво, ми стигна СМС порака на телефонот: Преубаво си поминав, едвај чекам следен пат да искочиме.
    Што збориш море? :D Каков следен пат, какви бакрачи? Нема такво нешто :D од тогаш навака се правев за да не се сретнеме во школо, махер станав во избегнување :D
     
    На Elen4e_sonce, Milobebence, ku4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    . :sweat: ...не се имавме видено 1 година одржувавме само повремени контакти на емаил и пораки на тел,и се запна чоекот морам да те видам ...ајде ок,дојде по мене,јас уште одма ладна како камен,не реагирам на муабет,стварно го осеќав како странец,и одма вози на паркинг,јас мислев ќе одиме на кафе или вечера,се обиде да ме бакне,и јас пукнав...како можиш вака после 1 година,нели треба малку да разговараме,да расчистиме шо и како ни се случувало ова време,и го прашав ако дојде само за с.. ајде ке се изе.... и да не те видам поќе....леелел и тој ми вика да сакам с.. со тебе....и стварно беше само се.. без чувства само движења и воздишки...ок после некое време јас викам одам дома,тој не ме пушташе,,и останавме цела ноќ гледајќи ги звездите,и ќутевме цело време ....не ме пипна пак и сабајлето чао,чао.....утредента се скапав од плачење....одтогаш не сме во контакт ,,, :yawn: ,.....
     
  7. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    За моево што ќе го кажам малку сум јас крива, но така мораше да биде.
    Ова период 4та завршувавме средно, незнам дали се сеќавате имаше еден сајт како фемина само гламстик се викаше. Читавме нешто со една другарка за да ни помине време и наеднаш на почетна гледаме некое машко направило акаунт и бара девојка.А јас и другарка ми сингл и викаме ајде да видиме, онака колку да си потроламе малку, па читаме 2ца типови бараат девојки од Скопје биле.
    И тука другарка ми вика ајде мори да се видиме, а ја тој период несакав врска туку викам ајде ќе се поладам малце со нив.Во Скопје седев тој период, ама ја нема да сум јас ако не сум комплицирана поготово кога станува збор за очајни.Ни дадоа фб, но типот не ја засака другарка ми, а другиот беше ужасен, уште кога беше потпишан името па нешто ГаЗда, Мафиа, маАфака, ми стана јасно дека ќе биде сељак.А имав тогаш симпатија со кој што имав шанси за некогаш, па викам ајде се у тајност да биде.Ме замараше типов на чат беше толку прост, ја па и број му дадов и викам ајде од еднаш да се видиме не се умира.И дојде денот да се видиме требаше јас да идам сама па ајде викам ако ништо друго едно кафе до центар и онака нема да е лошо.Се беше убаво само што К од кафе немаше.
    Типов преку 66553145 пати ми се јави до каде сум и ме замараше, а за да биде уште полошо со другарка ми кажавме дека сме од Велес или Кочани некој град натака беше за да не дознаат за нас и да не кажуваат дека се со нас.А ја знаев само Бугарски, не ги знаев другиве како да ги вртам.
    Ајде тоа некако помина ама овој вика на рекорд ќе те чекам, а јас живеам далеку од меѓуградска, во друга скопска населба.И така ајде викам ќе извртам до Влае, од таму ќе фатам за од другата страна, требаше да се чекаме во 5, а типов од 3 саат таму.И стигнав некако и кога го видов срам ме фати која разлика бевме.Беше многу грд и ги имаше симптомите на сељак.Па уште кога почна да се пренамага како Скопјаните нешто се врвот, он е најбољи, па уште пред мене вика дека мразел металци (Незнаеше дека маичката Dark Funeral е металска изгледа и дека јас сум металка) па нешто за провинцијата збореше..А сирот прва пријателка му бев..Моментот беше кога морав во Скопје да се правам како изгубена, да се мачам да извртувам на дијалект, да прашувам ова фонтаната ли е? А кај е паркот?
    И мислев дека така ќе помине или ќе сака да седнеме негде па ќе успеам некако да се тргнам, али типов замараше така да идеме низ град..А па еден малер што се погоди, сите другари, другарки, познати сите ме извидоа..И помина време другар му сакаше да си оди, ја викам ајде да киднам, ама овој се запна да ме испраќа на железничка..А ја си седам во Скопје и немам што да барам во Велес или Кочани..И викам ќе идам до кај другарка ајде некако се тргнав викам седи таа во друга населба, сакаше овој да иде ама некако успеав да се извадам..И така си киднав, типов замараше уште некое време, и на крај се заврши.
    И од тогаш гледав да не се закачам со некој такви што се за жалење, сепак не беше убаво да се пренамага толку, се кладам ни девојка дека нема, беше типичен сељак.. :D
     
