На времето,татко ми се чудел кога ќе го прашаат-,,зете убав си,,,се мислел како да одговори,демек тие треба да кажат дали е убав или не,на крај се разбрале.Така е кога ќе земиш жена од Охридско-Струшки регион
Неодамна од баба ми го слушнав зборот коцали, во превод плетенки. И шамче/каврак - шамија/марамче така некако беше.
Турма - маса луѓе да влегуваат низ една врата наеднаш ( сите турма ) - поречански ( од на баба ми селото )
Тетовски Туе- тука К'де-каде Пондила-штала Ограда од камења - камара Збориш песќинќерела - зборуваш глупости (баба ми ја користеше оваа фраза) Грм- грмушка Алто-автомобил Јуже-јаже
Купус е на српски, веројатно останало да се користи од времето. И јас викам купус. Кабадаја е мангуп, некој кој се прави важен Се изначитав на темава зборови што не сум ги знаела. Од моја дружба со луѓе од различни краеви, најчуден збор што сум го слушнала се папучи на струмички- ИМИНИИ
ИмаТ Лак ? (во бои и лакови) НемаТ лак имаТ мат лак Со Стружани и Охриѓани разбирачка немаТ @simonka @LivingGlam @Annath (Bubale неможам да ја тагирам) @elimkd
Во Охрид не мојт да немат. Мојт само да имат снемано. Ако немат ни мат ни немат, значит имат снемано.