Не го тин*** Не гледам порно ! Утре не можам кај брачед ми сум, или со брат ми имам работа Немам време, кога ќе имам Не сум љубоморен
хахаха,девојќи ме изнасмеавте најчеста лага?хммм... 1.од денес не пушам..и после 5мин ..ахам да де не пуши 2.кога ќе му речам "што ја гледаш онаа" а он "не бе ја гледав како е облечена"...па да де,кога таа облекла минич незнам,не ми текнуваат други,ама обично не лаже многу,си кажува се што ќе му текне на памет. а за порничи не му се лутат,дури и ми кажува "ауф каква е оваа,колкави и се" јас си се смеам,што ќе му праиш,машко ко машко.
1. Немам потреба да сум љубоморен 2.Ќе ти се јавам за 30 минути аа можи и побрзо (ааа го чекам два сати дур да звони) 3.Еве излегвам од дома (јас стигнувам кај шо се чекаме аа него го нема) Ете тие се...можи има и други ама јас незнам дека се лаги
-кога ке прашам за било што дали е убаво обавезно одговара со ДА -немал потреба да гледа по други -не гледал порничи -не игра кантер -не излегол никаде -другар му инсистирал да одат на кафе (јеа рајт ) -не му треба фејсбук -не е љубоморен -многу ми е чудно како за сите останати девојки вели дека се грди, дебели, глупи итн.. -од утре сум на диета -не седнав на компјутер -веднаш си отидов дома, веднаш заспав.. Има уште но не ми текнува. Во глобала ситни лаги кои верувам нема машко кој не ги користи. И не знам зошто за такви глупости лаже, има страв ова дете од мене изгледа, абе не тепам еј..
- Сите девојки освен јас имаат гадни заби, или ќеЉАви се ( мхм ) или криви нозе... чуда! А тие што немаат ниедна маана се просечни, или ПОД -просечни ( како што би кажал он ) - Секогаш кога го д*ка мисли само на мене ххаха ( и кога ќе му речам а кога гледаш порничи и тогаш на мене да не мислиш?! ) и мртов озбилен он : значи ДА! - Незнам зошто секогаш кога ќе му речам - убаво си поминуваш ? ( а да не е со мене ) вика не ( абее даа )
И мојот кога ќе биде излезен без мене “неубаво“ поминува. Заморен сум одма ќе си легнам ( а легнал после неколку часа) Ме боли главата многу испив , од утре не пијам Од утре не пушам Во право си душо (да ме замолчи за нешто што му објаснувам, веќе му станало досадно) Кога ќе го прашам го среди тоа ( на пр дали завршил некоја работа дома и сл.) тој да се е готово без гајле, кога ќе видам ништо од тоа Заборавив ( во последно време често почнал да заборава ) ии др.
-Ќе се задржиш уште многу?-Не, излегувам за 15 минути. -И што сега, се лутиш?-Не бе, нема зашто да се лутам. -А кога одлучи дека....(на пр.ќе излегува или оди некаде)-Па, денес се договоривме (аха, да, сигурно) Отприлика тие се. Барем оние кои сум ги приметила.
Pоследно време мислам за секој збор сто го казува ме лазе Zатоа сто многу пати каза нема така да правам а пак така
Не сум веќе истиот, многу сум сменет! & Жими сестра, жими крст не сум го кажал тоа (ова го вика за секакви муабети што ги зборел за мене со другарите, а за кои и двајцата знаеме дека никој не може да ги дознае ако не каже он или јас)
Не сум многу љубоморен. Ќе пробам да ги откажам цигарите. И не сум знаела дека ако човек се труди да се откаже од нешто, дупло повеќе го конзумира истото. После реченицава, он буквално се труе. Да може од сегде ќе почне да чади.. како демек оваа ми е последната. Мајке ми, да. Петок, сабота, сме излегле одвоено, го прашувам: „Како си помина“? - „Па, добро маче, само подобро ќе беше и ти да дојдеше“. Мислам апла лага! После утредента слушаш муабети помеѓу другарите негови, “Еј онаа што играше до нас колку беше јака, брат виде ли каков гз, како го мрдаше само, ауууф“! И тука сите петнаесет минути гризат усни и замислуваат секс сцени. Ама не, мојов мижел, така да си знаете. Зошто не погледнува ниедна друга освен мене и најтапа си поминува кога јас не сум со него. И не мислам понатаму, страв ми е да не испадне ова еден од моите подолги постови во последен период. Како и да е, дури и слатко лаже. Па оди лути се..