ХАхахаха сите страни ги извртив,ама се здробив од смеење девојки. Ајде и јас нешто да споделам со вас.Се запознав со еден тип лани летото.Згоден,фин,културен..Се дружевме,одевме на кафиња,ова она разбираш. Еден ден тој ми рече да одеме вечерта во некој ресторант да вечераме и јас се согласив.Арно ама,кога дојде вечерта и јас спремна,излегов од дома,стигнав до пола пат..и се сетив дека парите сум ги заборавила дома.Леле,што ќе правам и ајде си продолжив бидејќи носев штикли и немаше смисла пак да се враќам дома,а и многу далеку беше. Се сретнавме и отидовме во ресторанот.Правевме муабет,се убаво..По неколку минути ни стигна јадењето.Тој почна да јаде со рака,почна на глас да ждрига. И ајде тоа помина и сега дојде време да си одеме,а јас немам пари. И кога ни ја донеси келнерот сметката,тој ми шепоти и ми рече..ќе сакаш ли да платиш? јас пари не носам..и јас само Арно што видов една другарка таму што беше,инаку немаше да платиме.
Леле се цепнав и јас од смеење.... Ај и јас нешто да поткажам...Минатото лето на фб ми досадвесе еден и ми дојде преку глава...Стално велеше кога на кафе ..дај да се најме ..сакам да те видам...и за да го смирам му велам во ред ајде кадмо во 10 да си таму ќе се чекаме (демек ке одам..имаше една фаца лом а беше бајаги постар од мене можда околу 18год постар беше ми се гадит на самата помисла)...Зашто јас од Охрид сум иначе...тој од Битола и идат вечерта и ми пишит од моб на фб кај си те немат..му велам внатре сум влези кај санкот хаах и ми вели ам јас те чекав и заминав...А како прво јас не ни ојдов а тој мислит дека внатре сум била хахахха а иначе мобилен број не му дадов преку фб од на моб се договаравме хаххахахахха ДЕН ДЕНЕС МИ Е СМЕШНО КО КЕ СЕ СЕТАМ АХХАХА
Најужасен состанок со сегашниов дечко. Јас бев таа што се избрука shame on me. Епа вака. Одевме околу месец, месец и нешто, не се сеќавам и по долго време убедување, конечно прифатив да одиме во Скопје, како демек на лизгалиште. Си отидовме од 4ти час, мене класниот ме ослободи, него класната не. Требаше да одиме до банка и нешто лична карта му требаше, ама дечково дома си ја оставил па го чекавме другар му да дојде. Дојде другар му се замуабетија нешто, а Саншајн си игра Flappy Bird. Завршија работа и одиме на железничка. Во купето до нас седна еден човек со споена веѓа и си извади да јаде сендвич, шлапа ли шлапа... Мене ми се моча ми се плаче. Стасуваме во Скопје, врне, а ние на лизгалиште ќе одиме да да секако. И ајде се договоривме да не одиме на лизгалиште да одиме во Рамстор да јадеме, па да одиме во Мелоди да пушиме наргиле. Стасуваме во Рамстор и јас наместо да влезам во WC, ја промашив вратата и влегов во една кујна Брука, брука ! Одиме така забрзани се судрив со една жена и ја бутнав чашата, умрев од срам. Седнуваме да јадеме, соблекувам јас јакната и го гледам вој уште седи со јакна и му се чудам. Не ја соблекувал јакната оти бил на кратки. Ајде некако жешко му дојде и ја соблече, кој контраст јас со плетена блуза а он на кратки. Одиме во Мелоди, е само таму не се избрукавме. Кога стасавме на железничка сфативме дека го испуштивме возот и додека го чекавме другиот се шетавме низ Веро. Отидовме на железничка со надеж дека конечно ќе си одиме и мене ми текнува дека со тој воз си оди тато пошто работи у Ск и секој ден патува. И додека чекавме тато да си отиде со возот отидовме како во една просторија, за секој случај де да не помине да ме види и оп не заклучија. Се најде таму еден човек и не отклучи. Се качивме во воз и конечно си отидовме. КОга си легнав дома си викам: Ако не ми раскине после ова,стварно ме сака Иначе на моите дома им кажав дека сум со другарките у шопинг
најужасен состанок? хм уште само што се запознавате те поканува на секс и ти ја пее “како кучето мое нема нигде друго“ и јас како демек не сфакам што збори овој му лепам “Што и куче имаш?“ и тој како да се пофали “Да, имам ептен големо сакаш да го запознаеш да отидеме до кај мене?“
Една ептен голема будала нешто досадваше и како ај ќе излезиме се договараме не фб,арно ама ми вика ај ќе те носам на едно место по мој избор!Ама како со досадваше дечково ние си пишевме и порано и често си ги објаснувавме карактерите и јас добро се сеќавам дека напишав дека имам страв од кучина. И дојде денот за состанок и одиме ние тој ме носи јас по него,замислете стигнавме на изложба на кучина бидејќи другар му бил таму!Замислете како се чувствував покрај сите тие огромни кучина а имав страв од нив!
