^ Отпасел се-ако некој се исече или огребе од нешто Пу ја'зк Ѓозли Да се залебеш Калци Мертиња Шерпа Тазе Пич *кој знае барем пола нека пише
Струмица води со неразбирливи зборови Да речеме пример, фаворит ми е електрична ѕманмка. Мислам дека вака се пишува.
Јас само ќе ви кажам да не сфаќате се` толку озбилно и здраво за готово- некогаш прилепчани, битолчани, струмичани, беровци, кавадарчани и не знам веќе од кои други поднебја, ве дупчат измислувајќи зборови кои реално не постојат, знаете како бугарскиот речник што беше- за велосипед пример меѓуножно бутало не ти знам што, така и овие. Електрична гитара си е електрична гитара, а некој се зезал инспириран од песната ѕма ѕма ѕм Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=mpIxDe3_8t8 и демек електрична ѕмаѕмка или како и да е Ова ми падна во очи, а има и други зборови кои реално не постојат, а некој ги измислува за да се направи интересен очигледно.
Во право си Сесилија, има зборови што се измислувани, чисто за забава. Ама ова го имам едно сто пати слушнато во Струмица, кога сум седела на кафе. Веројатно се користи најмногу разговорно, кај младите. Сигурно не ме заебавале и за бунела, патати, чушки , френки, курдела, ...ете ми текнаа сега овие
Eпа изгледа тие струмичани што јас ги знам користат електрична гитара За другите си во право и за бунела и за френка и чушка, патати е на гевгелиски, а курдела не знам што значи А вонка( надвор) и варка (брза) ? И реченица со овие зборови - Да одаме на варканик до вонка да испушаме по еден цигар. Превод: Да одиме набрзина до надвор, да испушиме по една цигара. И како да не се смееш после
И патати сум го слушнала во Струмица. Изгледа луѓево почнале да си мешаат и да си присвојуваат зборови. Којзнае.... А курдела е панделка, машничка. Баш читав скоро некаде статија, некој човек, разбирал 47 јазици, ама струмчкиот дијалект никако не можел да го разбере.
Старфиш, да не сме биле ние во различна Струмица ? Јас за машна знам дека се вика фљонга, машнична- фљонгичка, а не курдела Леле и јас го читав тоа, мислам дека беше во Вечер... Еве го најдов- 67 јазици биле http://skokni.blogspot.com/2012/03/67.html#more Eдит- можеби некоја струмичанка на форумов ќе ни ги разреши дилемиве
Како бе вака?! Или имаат многу голем обем на зборови, или ние нешто сме во заблуда. Имаме ли струмичанка да ни помогне, пред јас и Сесилија да ја оптеретиме темава?
тумрук - глупак, будала кљумбурче - балончиња од сапуница или од вода слубе - скали поеба се - се зезнав исцепи се - се удрив и ке пишу други кд ке ми текнев
Јас сум струмичанка, то за курдела познато ми е ама не знаев што значи(сега научив) а фљонга јас првпат слушам и да френки и чушки си е на струмички а патати не е струмични и оваа електрична ѕманмка првпат слушам, а не е ни точно дека така ја викаме електричната гитара ја викаме исто како сите
чуден и смешен ми е ѓувендија со велешани не се садат краставици криви ќе ти никнат Со денови мислев дека е јамболија, а тоа да ти било к*рва
Мислам дека е фљонга , 99 % сум сигурна , дека е вака, не сум стумичанка ама имам струмичко потекло, а и пола детство го минав таму, така да како мала фљонги ми га врузуваа врвците на патките
тељ - метална жица, ограда филан човек - некој непознат (небитен во приказната) човек наѓезмо - нане бузи - усни к’ркми - шишки пандуфи - влечки шеќерпаре - секое благо јадење кое се прелива со шербет скутина - престилка за готвење ако не се лажам уличка = сокаче = чекмеџе?