Партафел наместо новчаник. Трипати препрашував за да сфатам другарка ми од Кавадарци што сака да ми каже.
Шуќур, нешто во стилот : ,,Фала богу .... '' Нели пример викаат: Шуќур се врати дома. Демек фала богу се врати дома. А ќешки, како: ,,Дај боже да ...'', ама може и на друг начин да се сфати. Баба ми често го употребува, пример: Ќешки да имавме сите... Подобро врска немам како да ги објаснам .
Ќешки - Камо да .... Не знам на кој дијалект се точно ќешки и шуќур, можда се турцизми со турско потекло, ама во кичевски дијалект многу се употребуваат,
еве и на Беровски: клепаци - влечки гребен - чешал корем - стомак бунела - виљушка башча - татко мача - мајка искам - сакам корем - стомак јабака - јаболко чирел - подрум балтија - секира царевица - пченка дреј - алишта дума - збор жвака- мастика папуци - кондури перде - завеса џам - прозорец свет - луѓе читка - цвеќе
Кај мене во Тетово нема човек да не го користи ова шуќур, под превод фала богу, конечно и сл. Чинам води потекло од турски збор. Турцизам. А на мене пак најчудно ми беше кога во Југоисточна Македонија слушнав вонка- надвор. Многу ми е смешно, тогаш бев мала кога го дознав зборов, и прво ме асоцираше на Вили Вонка од филмот Чоколадна фабрика . Мислам така се викаше, со Џони Дип. Spoiler Шуќур да пишам нешто на форумов, пасивна сум во последно време.
А брачед ми од Битола ми вика леле си направила кркми, а јас чукната се згазив од смеење, што се тоа сеа кркми жити бога, а тоа да ми ти биле шишки... лооол
Излак-Бунар Кофтор-Ќумбе Чужџо-Туѓо Дреи-Алишта Кашча-Куќа Џам-Прозор Шчерка-Ќерка Мача-Мајка Башча-Татко Оџин-Оган Пижовјак-Полжав Бунела-Виљушка Зглавница-Перница На Малешевски
мене ме нервираат некои зборови кога ќе ги слушнам на Битолски дијалект, иако живеам во Битола.. на пример - Матуфа - Глупава Мањак - незнам дали е на Битолски дијалект мислам дека е на Скопски ама стварно ми е глупав зборот, се знае, МАНИЈАК а не Мањак Исто чуден ми беше и Кркми бидејќи јас го знаев како Шишки и секогаш ми се смееја кога ќе речев Шишки, па затоа сега и Шишки глуп ми стана и многу др. на кои сега не можам да се сетам инаку kitty.lover за вонка, не е само во југоисточна туку и во северноисточна јас имам први братучеди, тетка, тетин и баба во М. Каменица а во тој регион - М. Каменица, Делчево и др. многу мешаат македонски со бугарски зборови, па затоа секогаш ми се смешни
шљупка Е тоа ви е уствари лушпа по нашки. Многу се смеев кога ја слушнав баба ми додека си лупеше пиперки, го отече дедо ми - извади шљупките - децата нејќеле шљупки во ајварот. А кој сака бре, бабичке ? Го бев заборавила зборот, кај се потсетив, цел ден си се смеам.