Неможам да дојдам кај тебе немам пари (ме мрзи да станам од пц) Не ми е гајле праи што сакаш ( напраи нешто и ќе ти ја пукнам главата) Не те сакам ( те сакам али ме нервиииииииираш ) денес ќе го деактивирам фб ( ако не денес некогаш кога ќе сакам јас) сеа си легнувам (за неколку саати сигурно)
не спијам (а си легнувам одма) тоа го кажувам за да ми се јави и после полноќ немој сега имам добиено
Го лажам дека не спијам кога ќе ми се јави во 9-10 сабајле. Не за друго, кај ме буди, па ако речам дека сум спиела ми вика добро спиј си и ми спушта. Барем муабет да ми направи кога веќе ме разбудил, не дека можам пак да заспијам после тоа
1. Ајде појди, јас поаѓам. кутриот, го оставам да ме чека 15 до 30 минути. 2. И шо ми е гајле ако си ја видел бившата? Што знаеш тоа прај. а во себе.. разубавена е? сингл е? зборувате? ми се вртат илјада прашања и мисли 3. Е како да ти се јавам, неможев. А и телефонот ми снема батерија вистината...не ни помислив тогаш на тебе 4. Потрошив помалку од 2000 во центар. ако не се накај 5000 5.Ај те молам избриши прашина, многу сум уморна. дека ме мрзе
Кај си? Дома. А јас уствари мобилниот на speaker и со другарките се смееме а тој ги искажува неговите чувства кон мене. хахаха
Единствено кога ќе ме праша - Што ти е? И јас ќе речам - Ништо. Ете, ако тоа се смета за лага само тоа. Иако ако ми го постави уште еднаш прашањето одма ќе си испеам се. Така некогаш му велам зашто несакам да го замарам со некои мои глупости, реално се глупости. Ама одма ме приметува така што неможам да скријам ништо. Инаку, иако е можеби тешко да се поверува ама за се друго му ја кажувам вистината, за ништо не го лажам. Се што си мислам си кажувам. И он на мене исто. Нема детски лутења па може затоа не се плашиме да си ја кажеме вистината.
Јас љубоморна ?! кај 2 саат по полноќ-ајде чао ќе легнам јас (останувам до 4ипол гледам серија на нет ) за 5 минути сум готова
Кога ке праша, нема да се лутиш? И јас, нема бе зашто да се лутам а уствари ке го задавам не да се лутам .. кога се расправаме.. ај ме боли главата ми се спие да спиеме.. ( уствари да го прекинам само )
Не сум ни лута ни нервозна, прави како мислиш дека треба. Превод: ако се осмелиш да го направиш тоа, ќе биде страшно. Не ми е ништо, само не сум расположена. Превод: врати си го филмот и размисли добро што си кажал, магаре едно. Ич не сум љубоморна, напротив, мислиш гајле ми е за тоа што било претходно? И тука одам дома и отварам фејсбук, ја манијачам девојката и после сум како нова. Чисто сакам да ја видам де Многу сум уморна, тука следи набројување на милион домашни работи што секако не сум ги завршила, некако не ми се излегува подалеку.. Превод: дојди кај мене. И така.. среќно си живееме кога го сфаќа преводот, а кога не, му сечам по еден прст, до сега му ги исеков сите, преминав на кубење влакна од косата, проќељав е и то.
Кога ке му кажам дека сега ке си легнам, а останам будна уште 2-3 часа и кога ке ме праша дали сум му лута нешто, нервозна, јас ке речам не.
Ништо не ми е. превод:Не ме чепкај, подебелиот крај ќе го јадеш ти. Не сум ти лута.Има зошто да сум ти? превод:Сфати сам дека сум ти лута,и дека и те како постои причина за тоа!
Тој:спиеш?! Јас:не не,станата сум(колку само не ) Тој:се налути? Јас:не бе,уживај(а уствари огин ми искача од уши,нос..ма од сегде )