Bo трета година средно, со еден тип кој ме напна да излезам со него и да му дадам шанса. Навистина не можев дa го смислам, не ни имав некоја намера да продолжам во било која насока со него и само сакав д го тргнам од патот што поскоро. Среќа моја што траеше кратко, ама дефинитивно тоа беа најмизерните 40 минути во мојот живот. Закасне неке време иако рече дека живее на неколку минути од местото каде бевме договорени да се чекаме, а моментот беше кога ми се јави две минути пред да ми се паркира со црниот Мерцедес точно пред носот за да ме праша: „Ти си девојката со плава коса и кожна јакна?“ За муабетите да не стане збор - плукав џигери од неговите доживувања кои нашироко ги опишуваше, одговарав лаконски и се молев да не му текне пак да ме побара, ама изгледа не ми успеа баш и ме напнуваше долго време додека навистина не му дојде преку глава да ме моли. Фала Богу што му текна да се откаже, мислам дека немам сретнато поупорен дечко од овој, а не знам што толку беше загреан за мене, мала бев за него и од авион се гледаше колку само бевме различни.
Хахахах леле се пресмеав сите до еден ги прочитав Случкава е од пред 3 години во Охрид на одмор, преку школо во Бетон хотелот. Одмор како одмор, пиење, музика плажа друштво ово оно... Третиот ден во хотелот се сместија некои дечки од Штип на наша возраст, значи 1 година средно. Имаше едно типче, али оноа типче во права смисла на зборот на прв поглед пицнат, чоколаден тен, абе шо да ви расправам го гледав со подотворена уста Една вечер онака некако спонтано се договоривме да се собереме во нашата соба. Дојдоа дечките што дојдоа, дојде и оној мојот чоколадниот, и јас цела вечет ваква Едно време излегува типов и ја вика другарка ми со него. Мене целиот свет ми се сруши, абе срцето ми се парчи сеа шо ми фали мене, шо таа поубава ли е од мене, абе бебешка работа По неполни 5 минути се враќаат и другаркава ми шепнува дека типов уствари мене ми фрлил око, ама пусти срам го отепал па немал храброст мене лично да ми кажи... На тоа јас ваква целата и шо сеа јас треба да одам и да му речам нешто?? Не бре брате јас носот горе во облаци штом дознав дека ми фрлил око сега немам мака, ќе го мачам малку... Имаше алкохол, и чоколадниот малку изгледа претера и конечно собра храброст да ми презбори и ми вика: ај испадни малку до надвор нешто да те прашам... Јас цветааам... Летам во облаци леле се ми е розево... Излегувам ми зборува типов нешто ми шепоти на увце, јас се кикотам и кокетирам и ме викна кај него во соба да сме оделе затоа шо кај нас многу гужва имало, а нивната била празна... Јас, теле наивно се согласив... Влегуваме во собата и чоколадниов ја заклучува собата демек за "сигурност", ме турка на креветот и ми се нафрли како хиена врз некое беспомошно животно Јас одовде маки мачам да го тргнам од мене, ама овој потежок, не можам да го помрднам..Си велам ова ли е тој смотаниот што уста имаше, јазик немаше до пред 5 минути му беше срам да ме погледне во очи а не па да ми презбори нешто Едно време ми шепоти на уво: малааа ќе има пенали Ааааа? Штооо јас како што бев наместена со колено директ по машкоста (отпосле мака ми беше затоа што го удрив силно, но си заслужи)! Овој списка и почна да се витка во креветот и да пцуе по мене, а јас во меѓувреме го барам клучот од собата и во паника не можам да го најдам. Во тој момент некој тропа на собата И излезе дека брат ми ме бара. Овој немаше друг избор освен да ме пушти. Утредента дојде и ми се извинуваше половина час, као демек многу испил, тој обично не е таков не знаел што му станало, и на крај ми вели: ај заборави го тоа од синоќа и да пробаме отпочеток! Ар ју факинг кидинг ми????? Фино лепо му го покажав патот кон вратата и до крајот на летувањето мојот чоколаден принц кога се разминување со мене гледаше некаде во оџакот.
