каленица е чинија онаа длабоката, тоа оризот е пилав/пиљав зависи од локација, ама каленица ориз никаде не е
"КАСЛЕМ" - намерно !! хаха е обаа зборче ќе го слушнеш ако седиш со баба ти.. сега и јас го употребувам, но не сериозно него на шала онака.. не е прифатен во лексиката на мојот јазик уште нешто од баба ми : "КАКО ВОА ВАКА ГО ОДЛУЧУВАТЕ" хаха
Партафел за паричник, другарка од Кавадарци. Ми вика: "Донеси ми го партафелот", се чудев пет минути и неколкупати ја препрашав што и треба
чакмак-запалка Имаш чакмак?-најчесто се прашува ова кога некој сака цигара да запали Имаш акал во таа глата?-акал е памет нешто од битолскиот дијалект
мене гевгеличани ми се најзакон најинтересно зборуваат..и сакаам многу да ги слушам ...имав цимерки од гевгелија и научив од нив многу.....
Менѓуши, хаљина или помаранџа е тие коа ги слушнам коса ми се крева. А најинтересно ми е кавадаречки, се газам од смеење
Најглуп моментално ми е Битолскиот :Мајка ми ко беше трудна во мене , падна . Зборува како да била таму , во сегашно време .
Леле, само да знаеш во Источна онедува колку широко значење има, може буквално за се да се користи. Па дури и за онаа работа кога некој има малку поперверзен ум.
Коа другарка ми од Тетово ќе почнеше да вика "га" за "ja" дојди разбери ја. Ела - дојди, дури и мене чудно ми станува.
Мене цела фамилија се од таму мајка ми коа ќе почне паланачки да цепа на мобилен кога ќе зборуба сп стрина ми тетла ми или со браќата ми доаѓа чудно како така одма го врти дијалектот од скопски на паланачки. Јас секое лето идам тажу у ранковци радибуш и муиждивјак И си ка сакам Паланка
а ја у автобус се возев со една тетовчанка и иди па разверија дејче вика и викам што ти значи тоа па ми вика девојче