  8. TheStar

    TheStar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    ееееј ме изнасмеавте онака понеделнички,

    Ги имам повеќе ама на ова ми прво текна:

    кога накратко живеев во туѓина :P се запознав на пијано со еден "фраер" и сме си размениле броеви,
    си пишувавме долго време пораки,а сеќавањето на него слабо,воопшто не ми текнуваше како изгледа,ама по муабетот фин ептен!

    И така дојде ден да се видиме повторно,се мислев како ќе го препознаам,закажавме средба во едно опуштено кафуленце,па типот не ни сакаше да ме пречека надвор,а финти му правам да ме пречека демек срам ми е,за да го видам,да не го смешам.
    А се случи тоа,си седнав на маса со еден друг.

    Ајде демек заебанција овака онака се испосрамив,ама се извадив,тоа е небитно.
    ми текна кој е кога го видов...
    Душичка,35 години,плав,премногу слаб,се тресе како болничок,со акни тинејџерски на лицето,а гласот му трепереше и му се мењаше како на пубертетлија,мајкооо си велам кај ми е паметот,

    си седнавме така,он се срамеше многу,јас колку да ме занејќе тропав глупости,се понашав лошо,селски,чисто онака да ме батали,а тој пак:леле не сум запознала такво девојче како тебе,дали сите македонки се такви....па продолжи да кажува шо какви запознавал,се дека е бил и се разврза муабетот,искочи многу фин,ок дечко,без разлика што е грд.ми дојде една другарка и со неа си поседовме,па не викна кај него дома.

    А таму исто ко на The bing bang theory:плејстејшн,огромен телевизор за игри само playstation со сите додатоци.star wars постери и фигури,исто и од star trek,Хари потер книги,такви јапонски стрипови.....ало 35 години....и на типот идејата:да пееме караоке, е тогаш му ги открив и неговите феминизирани движења,посебно кога требаше да ја пееме,where the wild roses grow за која настојуваше да биде Кајли Миног,демек се извежбал (така и беше) а потоа имавме концерт од 20 мин. со песни на репертоарот од Бритни Спирс,Кристина Агилера и слични.... :| другарка ми си отиде а јас требаше да чекам уште 30 мин. за мојот превоз. леле коа ме нападна,онака трапаво детски, :yawn: < ---- (вака нешто) мислам дека тој досега не бил со женско |( ми се згади! истрчав како попарена.
     
    На tigarche1, LUCERKA, ku4ence и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Girly90

    Girly90 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2013
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    1.104
    Пол:
    Женски
    Хахах темава ме наврати едно 8 години наназад, тогаш имав 16год. Имаше еден тип и се свиѓавме многу и вечерта доаѓа у кафичот ја кај шо бев и пошо се брзаше за некаква си журка само ме праша шо ќе направиш ако те залапам? и ја му викам - пробај па ќе видиш. и ок ме бацува и ми се врти и ми вика И сега јас си имам девојкааа..и ти си имаш дечкоооо. ај да пукне! Кое пукање бе брат?! Нема везе пукнавме шо пукнавме и сеа нареден ден као прв состанок.. доаѓам ја у истиот тој кафич со 2 другарки а он на ролери со другар. и идеме накај една сендвичара и сеа глеам пред мене вир а од десно тротоарце. и сите се качуваат на тротоарчето а ја нели зошо најпаметна газам директно у вирот и уше им дофрлувам аман вода е, шо ви е, и уште не сум е доискажала се лизгам и правам мост (значи не паѓам туку таква со раце и нозе успевам некако да се додржам пошо носев едни светло розови панталони. И финиов да ми помогне ми пружа рака и ја како шо го фаќам за рака го звлекувам и ја станувам а овој се испружи у тој вирот. И уште таков се дерее нови ми беа лагеритеее. Луѓе ја воздух немав у мене, до солзи се смеев. После тоа се фативме хахах
     