Пред некој ден викнав една моја блиска пријателка кај мене. Не знам како дојдовме до муабет, ама се отвори темава и ми го раскажа своето искуство со еден дечко со кој еднаш излегла на состанок. Имено, дечково ја поканил, но уште кога разговарале преку социјалните мрежи, тој и оставил лош впечаток бидејќи се договориле кога ќе излезат да купат вино од кое ќе пијат и двајцата. Тоа е во ред, но она што на неа и паднало чудно е што дечково ја прашал ако има и таа пари нешто да додаде за заеднички да го платат. На пријателкава и паднало малку чудно, но тоа не го земала здраво за готово и сепак излегла со него. Меѓутоа, истиот ден решиле да го продолжат во некој кафиќ и таа нарачала сок со пристојна цена, некои 50 денари биле во прашање од прилика, и дечково исто така. Арно ама кога дошло време за плаќање дечково си го платил само својот дел, и ја оставил неа сама да си го плати својот. Меѓутоа, за беља таа во последен момент сфатила дека остатокот (ситното) од парите го оставила дома, имала 1000 ама не можеле да и раситнат. Дечково откако забележал дека има проблем, едвај некако оставил уште педесеттина денари и ја платил целосно сметката. На другаркава и паднало незгодно, па му рекла дека ќе раситни во пиљара уште веднаш и ќе му врати, а тој се согласил. Другарка ми имено, колку што знам не е воопшто користољубива и се залага за рамноправност меѓу половите, но јас лично откако ми ја раскажа случкава сметам дека сепак фраеров требал бар да се понуди да ја плати пошто на крај краева тој ја поканил. Чисто ради култура. Ради манири, вамте - тамте. Што е најтрагично на крај го излажала дека се брза, отишла на автобуска, но подоцна и тој се качил во истиот автобус на следната станица, откако се разминале со некој негов другар за на роденден. И тука пропаднала во земја просто. На крај го бакнала во образ и со брзина на светлината се симнала на станицата каде требало. Оттогаш само случајно се разминале еднаш-двапати и слабо комуницираат.
