Ајде да пишам и јас од мојот малешевски дијалект такви зборови. Клепаци=влечки паница=чинија чефрлига=потечено место после некој јак удар често на глава кашча=куќа бунела=виљушка
Другарка на сестра ми од факултет во повеќе наврати ја имам слушнато како го употребува зборот "Литрак" (не ми текнува од кај беше) знаете што значи тоа? Мн ми е интересна кога ке го каже имаше и други ама сега не ми текнуваат
Бидени на струшки. Една другарка ми го кажува зборов и неможев никако да ја најдам логиката во бидена и отидена Ми требаше малце време, ама добро е го научив. Иначе си знам да си употребувам некои дијалекти и турски фрази и скоро сите ме прашуваат е сеа ова што ти е? е сеа она што ти е?.. Малце да смениме
ас, ус, сус, сас, су - со Пр. Ќе те мајнам сус бунеелта Spoiler мајнам=мавнам бунела=вилушка Јас само су употребувам, а баба ми од горенаведените кое ќе и дојде.
Кај мене: алапача - некој што многу знае да зборува кт,ск - кога,сега менѓушке - обетки Ама нешто што ми е најсмешно,од охридскиот дијалект е кога ке употребат Уба наместо Добра. Ме имаат прашано:Уба си?,и јас нормално мислев ме прашуваат дали сум убава.
Џагали-сливи Каленица-ориз во тепсија со батаци Јапонки-Апостолки И во повеќе наврати имам слушано наместо стави го ,,пример,, дрвото во оган-тури го,или(ја ја) за навистина.
Чакмако на битолски, упаљачот на скопски, запалка литературно ама се изнасмеав кога го чув првпат зборов. Вака кумановскиот дијалект ми е многу интересен, струмичкиот многу брзо зборат и пола зборови не ги разбирам ,ама дебарскиот и прилепскиот ич не ми се свиѓаат, не знам зошто. Си ги анализирав јас битно.
Пооделни збоρови не ми теκнуваат моментално ама стρумичκиот дијалеκт најинтеρесен е , понеκогаш дуρи и не ρазбиρам што збоρуваат.
Хехехе пошо таткоми е од Кавадарци а мајками од Охрид често знам да замешам некој збор. Живееме во Охрид, но таткоми си зборува кавадаречки... Кога учев во основно бев дежурна и бришев табла и влезе некој/а да побара сунгер и добро го зема и после 10-15 мин го враќа и јас викам ТУРИ ГО ТУКА... Сите пукнаа од смеа важно јас си се разбрав. Исто така често пати се смееме со другарками и кога не ме разбира и викам пишо го во речникот ќе се најде. често знам да кажам распашана,млита,трома Распашана- растурена, распуштена да незнае што прави. Млита- омалаксана Трома-бавна
Хаха, Македонка и јас дојдов на темава за да го пишам „кеси„ тоа го употербува ена пријателка од Стуга значи од тој дијалект е. Првпат коа ми рече „Кеси?„ јас и викам какви кеси, она мори ке си до сега? И јас абе какви кеси, неам кеси не земав не ми кажа
чушки - пиперки пишии - мекици соленки - кифлички лафе - зборува повтене - спомне дек ќе одиш - каде ќе одиш џоа- како (кога се споредува нешто) џаламари - василичари Ова се неколку неготински зборови... а што е уште покарактеристично, на секој втор збор велат - да ја е*ам мајка ти, илинекоја слична псовка
Јас мислев само во Гостиварскиот дијалект го има бисеров, но ете сум се излажала. Во Струга иста приказна било Ме насмеа со пријателката твоја