За тоа што не се јавувам на телефон некогаш (а и тој ) за тоа што знам да доцнам, за фејсбук, за тоа што знае да погледне во некоја друга кога сме излезени, и така си тераме инает и двајцата, тврдоглави сме. А на него ништо не му се докажува, секогаш мисли дека е во право, а кога ќе му речам дај ми докази и факти молчи. Е за тоа највеќе. Абе бике т ој во хороскоп, па донекаде и навикнав па не си земам толку при срце (во 20 % од случаите). Ете така...
Најмногу заради бившите,заради тоа што не се јавува на телефон ( а знае дека најмногу се нервирам кога не ми крева) ,фејсбук или поради некое негово непромислено однесување.
И јас се придружувам кон клубот антикавгаџики. Година и 8 месеци, со повремени така, рчнувања, ама никогаш не сме се испокарале, да се отераме у пм.
Најчесто е тоа што јас сакам да ми се јавува на секој 10 минути... крива сум, знам.. .премногу барам.. ама сакам да го слушам што почесто.. се слушаме одприлика на секој саат ама ајде.. ко ќе дојди инаетот во мене ... ... аа да и друга причина фејзбукот и неговите пријателки
За глупости, еднаш се немаме искарано за нешто стварно големо или битно. На пример, зашто не кревал на телефон, а уствари спиел, зошто не ми вратил одма на фб, зошто ми се праи паметен ( за ова знае дека највеќе ме нервира и упорно ми го праи ) и така... а да, и еднаш се искаравме зошто јас му забранив да искочи со другар ама па стварно нејкев со него да иде, тој каков е женкариште кај со него сам во дискотека, не не неможе
Зошто се испијани вчера толку? Ти реков да не пијаш толку, не е убаво за тебе... ( ѓоа татко ми е) Абе што се звериш? Не ти се исплаши некој. - А јас нормално си правам муабет и после намерно го повишувам тонот и доаѓа до мала кавга. А други посериозни кавги ретко сме имале, само за глупости се караме.
Пу, пу одамна се немам искарано за нешто сериозно. Сега кога размислувам за нашите „кавги“ баш смешно ми изгледаат. Постојано се закачкаме за нешто, има префрлувања и слични работи, ама големи кавги, па не. Се случувало некогаш да прекинеме контакт на неколку дена, сме си разменувале и некои неубави зборови во афект, ама се завршувало среќно. Со оглед на тоа што оддржуваме врска на далечина, не сакам, а и не би требало да се жалам. Се повеќе верувам дека тие префрлања од негова страна се поради тоа што знае дека ќе ме налути, бидејќи јас сум најголемата љутка на светот. А, тоа нему најверојатно смешно му изгледа. Компромис е клучниот збор, ама и двајцата сме инаети. Најголема причина за закачки е оваа. Да се докаже дека другиот греши. Сепак, со тек на време научив да разликувам кога ме нервира за да се насмее самиот, а кога го мисли сериозно тоа што го кажува. Either way, јас изнервирана, па мора да вратам.. И така почнува д неврендинг стори мај лејдис. Се додека ме уверува дека ме сака, никаква кавга нема да сфатам сериозно. Бидејќи нели, љубовта победува се, па дури и трка на милион километри со пречки.
Не ме е јасно како до тука дојдовме со тоа проклетиот фејсбук. Јас најчесто се лутам ради тие ‘‘пријателките‘‘ што ги аднува демек они го аднувале многу се нервирам еј многу. Тоа најчесто преминува во кавга и што не ми се јавува кога ќе отиде негде а јас сум веќе нацртана кај него мислејќи дека спие (не се договараме кога како да доаѓам, кога јас сакам ) е така. Јас не правам ништо ама ако направам абе готово е крај.
Љубомората, особено од моја страна, фб најчесто, и секако неговото криење, непризнавање. Најчесто се караме заради мене...
Cо дечко ми се караме и се сакаме секој ден Тој вели деке ме сакал повеќе јас велам "јас те сакам повеќе" тој "јас највеќе" јас "па јас те сакам најнајвеќе" и така..
најчесто се караме затоа што поминуваме премалку време заедно, или пак поминуваме не го поминуваме тоа време квалитетно, многу различни карактери сме, јас сакам да се журкам, он да биде релаксиран -.- често и за тоа се караме.. банални работи.. немаме проблеми со љубомора, со пикање у врска и такви ствари..
Значи најголем процент од кавгите се е од тој проклет фејзбук така кажано...Аххх тој фејзбук..крај краева бриши ти и тој и чао..
Да беше една работа ај ама ехеееее има милион работи, он избувлив, јас трпам трпам ама понекогаш експлодирам и сум многу параноична, и откако ќе се испокараме јас плачам бидејќи кога се нервирам плачам и он ми се чуди, јас уште повеќе плачам зошто сметам дека треба да ме утеши а да не се чуди ( а богами за чудење сум) и така..