    На Elen4e_sonce, Alex.T, soffce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Од пред неколку месеци. 3 саата умрев од досада. Дечкото беше толку флегматичен што буквално морав да му влечам зборови од уста. А друга приказна беше кога му се јавија на телефон. Си се размуабети човекот како јас да не бев до него.
    Одвај чекав дома да стигнам.
     
    На sweet&girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Од средното..
    Ме свиѓаше еден дечко од моја генерација,си дававме погледи,ово оно,си реков не е лош и ајде се наканивме за кафе.Седиме,го гледам молчи(важи за фраер низ градот :^) ),јас си зборувам разни теми,он кратко одговара.И викам ќе кажеш ли нешто и кога почна да зборува,зажалив што му реков така :D ПОчна за теретана да збори,дека одел секој ден,дека играл кошарка и бил многу набилдан,ќе ми демонстрирал некој ден и на крај ме прашува цитирам „Нели имам најубаво газе од цела гимназија“ :rofl: Јас седам и го гледам,викам овој се шегува сигурно,он озбилен да ти биде.Си ја поделивме сметката,се понуди ајде дечкото и тргнавме накај дома.Да се поздравам јас,да го бакнам во образ,типов ме залапуе онака ненадејно,да не знае човек што го снашло, јас само се отргнав и шпринт накај дома.Кога почнав сапуни,кремови,се миев цел саат :rofl: Што е најјако,цел месец после тоа ми пишуваше по фејсбукот дека многу убаво си поминал и дека ме сакал :fubar: Кај се заљуби дечково толку брзо,јас вртев глава на друга страна кога и да го видам...

    Имам такви еден куп..имаше еден со мрсули во носот,ама не ми се пишува за тој,гад ме фаќа од мислата :D
     
    На sweet&girl, LUCERKA, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Ај те молам стисни заби и раскажи ни за тој мрсулавиот.Ме изнасмеа :D :D :D
     
  13. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Најужасен состанок ми беше со еден премногу срамежлив дечко.Не знам колку време зборував само јас,тој кратко си одговараше.Кога си отидов дома почна да ми пишува пораки леле како да не беше тој.Му дадов шанса,ама пак истото.На крајот му раскинав преку неговиот начин на комуникација со порака.Симпатичен беше ама тоа е.
     
  14. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Уф трауми си имав долго време :rofl: Бев помала, одамна беше ова ама го памтам како вчера да се случи.

