Кај нас не се вели вака но многу ми е смешен зборов менѓуши или минѓуши незнам како ги викате. Ние ги викаме обетки.
^ Обетки е правилно. Менѓуши сум го слушнала во скопскиот регион. Ние убетки ги викаме. А смешен ми е машинче (велешки) за острилка (литературно). Ние режало викаме.
Викаат ли некаде наместо виткана коса, к'драва коса? Спојлер Јас знам порано така викав, но сега еве викам виткана коса и сите така викаат. Можеби од постариве така сум се навикнала,или?
А ние ги викаме обечки. Кај нас за гравот викаат боб. Викаат, викаат како не, кај нас така викаат к’дрва коса, а јас не знаев дека тоа е виткана коса.
Цаци, двете сме од Струмица а различно збориме. Ни викаме Дуделе на тоа за мокрење. И ние викаме к’драва коса.
Јас пак имам слушнато за клозет или ќенеф да се употребува наместо вц. Негде по интернетов видов,сум умрела од смеа.
На Штипски викаме сак,с за гума за џвакање. шиник - мерка за жито , опалач - запалка, брав -овен крвњак- нерез(машка свиња) ј,зк-бре душман-непријател јабуќи-јаболка багабонт-деликвент аутобус-автобус чичо-чичко сл,нце-сонце не ми текнува а има многу смешни.
Пајнца-Ај дај ми ја пајнцата,дедо ми од Куманово ми вели шо е тоа Пајнца,дека во КУ се вика тањир. Пајнца-тањир=чинија