Од кај да почнам можам книга за лаги да пишувам Естремно лажам. И немам најчести лаги затоа што секогаш ги менувам лагите никогаш не лажам едно исто.. ПОсебно за криење изневери и слично. -Леле оваа тетка ми значи пак сака син и да го чувам Вистината -’’синчето’’ има 24 години и ми е бивши дечко -Ти си ми трет жими сестра ми (што ја немам).--сo колнењево обавезно едно прекрстување иде Вистината- Имам повеке ама ако кажам дека си ми прв ке сватиш, за втор ептен е површна лагата ај трет си ми и ти како и сите други последниве години -Со никого не сум била толку блиска како со тебе. Не сум имала сериозна врска не знам како да се однесувам. Дај ми малку време Вистината- А бе не можеш ти да го земеш местото негово и точка. И шо има јас со твоите да се запознавам кај на мајкаму од бившиот поклон купувам уште за 8март па и на твојата ли. -Редно беше да се запознаете вие двајца. Злато ова е Дани а ова е неговата девојка. Тој ми е најдобар другар ко брат си го сакам. Вистината- Дани е мојот екс и и намерно со тебе го запознав он така сакаше за да има кој да оговараме по цел ден. А и плус полесно ке се срекаваме после зар ке се посомневаш во нашето другарство. -Ке одам со друштвото на Дани на планина ке чести за првата плата. Би те викнала ама на работа си. Вистината- Конечно и ти да си зафатен. Ова го планираме со месеци. Јас и Дани сами на планина горе. ДА најголема лага ми е да викам те сакам на тие што не ги сакам и не те сакам на тие што ги сакам. Последнава сакам да ја променам оти веке во маана ми станува.
Моите: -за 10минути сум готова -не сум расположена за тоа -ме боли глава -добив -еве искачам од дома -не е проблем бе, уживај друг пат ќе се видиме (во себе го пцујам)
- Не сум како другите - Прв пат го правам ова - Само 13 партнери сум имала до сега - Апстинирам од секс - Било што и да каже за да се покаже во најдобро можно светло Ја гледаш во очи и во себе си викаш "Ама зошто лажеш? Немаш потреба да лажеш, луѓе сме, нормално е тоа"
Шовинисту кажи си и за тебе а не само да хејташ жени по форумов! Заради такви мажи ко тебе со балкански менталитет некои прости жени лажат втор си ми ,прв пат го правам ова и такви слични лаги. Те имам читано и на други теми па од таму те памтам . Еве да не бидам офф Топик најчеста лага ми е за 30 минути ќе бидам готова .
Јас лично ќе си кажам, понекогаш сум ги оставала да мислат оти имаат смисла за хумор или дека се биле во право, бидејќи во реалноста, couldn't have given less fuck Не ми се троши времето на глупости
Знаеш како викаат: "Кога си реален, за некои луѓе тоа се смета за омраза". Никогаш не сум мразел жени а не ни планирам. Кој како ќе сфати. Шовинизам е скроз друго од тоа што јас сум го спомнал. Никогаш не сум рекол дека жена е на пониска позиција од маж во општеството. Не ни ги гледам така работите. Моето лично мото е "Не се жали, не биди жртва, никој не го интересира за твоите проблеми, превземи одговорност за се што ти се случува, креирај ја својата реалност, избори се и направи се што сакаш, не чекај на другите да ти дадат нешто на тацна. Ако не не се бориш за тоа што го сакаш, едноставно не го заслужуваш и нема само да си дојде." - барем до сега доста корисно ми се нашло ова во животот. Да не забегувам надвор од темата, во моментов не ми текнуваат некои посебни лаги што сум ги кажал освен "Ајде важи ќе се договориме деновиве" и слично.
Најголемите лаги на Фезолол Не сум шовинист ,никогаш не сум рекол дека жена е на пониска позиција од маж, не ги гледам така работите.
Различен начин на функционирање =/= едниот род е на повисока позиција од другиот Дааа. Најчесто се смеам во себе кога ќе ги слушнам и сум како "Озбилно?" ама сепак убаво звучат во прав момент некои лаги иако знаеш дека се лаги.
Убаво ти звучи ако не свршила ама сепак ти каже дека свршила само за да не ти го повреди кревкото его?
Се има случено неколку пати да ми каже дека не свршила ама до сега не сум се замислил да навлагам во детали и да се утепувам себеси во мислите. Најчесто се приметува.
Хм, а да се потрудеше ти малку за и таа за сврши. Ама ти си себичен, си гледаш само за себе. Подалеку девојки од вакви мажи.
Озбилно? Како тоа? Се брои како секс ако не си свршил? А види, ние тука ненормалните мислевме дека сексот е за взаемно задоволство... Тоа за "никому ништо" да ти било.
Абе, ич да не те боли колку партнери имала до сега јасно? Мене ниеден не се осудил да ме праша колку партнери сум имала.И да праша одговорот ќе е краток и јасен. Можеби не е како другите?? Мене ми рекле дека не сум како другите И да може апстинира од секс. Јас отворено кажувам на било кого кога не сакам било што да правам. Кажувам: неќам сеа немам потреба и тоа е тоа.Нека кршат глава ако сакаат.