    Излегуваме со другари на некоја журка, супер расположени се со ред, доаѓаат другари на луѓе од наше друштво, се шират познанства се фино лепо и одеднаш се појавува еден дечко преубав, прешармантен, насмевка од милион долари, едни очи зелени, висок, нормално и ненападно облечен....со еден збор, за мене во тоа време совршен. Како од списание да сум го исекла и над кревет да сум си го залепила :lol:
    Нормално одма се запознавме и за изненадување муабетот одеше премногу лесно и спонтрано, се погодивме дури и во стил на музика и он слушал рок, нешто и од метал му се свиѓало....просто неверојатно, цела вечер лебдев од среќа.
    До сега постов звучи како најдобриот состанок до сега...АМА :rofl: се договараме утредента да се видиме на само, требаше да дојде во мое маало. Се супер, лабаво се облекувам како за низ населба и се чекаме каде што се договоривме, кога го здогледувам оди од далеку, го гледам дека е он, ама се надевав дека очиве ме лажат. Се избацува типчево во кожна мартинка висока, цел во црно, црн долг кожен мантил и како врвот на стајлингот еден огромен пентаграм на врат :rock: Дечкото да ти бил уствари некој ептен забеган блек металец, што ја воздигнува сатаната и цела состанок ми збореше за тоа како сакал за да прави некои пагански обреди со жртвување на коза.
    Не знам што повеќе ми беше страв, да не ме види некој што ме знае со таков забеготина или да не реши и мене да ме вклучи во обредот.
    Поседов некое време и вџашено го слушав само што ламоти, измислив некоја прича и дим да ме нема.
    После тоа две недели упорно ми доаѓаше во населба, јас успешно го избегнував :lol: и фала богу не се начекавме.
    Од тогаш само еднаш го видов од далеку чекаше автобус и фино го заобиколив да не случајно ме примети. И да...немам апдејт во врска со судбината на козата.
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, thelittle17 и 28 други им се допаѓа ова.
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Што да кажувам,не е за кажување. :rofl: Фин дечко,културен,седнуваме на кафе,му течеа мрсули,ги шмркаше повремено во текот на тој саат.Јас молчам,се мислам како да спомнам,си ја извадив паломата на масата демек да се избришам и го прашувам дали сака :D :D а он вика,не ми треба.Келнеров го гледа се смее под мустаќ,па ме гледа мене,а јас си замислувам дупка на подот и да пропаднам во неа :D И ајде што го гледав таков цел саат,кога тргнавме да си одиме сакаше да ме бакне,ама јас му треснав дека кафето не ми се погодило и дека не би било добро да се исповраќам врз него,па летнав накај дома со брзина на светлината. А баш беше фин,ама сликата не можам да си ја извадам од главата ни ден денес :puke:
     
    На sweet&girl, skinnylove, Twinkles и 3 други им се допаѓа ова.
  16. HurremSultan

    HurremSultan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    119
    Со еден уфилман тип, кој од моментот кога се сретнавме па се до крајот на нашиот "разговор" не затвори уста од зборење. Jас на ред не можев да дојдам да кажам нешто а и кога ќе пробав ме прекинуваше на половина збор и си продолжуваше сам. Два часа мелење и фалење и не знам што таму. Најсмешно беше што го приметив дека лаже за многу работи иако се трудеше да звучи убедливо. Капачето беше кога ми раскажа случка од еден филм и рече дека нему му се случило од збор до збор.
    Другиот пат кога ме викна да излеземе а го одбив се најде страшно погоден и навреден па дури и збесна и продолжи да праќа пораки три дена со провоцирачка содржина. Нешто како "штом не признаваш дека ти се свиѓам и сакаш молење нема да го добиеш тоа" "ти не знаеш што сакаш затоа не изглегуваш со мене, за жал не можам да ти помогнам" "терај со животот и запозни си некој идиот да видиме кај ќе те однесе тоа". Непрестано бомбардирање на телефонот неколку дена а не доби никаков одговор на овие смешни пораки тоа ми е под ниво да се расправам со некој и да разглабам. Tој доби само еден одговор од мене, на пораката ќе излегуваме вечер му одговорив со не и кога праша зошто му кажав дека немам желба да излезам со него. Натака си збореше сам со себе, а јас му се чудев на паметот а со некои пораки ме пресмеа.
     
    На Elen4e_sonce, Milobebence и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  17. Sonce-soncence