Овојпат ќе биде моја. Беше летна топла јулска ноќ - 2011 година, јас имав некои 16 години од прилика. Немаше ни 7 саат после пладне, ми се јавува другарка - ми да ми каже дека закажала date со некои ептен бомба типци кои случајно ги запознала истиот ден во некој кафиќ. Јас се мислев да не одам, кешки да ја послушав својата интуиција.. Ама тоа е, младост - лудост шо че прајш. Набрзина се облеков, скоцкав, навиткав, облеков висока штиклица и излегов. Договорот беше да се чекаме во девет на рекорд, а они да дојдат со кола и да не соберат од таму. Се најдовме што се најдовме со другаркава, ја исто така возбудена, цревата ми се превртуваат како у машина за перење. И како што си стоевме, немаше 5 минути и ете ти одеднаш со брзина на светлината се паркира црно bmw со затемнети стакла, а од внатрешноста до даска се слуша А сечааааааш ли се лепиииииии громе мооој - тета Цеца. Од тука излегуваат они двајцата во црни одела со машна, црна гланц ципела божем на свадба ќе одиме. Другарка - ми цела запалена не знае кај тера, овие дојдоа како се приближуваат мене се повеќе ме фаќа смеа. И нема везе, дојдоа се поздравија, не поканија во колата. Влеговме што влеговме, и едниот ни вика ,,Aаа како сте се средиле зебрици, ве возиме во ресторант Рабија на лигњи шкампи и ораси''. Како орасите се најдоа меѓу морскиве плодови си остана мистерија. И добро ајде стасавме за некои 5-6 минути. Другарка - ми ја стискам, клоцам, по цел пат а она цела у облаци. И не е битно, откако стасавме ја паркираа колата, и сеа таман другаркава да ја отвори вратата, другиот се врти и и вика ,,Не не, јас сум каваЉер ќе ви отворам'' Иде ја отвара и другарка - ми таман да излезе кај се погоди баш вир да има до неа од што врнело и шљааап во него се испружи колку е долга и широка, пола фустан лом! Леле еден срам, што да ви кажам.. Уште овој и вели ,,Шо убаво ти стои оваа кафеава флека како дива тигрица си ми сега'' И ај океј, отидовме во ресторанот влеговме во тоалет, другаркава ја среди малку дамката. Таман се среди, излегуваме и ШОК! Пред вецето стојат тројца свирачи со труби, и ја почнуваат ,,шик погоди'' oд Брена беше ваљда не сум сигурна и овие ни две ни три рацете у вис и почнуваат да се вртат ко недоквакани околу нас со некакви чудни неартикулисани движења во придружба со извици ,,јооооој лепе даме'' Значи луѓе ни доаѓаше да се закопаме во земја. Кај цел ресторан вриштеше од кич, ама и тие што седеа се завртеа и ни се испогазија од смеење! Јас и другарка - ми трчање преку врата, среќа од другата страна на улицата што одма имаше автобуска. Фаќање првиот автобус и дим да не њама. Ги гледаме овие двајцава низ прозорот со вакви збунети фацки. Оттогаш ни јас ни другарка - ми не припаривме во кафиќот каде таа ги сретна од страв пак да не ги видиме.
Ми се јавува типче на телефон,еј знаеш едвај најдов твој телефон, ми се допаѓаш да излезиме на кафе. Ај после 4-5 јавувања се согласив, си викам штом е упорен, валда вреди. Се договараме да се чекаме кај една цвеќара, и кога го видов ај му викам тука во првиот кафич... Се пцујам, црна девојкоооо како можеше на блајнд дејт да одиш, па тоа само на америчките романси го има... Смрдеше типот на домашна ракија, си лапнал 2 а можда и повеќе Ч))) од трема и цело време ми се правдаше како за една оценка на отишол на факутет,ама бил менаџер во фирмата...амаеден професор го мразел иначе и тој че одел на факултет... валда од комплекси дека ете јас сум на факутет... не стигнав ни збор да дојдам од него ај чао пријатннооооо .... дали од многу зборување, дали од ракијата .... не се видовме повеќе
Ве читам и ви се чудам како можете да одите на таков слеп состанок договорен преку интернет,преку моб или незнам што Па какво време дојде да ти е страв дете во школо да пуштиш,а којзнае и какви битанги се кријат позади тие профили,ама важно имаат бесни убави коли,извинете ама така му доаѓа,по тоа што го прочитав .Тешко на Мајките што имаат женски деца,а и јас сум една од нив,Господ нека ги чува сите,па и нас
Темава девојче не е за ти,јас или било кој да прашуваме како можеле да отидат на слеп состанок и да критикуваме. Туку е за -најужасен состанок. Така да ако немаш искуство не пишувај офф топици со солење памет,што не е твоја работа.Не си го бутај носот кај што не му е место и не спомнувај Мајки,сигурна сум дека на некој не би му било мило мајката да му ја спомнуваш тука на форумов Ц Ц Ц Мој најужасен состанок беше поодамна,мала бев. Се договоривме со другарката најдобра(Читај она ме натера) да излеземе со нејзиниот дечко и со некој си негов другар. Иако нејќев ајде се согласив,мала и смотана . Другаркава и дечкото си седеа цело време еден до друг залепени и се смееа,збореа и слично а нас не не фермаа. А типчето (другарот на дечкото) се залепил до мене јас бегам од него.2 глави понизок од мене беше и цело време ќутеше. Одвај чекав да си одам дома,но за белја они решија да ме испратат до дома.И типчево(со кој не свртев ни 2 реда муабет) проба да ме залапа ко најнормално ко поздрав.Јас само се тргнав и дим да ме њама дома.
