дздисал сам не сам забкрил ова е на струмички и стварно незнам како да ви го објаснам на ваше нешто како сум далдисал не сум забележал
http://www.makedonski.info/ Еве ви ако ви притреба нешто како *превод* xaxa јас се сеќавам една професорка по македонски ни го кажа речникот Ај се надевам ќе ви помогне за нешто
Маур - мачор (кичевски) Брмџал - бумбар (исто кичевски) Саде - само , чисто , немешано (најсреќавано во западните дијалекти ,Пр. саде кафе - само кафе ) Малецоо (со акцент на О) - мало (кичевски) Несалам - неисправно ,ненормално (прилепски) Ушници - обетки (кичевски) Бутур ми е смешен збор
Прилепски речник -чупе=девојче -налив=пенкало -шатор=чадор -скокале=џамлија -Не си салам=Не си нормален
^^^ Брмџал си е посебен вид инсект,не е бумбар Мизерија збор кои кичевчани многу често го употребуваат
^^Ќе се надоврзам на Теа. Не само во Делчево, истото го викаме и ние во Каменица. Еве уште нешто : ѓол-вир рибанки-кришки калпава-глупава мушица- мува бубалечка- буба башта ти - татко ти каштата- куќата цафти- цвета корем- стомак ѕерѕелии- кајсии бута- јаде како да не е видувал јадење куга- кога гашти- гаќи оште- уште иска- сака това-тоа не мога- не можам гулема- голема џам- прозорец поваркај- побрзај Доста ви се. Кога ќе ми текнат, ќе ви кажам и други. Инаку еве ви еден линк ако сакате да видите и да прочитате нешто на беровски дијалект. http://www.facebook.com/univerzalen.humor
А на кратовски дијалект многу ми е смешно кога наместо "Лелееее" викаат "Туууугоооо" или па на штипски "Еваааа"
Минатот лето значи се изнасмеавме со зборов.... доаѓа секое лето една другарка од Штип и ни го кажа : Б'ШЧИНКА ! ама па уште не ни е јасно што значи точно !