    Sonce-soncence Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    19
    Аууу никогаш нема да го заборавам :D Се започна на top.mk. Јас го додадов или што и да се правеше таму :D (одамна беше не се сеќавам убаво), кога он да ти бил од мојот град. Имал долга врска, незнам што, арно ама девојката му раскинала и одма си се омажила за друг. И така почнавме муабети, едно друго, се си беше ок. После некое време се видовме, прв состанок, се супер, и така продолжи се повеќе на зборење преку мобилен, втор пат се видовме ама он беше со другар јас со цимерките онака на кратко, ништо посебно. Јас си се смирив со бившиот изгубивме скроз контакт, нит се слушавме, нит ништо. Знаев само дека си фатил женска, па раскинал, па се фатил со друга и идеа некое време, мене не ме интересираше, си имав и онака дечко. И еден ден типот ми се јавува, демек ќе дошол во Скопје имал некој конгрес од работа, ќе бил во хотел сместен, да сме се виделе. Му кажав дека ќе излегувам со другарки, ако сака да дојде, таму каде што ќе сум. Типот дојде пред затварање, незнам што му беше проблемот, се изначекавме со другарките, за да не излезам јас таа кривата што си заминала нели, кај ми бил паметот... Дојде типот и ајде ќе искачаме од кафичот зошто бевме само ние и келнерите, живи срамои. Излеговме, надвор грч ладно, снег, температурата минус 10. Јас почнав да се тресам од ладно, човекот ме седна на клупа кај кафичите на кеј, ми збори нешто, ми кажува се скарал со бившата, не ја сакал, сватил дека јас сум му значела многу, сакал да е со мене, неможел да поверува колку сум била сменета, бла бла муабети. Јас смрзнувам, му велам човек ладно ми е ајде да си идеме и ми вика ајде да прошетаме низ трговски, во 5 сабајле :fubar: јас улава ајде да не го скршам, прифатив. Луѓе од седење на клупата нозете ми се смрзнале, мразулци уште што не ми фатија, плус 16 штикли... И шетаме така, он ми збори јас заби тресам од топлово (нели надвор плус 20 :@ ) и едно време му викам ајде да си идеме неможам веќе, ладно ми е и типов со цел памет ми вика, ајде ќе те испратам пешки до дома хахахаха. Го гледам и неможев да си поверувам што слушав, пешки до дома на -10, во 5 сабајле. Му викам не не ќе си идам со такси и он епа ајде ќе дојдам да те испратам. И влеговме во такси, стигнуваме во близина кај мене и застанува таксистот, типот ќути, јас му велам колку треба, он ни да праша ни ништо, ми ги зема моите пари од рацете и му ги даде на таксистот (Убаво се сеќавам дека беа сто денари, другарките до ден денес го викаат стоте денари, никако не му спомнуваат име, стана познат меѓу нас со надимак стоте денари :D ). Влеговме во зграда, јас премрзната, он уште ми збори за бившата, како расчистил, му било убаво ама мене ме сакал повеќе, повеќе сум му значела (како ли го заклучил тоа после 2 години ни сама не знам). Една време се обиде да ме бакне, јас се истргнав и шпринт во лифтот, ме снема. Штом стигнав дома, ми стигна порака, сакал да сме се смиреле, му се допаѓала новата јас, незнам што, ама мене не ми паѓаше на памет. Луѓе знаете што беше најстрашно... После месец два дознав дека се верил со бившата, дека била бремена :headbang: . Неможев да си поверувам што слушам, а од друга страна бев пресреќна што не се смував со него таа вечер, што не дозволив ни да ме бакне. Аууу страшно ...
    Се извинувам за долгиот пост :*
     
