[/quote]Најчести лаги што си ги слушам од либето се -Тргни јас искачам од дома (кога се чекаме негде да одиме заедно..и јас секогаш си почекувам по 5-10 мин он да стигне! ) -Или кога сме на телефон некогаш ќе осетам дека негде лета со паметот,ќе го прашам Што правиш?ПАК играш Dota? - Нееееееее...гледам тука нешто (а го осеќам се нервира нешто мрмла од играта :geek: )[/quote] Eе е е тоа е муабетот!
Сметам дека не ме лажел до сега, не сме доволно долго заедно. Плус, не се случиле некои работи до сега за кои би требало да ме излаже. Ме нервира фразата: не гледам во други, кога те имам тебе. Помине некоја со стегната задница ала Бијонсе, он врти глава на друга страна да не ја гледа јас ја буљам. -.- Му викам аман бе човеку, и јас гледам, тој не па не.
И мојот дечко така се вади, како минус пред заграда )) Или вика „не уплатив спортска“ или (ако веќе претходно ми кажал дека ќе оди во кладилница) „само едно ливче од 50ден“
не изгледаш дебела во тоа абе ми снема батерија на телефонот затоа не те барав од утре престанувам со пушење (и никако да дојде тоа утре кога ке престане)
ми се јавија другарите за искачање а уствари он бил иницијаторот со нив никогаш не е уморен а испадне со мене ми се спие не сум спан ги научив веке тие изговори и веке ми е смешно
Немаш целулит. А ко портокал сум на задникот Незнам дали се прави слеп, или пак стварно незнае што е целулит, ама во секој случај услуга ми прави, па така јас не си се замарам со тие работи, си јадам кога ми се јаде, ни калории бројам, нит па знам како се бројат
"Многу сум уморен може ли утре да излеземе?" "Не сум го слушнал телефонот затоа не ти кренав." "Од утре ги откажувам цигарите."
“ Не играв сони, каснам зашо имаше гужва у сообраќај’’ - А живееме на 10 минути пешки.. “Не ти е многу кратко фустанчето, ти викам да се пресоблечеш ладно да не ти биде’’ - Надвор 40 степени, кенгури се комираат.... “Не гледам фудбал, нешто за на работа документи средуваме со колеги’’ - А у позадина слушаш ГООООЛ “Ја тебе ни за Анџелина Џоли не би те мењал, вода може да ти носи’’ - Да, да! Да му се јави на трепки ако треба ќе отиде по неа....
Ииии...што лаги изначитав.Поголемиот дел се смешки,ама некои...за некои...некои...ќотек и разговор бараат. У задње му е актуелно,дека верува у мене (а знам дека се моли пред икона,да не ја заплескам работата),немаш целулит (абе ич,ко на Офи и овој,па ќе ми прати слика од некоја,шо едвај и се гледа и ми вика,е оваа има,а не ти и тука сузички ми одат),не си здебелена,не сум помислил на друга еве,откако сме заедно (добро бе,жив чоек си ти или?!),кога збориме на телефон,занесен е,го прашувам,на компјутер си,не,на компјутер си,не и така сто пати и на крај,да бе,да проверував резултати ,ко да ќе го тепам ако каже дека е,а мене ми е поентата да си речам у себе,колку сум добра еј,се знам!
-Ќе си легнам сега уште една партија само(дали кантер, дота итн.) -Кој ја, не сум бе срце(секогаш кога е пијан го вика овоа, а другио ден ќе рече леле синоќа бев расцепен) -Утре ќе одам на факултет, а мој одговор на тоа -А за кората од портокал, ја имам у големи количини, а тој срце, секогаш вика имаш најубава задница,овоа сакам да верувам дека е вистина, ама гледам колкава ми е и целата дупчеста(може до мене гледам искривена слика )...
-Ќе си легнам сега уште една партија само(дали кантер, дота итн.) -Јас? Неее Никогаш не сум пишувал со неа! -Офф појма немам која е, никогаш не сум и го гледал профилот ( а во најпосетени му е ) -Јок! Абе не е грда ама не ми се ни свиѓа, ниедна не е поубава од тебе, на оваа И фали.. (и кажува нешто, а гледам како му паднала вилицата)
хахахаха... еве од мојот неколку: -појма немам која е типката (yeah,right!) -во дискотеката кога бевме со другарите само мажи имаше, или имаше и жени ама сите грди беа -не спијам, одмарам. -повеќе нема да го направам тоа (до следната прилика сигурно не ) Тоа за порничите незнам од каде сте го извадиле, ама воопшто не прашувам... нека си гледа детето, мене воопшто не ми пречи
-јас љубоморен?мисли си .. -ќе ти се јавам покасно.. -не спијам,одмарам .. -не играм кантер поише... -незнам која е само така ми стои у пријатели (а типот плакне очи на нејзе,вилица му паднала)
Еј ќе одмарам малку, за 2 саати ќе ти се јавам. А он фубал гледа. Па кажи бре човеку, не се лутам. Или мислиш ќе ти избаксузирам нешто па нема да фатиш у кладилница (а стварно мисли дека сум пророк)