Eнос - Тек Лагах - Планирав Патати - ај по некоја логика укапирав дека се компири Не се коси/ Што се косиш - Ова кавадаречки е ? Демек што се секираш. Има уште, ама не ми текнува. Ама сега перфектно зборувам и разбирам гевгелиски и струмички.
Истај - извади ... струга Бунела-вилушка ... струмица Паица-тањир ... струга Варкај-пази ... кумановско Ќе ми текнат и друѓи. ..
Краток Битолски речник чупе – девојче стило – пенкало чакмак – запалка соба – печка (за греење) сабасаба – рано наутро поќе – повеќе чактисва – сфаќа, разбира одма – веднаш оти? / оти – „Зошто?“ / „Затоа што“ матуф / дида – луд аџеле – итно апансас – изненадно, брзо набафтана – згора, преку, невнимателно такуѓере – полош / полоша усул / исав – осет љуфна – промаши шубе – сомнеж стипса – стегнат (за материјални работи) форес – стрвост од немукает – од непромисленост инкер – малер крлешка – лулашка шуќур – фала богу, конечно, алелуја кркма – шишка терсене – комплициран, тежок за ракување загоритенџере – некој шо е изгубен во просторо и времето, забораен чакати – пари бучкуруш – хаос дупнимандало – итар лапниголтни – наивен ленгир – линиар режало – острилка за моливи пајнца – чинија јанглаш – се користи кога некој не е во право („Јанглаш си“) ќенеф – полско WC збоктисано – преку глава дрндлест – зборлест муфте – гага, за беспари уљандисан – загрижен, разочаран, вознемирен џам – стакло, прозорец ексик – (по ѓаволите?) ѕунѕурки – лампиони му се бендиса – му се допадна кабадаја – ?
Влегувам во мало продавниче во Штип, барам мастики (бидејки не беа на излог а ниту на касата) и девојчето ми вели „те ги те на најгорната полица“ - покажувајки на алкохолните пијалаци, ајде дури да се разбериме дека станува збор за „скзи“.
ЧДР - чадор. Изговорено ќе разберам, ама во смс 10 пати препрочитав за да укапирам што треба да земам
Кај нас у Струмица ''Не ми е гајле'' и ''Гајле ми е '' имат исто значење. „Балосал сам се, не сам забакардисал“ (од вицот) - Се занесов, не забележав
Мене јазикот во охрид ми е многу смешен катастрофален Една ми вели поздрави му ја на свекрвати земи го точкот ( земи го велосипедот ) зш така
Зш ма вака за охриѓани?? Ауу шчо ме Речи му на сестра ти... Муабет на улица - е ре? Е! Ти е? ( Демек - како си, арен, ти ) Имате пиво - немат, имат снемано. Мат имат? Имат немат... .....
Кому е брига за охридскиот јазик кога имаме природа и убавина ШО НИГДЕ НЕМОЈТ ДА СЕ НАЈТ НА ДРУГО МЕСТО?