    На sweet&girl и siki28 им се допаѓа ова.
  18. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Ги разгледав сите страни,и се пресмеав :D
    Очигледно ужасните состаноци се неизбежни.
    Еве го и мојот...
    Тогаш бев некаде 15,16 години,не ми баш текнува,одамна беше :D Во моето друштво две другарки веќе имаа дечковци,па заради тоа излегувавме заедно со друштвото на нивните дечковци.Тие беа постари од нас 3 години.
    Имаше еден тип..преубав.Тело,коса,очи :$ ,насмевката..и името што го има баш му лечеше и ги опишува овие карактеристики.Ми се допаѓаше само,колку да имам симпатија,но решив да пробаме нешто повеќе.
    Се допшувавме на социјалната мрежа prijateli.mk(така беше мислам),телефонски сигнали,пораки за добра ноќ..и ме освои.
    Дојде и денот Д :D
    Закажавме состанок во еден парк.Отидев на договореното место,тој веќе беше стигнал пред мене.Намирисан,бањат,уште на километар се осеќаше.
    И така си се поздравивме и седнавме на клупата,муабет тече како подмачкан,се супер..А на соседната клупа имаше група на девојчиња,кои непрестано зјапаа во нас.Е тогаш започна кулминацијата.
    Дојден беше моментот за бакнеж,и тој ме гушка,склопувам очи..и чекам ги неговите усни на моите,и еден глас ми го скрши филмот 'Што правите вие'?!
    И така јас со подотворена уста,ги отварам очите и пред мене стое едно од тие девојчињата од соседната клупа.А таа да ти била некој психопат :o
    И кога почна да ми се дере,да ме навредува,не бираше зборови што ќе каже.Јас сеуште во шок,дека стварно не ми беше јасно што е работата.
    И овој дечкото,пат под нога и да го нема,ме остави со таа таму :D
    И го прашав девојчето што е проблемот,да не се препознала и сл.И оваа 'Тој е мој,јас го сакам'!
    Не планирав тогаш да влегувам во конфликти и физички пресметки поради дечко,се извинив културно и да ме нема.
    Подоцна тој ми објасни дека таа го сакала,дома му праќала љубовни писма и букети,секаде го следела како манијак,и тој морал нон стоп да се крие од неа.
    Како и да е,му се заблагодарив на објаснувањето,ама втора шанса за состанок не му дадов.
    Секако таа пак ќе се појавеше :D
     
    На sweet&girl, Elen4e_sonce, thelittle17 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Се присетив и јас на еден прв состанок.. со првиот мувач.
    Го знаев детето и не имаше баш некоја добра позадина, пишевме некое време па ми рече да излезиме и јас мала будала си ја земав другарка ми, за ако се деси нешто пример да сака да ме силова таја да интервенира одма :lol: :tmi: со неа си сме како газ и гаќи.. кај сум јас таму и таја :!:
    Е сега шо прајме, се договоривме таја да ме причека дури јас завршам работа со овај :rofl:
    и сега го гледаме од далеку тој скоцкан дотеран ме чека а јас идам со придружба и сега стојме на две метри од него со другаркава и се испраќаме а овој од другата страна чека :tmi:
    И ајде се разделивме некако ко во војна да ме испраќа и одам сега со овај на договореното место,
    и типот не почека ни две минути само што ме праша шо прам како сум и одма ми го збута јазикот во уста јас ваква :o веднаш се тргнав.. како да ми се превртеа цревата. Не дека ми беше грозно али ми дојде наеднаш и не знаев како да изреагирам. Не седевме долго пошто му било жал за другарка ми да не ме чека |( :tmi:
    Арно ама после то бајги време си бевме заедно, често знаевме да се насмејме за таја случка.. ми велеше „памтиш ко ми дојде со другарка првиот пат“ а јас се правев како да не се сеќавам :lol: :tmi:
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Оф секој ден по еден да пишувам ќе треба.. Типот, симпатичен, згоден, ме вика на пиво у на времето Ало Ало и ајде викам, супер, ќе идеме... Каснеше 25 минути, дојде тиква пијан, корнеше на ракија и носеше хавајки и апостолки. Мхм, да. Седнавме на пиво, јас зборам нешто, овој глеам пробува да се сконцентрира ама некако не му иде... Му викам добро ли си, ако не да си идеме по дома? И таков НЕЕ, ќе пиеме уште! И нарачува второ пиво, јас таква што правиш бре? И си го испи одма, а си го испи и моето без да ме праша, така лабав си беше дечкото...Исто така збор не кажа, јас нешто бладав да пројде времето побрзо (мислам дека си праеше муабет у себе како да изглеа трезен) и на крај викаме сметка и вади 50 денари и ми вика "Абе, јас изглеа сум ги испил другите пари, ај додади ти колку треба" -.- Као наши да сме си. Значи не те знам, дебилу. И нема везе, плаќам и искачаме јас таква брзам да си идам и доаѓа као да ме баци, јас правам потег за одбегнување и типот се врти на страна и си повраќа на плоштад. Да. Да. За малце ќе си го добиев пивото што ми го испи. Омај гад!! ГАД :D
     
    На sweet&girl, Alex.T, blackwave и 11 други им се допаѓа ова.