Дедо ми:Са разбудих застринта,гу завалих огинот,саа кладех винтијаакта,си ѓи кладех пандофлите и испаднах дооам ду дуќанот да си купум леб...И коа са враќум гледум питељката на винтијакната ми са скинала...Ај земах да а шиам Превод:Се разбудив сабалје,го запалив огнот,си ја облеков јакната,си ги ставив влечките и испаднав да одам на продавница да купам леб.Кога на враќање гледам копчето ми се скинало на јакната.Почнав да го шијум
Убечки - Обетки Џизве - Ѓезве Патати - Компири Јабулки - Јаболки Немоам д сфатум - Неможам да сфатам Винтијага - Јакна Кути муа на го*но си! - Како мува на го*но си! Точук - Велосипед Вајн ( Ваадин ) - Денес Има уште многу на гевгелиски дијалект (а они го викаат гивгилијски) ама ме мрзи да пишувам веќе
На беровски: Клепаци-влечки Паница-чинија Шо ти текна са-што ти текна Че одиш ле на пазар комши-ќе одиш ли на пазар соседу
Како не сум ја видела темава до сега хаха Од мојата посета на Струмица најмногу сум ги запамтила следниве: 1) зборчина: какаратка (страчка), дудаци ( ох. бузи- лит. усни хаха), баршак (пченка), кукуратка (кочанот од пченката), пујка (мисирка), биба (патка), патичка (некое мало патче, патека), пичетка (марамче), 'рник (машка свиња), пандуфли ( ох. папучи- лит. топлинки), фљонга (панделка), пачавица (ох. ногајца- лит. да не се брукам не сум сигурна НОГАВИЦА можда?), чушка и френка мислам дека сите ги знајме... имат и мн други ама не ми текват во моментов... 2) фрази: - Пачавици мааш ли до факултето? - Не црки веќе, шо цркаш. ( некој ко ќе е досаден и гласен па демек да го стегниш, ова ЦРКИ им е нешто ко цифкање валда, цвичење.. ) И на тетовски: 1) зборчина: стукам (икам), цунам (ох. бацам- лит. бакнам), гачки (приказни), овај ми е најјак СЛАВИЦИ (за скали...хаха од сега ќе си викам "Ќе се качам по славицине"), гилик (скокот).. 2) фрази: - ќе те шлапнем (ќе ти удрам шамар/ лит. шлаканица) - не се чепати (не се задевај, во Ох "чепати" во многу поинаков контекст се користит ама ќе си ќутам ) - јајца шљачкани - матени демек - рацеве ми се со шапкајци- со пена, сапуница.. И пред некој ден седам на тераса и не знам на шо дијалект беше ама се згазив од смеење. Си прает муабет некој момичиња и од нигде никаде слушам: "Ка ќе те мунам една", ка ќе те шо??? Хахахахаха... Најверојатно закана дека ќе ја залепит, не сум сигурна