астал, аст'л - маса кајкушки - ова поим немам што беше точно, нешто ко бобинки, или зелени сливи, или ... што знам. џоглан - стапало. сак'з - мастики за џвакање по џомитки - демек, боштум, боштум, божемски (што е најтрагично и овие се дијалекти, просто изразов нема објаснување, се бара прилепчанка на помош). тимба - глава исѕемне - измрзне џаде - по патот, по главната улица уџум - таму не сакаш да одиш.
Хехе, типично Прилепски зборчиња. По џомитки или џомити или џоа е навидум Убаво ти го објасниле, пример да ти рече некој зборуваа по џомитки е дека всушност не зборувале, но се правеле како да зборуваат. Тимба, или нагалено тимбе иЗѕемне е не е исѕемне, ние не велиме ладно ми е, изѕемнав велиме Џаде ти е уличка, не мора да е главна. Уџум ти е некое место кое е мноооооогу далеку. Знаеме да речеме далеку е уџум
пантоли = панталони фармерки и се што е со две ногавици сач = вршник ( оноа ко конус на кое му се става врела пепел-жар и служи за печење) белегзија = алка, нараквица (накит) орДија = панаѓур пајнца = ваган = чинија ујдисват = одговара = се вклопува фанела = блуза, маица сќепар = тесла (алатка) Има уште само да ми текнат ))
КРКМИ - ЗА ШИШКИ, НА БИТОЛСКИ. Доаѓа братучетка ми од Битола и вика види си напраив кркми. хихихи интересно
штерка-керка виси-стои ѕаран-утре/сабајле пцеа-кучиња кандиса-се согласува фанела-кошула ич-ни малку изветреала-изглупавена отракана-паметна безер-срам туа-тука грлеста-зборлива фастан-фустан царевица-пченка калпазан-глупак скари-скали креве-кревет такмил-не спосона шолја-филџан клефаци-папучи џадија-ку**а ега не е к`смет ега се нема пусто да запустее
едит : бичкиџија -што сечи дрва со пила, бичкија - пила рачна Ми текна на видеово со бичкијата: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... dmEMbtHrFs ск'з - мастика