Не знаев дека терминот карпус во Ох, Бт, Ресен се користи за лубеница. Пред две год, седиме кај другаров и ми вика: - А, оти ти не зeмиш карпус? И ја таква зачудена, појма немам што е тоа. Гледај лево, десно, пред мене ама не гледам никаков карпус. Го прашувам што им е тоа карпус, кај го има. Абе сите слатко си се изнасмеаја, а мене незгодно ми падна. Тек ко дознав, и мене ми падна смешно оти цело време пред нос ми бил карпусот
Гдје си га туре туј ќе си га најдеш -Кумановски израз за Каде си го ставила тука ќе си го најдеш (не можев да си пронајдам еден фустан и тука настапува другарка ми аххахаха и јас зачудено ја гледам ко од марс падната хахах кога ќе зборат брзо кумановчаните неможам да ги разберам шо зборат хахаха ) ГРУМЕНЧЕ викаат за мало парче. ЈАХУДИЈА викаат за човек што бил скржав . КАКО ТИ ИМЕШЕ ? значело како ти е името или како се викаш Чудни изрази имаат во Куманово, кога ги употребувале зборовиве секад сум прашувала шо значат хахаха
"неисе" - го слушам овој збор кај Јанко бурекот. Секој трет збор му е тој. А појма немам што значи. Или е српски збор или некој нов измислен.
А Струмичкио дијалект как вее? Ај да ва виим дали ќе мооште да гуворате.Хаха јаки се струмичани. Шо гувораш бе? - Ој купи ми френки и чушки. Ќооте ли на саир? Хахахахах имаат многу смешни фрази
Паа еве нешто и на Радовишки Ги имаме прилично многу, но ајде овие ќе ги издвојам Кајнаци-џамлии Перосах се- дека сте се удриле од нешто л’ска-светка,сјае шевја-алишта ајљак-слободен
Никој жив во Струмица нема кажано „Ој купи ми френки и чушки.“ Зборовите се употребуваат, реченицава не.
Сум слушнала еден постар човек овде во Тетово како вели : ај анасана бре јаз'к .. Прашав што значи ова ми вели : ај мајката бе штета ..
Туши Знам што ќе си помислите,јас кога го слушнав се згазив од смеење,и после да ми речат дека има значење како лежи,се одмара,спие И ја ваква молам?
Погоре сретнав фиљан човек фраза-збор кај нас во Тетово ова го користат кога некој човек кој им помогнал за нешто не сакаат да му го кажат името Пр : Јас до оваа работа стигнав преку фиљан човек , ми помогна фиљан човек . Лојче - стари Тетовци за лажичка Ако ми текне уште некоја фраза или збор ке допишам