Има една тема кои се најчестите лаги кои партнерот ви ги кажува вас,но кои се најчестите лаги кои ние му ги кажуваме на нашите партнери? Па ајде да ве видам Лута си? Не бе нема врска. Има причина? А ако во тој момент сакам да го
Кога ќе ме изнервира нешто и не сакам да му вртам, ни да му праќам пораки лажам дека немам кредит. Се случува некогаш да се разбудам во 11 па да не му биде криво што станал он во 7, му викам дека сум од 9 станата Толку ми текнува сега, има уште, ај да ми текне нешто па ќе пишам пак
„Што ти е?“ „Ништо бе, ништо не ми е“ Секогаш сум таква кога ми пречи нешто, а не сум му кажала. Будалче, како да не сум сфатила досега дека машките стварно абер немаат што ти се случува во главата, ако самата не им кажеш
Ќе си легнам,утре ќе се чуеме кога ќе станам.(уште саат два тепам на фемина,читам,се средувам,па си легнувам хехехехе) Не го слушнав телефонот.(ме мрзело да станам)
„Што ти е?“ „Ништо бе, ништо не ми е“ Лута си? Не бе нема врска. Ќе си легнувам сега ми се спие (10 сатот) а уствари ќе си легнам во 3 пошо ќе гледам филм
Од толку мали лаги што му ги кажувам, не ми ни текнува на повеќето. Добра си? Да, супер сум. Се нервираш? Не бе срце се си е ок. И не знам уште што ти не.
Во 11 навечер: спиеш? Дааааа А јас седам пред пц, и ме мрзи да се мрднам. Па и кога ќе ме праша се лутиш(за било што нешто)-не бе, не се секирај, а куче од мене да касне ќе се отруе
Често се расправам затоа што не знам некогаш да преќутам некои работи, па многу ретко го лажам... На пример, кога јас ќе запнам да гледаме некој филм , а он несакал...и да е најтапа филм на светот ќе речам дека ми се свиѓал!!!
Што ти е? -Ништо не ми е, што треба да ми биде?! Сто си мислиш сега? (после караница) -Ништо не мислам!(А јас уствари ја вракам цела историја наназад во моментот и сум лута ифрит ) Ме сакаш? (исто после караница) -Најмногу (а јас најмногу го мразам и сакам да му ја пукнам една ) Не ми текнува друго во моментов
не бе не не сум на фб,што ти е љута си,не бе уживкај си беше на кафе со колегите?неееееееееееееееееее
А јас пак напротив,молчам...зошто секогаш го сакам,никогаш не сум почувствувала ни најмала омраза во било која форма кон него,но не сакам да му кажам да,те сакам од гордост,па си молчам.
Хахахахахах интереснооо....скоро сите девојки ги кажуваме истите лаги... Еве ги моите кои се почести ...... -Со правиш? -Ниш ја гледам ТВ (дремам на фб) Зошто не ми кажа дека ке испагаш? Па немав време да ти звонам ме чекаа... спиеш ли,зошто ти е таков гласот(премногу тивок)?? Не не спијам,оти лежам цело време и не сум правила со никој маубет.... Шо пиеше (додека сум испадната со другарките)?? Ништо само сок... Зошто ти беше искл.телефонот? Е од кај да знам можеби немал мрежа... Нервира ли те тоа шо ке испагам со другарите.... Не не таман си е неможеш дома седеш...( ) Шо ти е,зошто си изнервирана???( седеме со негови другари и другарки кои ме нервираат ) Не бе душо не сум нервозна само главата ме многу боле.... Хахахах интересно......
тој ке е на работа,ми се јавува и секогаш ме прасуват:уклучена си на фб?јас:не не гледам тв(а јас дремам цел ден) или пишеше со некој на фб?и јас:не со никој само со сестра ми,никој немат уклучен ке сакат да излезит со другар му досаден и ми викат:можит да одам?и јас да да оди уживај(а јас вријам)не можам да му кажам не,секогаш заради мене го одбива
кога сме скарани ај на скајп чекај да јадам (а јас мртва ладна работам нешто друго бидејќи претходно ми го пукнал филмот) и после ќе му кажам не можам брат ми сега седе
Јас го немам излажано. За ништо. Има потполна доверба во мене, воопшто не му пречи дали седам на фејсбук или на мсн ниту пак кои ги имам за пријатели. Знае дека сум со него и дека само него го сакам. Немам потреба да го лажам дека гледам тв или слично, што и да правам не се лути, секако во границите на нормалата.
-Што правиш на пц-то? Ништо срце, читам вицеви. -Да не си на фемина пак, пошто гледам нешто мислите ти шетаат таму? Нееее бе, каква фемина, бев прееска (и оп да ѕирнам уште нешто додека не ме гледа)