Извини малечка,ама на оваа и на сите други теми има секој право да си го каже своето мислење,дали тебе ти се допаѓа или не .Или можеби се пронајде во постот па си ја бркаш мувата? Мајките се спомнати во позитивен контекс,а и кај си го бутам носот ич да не ти е гајле,гледај ти кај ја пикаш устата и што ломотиш со неа,размисли двапати пред да пишеш нешто,имај почит и без многу припичување кон другите членови,никогаш не знаеш кој е на другата страна Ај чао!!
А ти нешто у стил многу големата ?Колку си постара 3 години?wow. Да де секој има право на свое мислење ама ти не беше ништо освен ОФФ ТОПИК.И вреѓање како можеле да одат на блајн дејт-Што ти е тебе па гајле,те праша ли некој за мислење што ти мислиш па да пишиваш критики? И мене нешто треба да ме занима кој е од другата страна?Па ако е така и ти малку ''кој е од оваа страна'' Ти твојата мајчичка како сакаш спомнувај си ја ,ама туѓи мајки да спомнуваш немаш право!! Кога ќе научиш ти нешто повеќе за почит и припичување тогаш пиши ЛП за лекциички да ми држиш,важи? Ти кога ќе се научиш да не си го буташ носенцето,тогаш јас ќе си се научам за ломотењето на мојата уста.
Па од таква хумористична цел,доаѓаат до многу сериозна и несреќна цел,затоа весниците скоро секој ден се исполнети со силувања и незнам ти какви целини .(несакав ама ме натераа ) аууу многу силна бре ти? Но не ти замеравам сепак,такво ти е домашното воспитување.Секој си има право на свое мислење,јас си го кажав своето.Крај
Разбирам, вие сте психијатар волантер на форумов. Активист, против промискуитетно однесување. Get a life, неработен ден е
мој најужасен состанок пред една година летно време се допишувавме со тип на нет-убав згоден на слика ама од друг град(испадна тој не е тој туку сликата најверојатно е или е од внук му или од нет) и решивме да се запознаеме се договоривме каде да се чекаме, ама кога го видов бев со бела коса 3 години постар од мене дамла ме удри и седнавме на кафе, за на крај да сватам дека не е воопшто за мене чудно не проба да ме бакне за срека тој по негов пат јас по мој
ЧАт пат ќе го зирнев насловот на темава и никако да најдам време да пишам...едно ЛУДО и НЕЗАБОРАВНО искуство на еден состанок што требаше да биде одличен..леле кога ќе ми текне На кратко... Јас студент и преку другари во диско го запознавам типов ТОП ДЕЧКО...ВИСОК,ЗГОДЕН И НЕОПХОДЕН! Дознавам дека му се свиѓам,и типот ми го нашол бројот во 18часот ми се јавува и ми вика вечер у 22 те земам искачаме. Ја, од „среќа“ добивам некое тровање, се шминкам и се истурам од повраќање...ама ќе излезам со него, па што и дса е И излеговме, бевме у кафич, а ја на секои 5 минути одев во тоалет да повратам и имав температура, ама ништо не признавав. НА него не му кажав ништо и на крај толку многу ми се слоши што мораше да ме врати под итно дома, и он си помисли дека ја го мувам „ко бајаги“ ми се лошело.... И така ...ништо од бизнисот