А инаку скопјанишчава многу ни се смеат на ЧАШИТКА или ЧАШИТЛАМА ..... па тоа кај нас Охрид е секојдневие ..
Карфија - шајка Тушни - бутни Евдеа - тука Питам - прашам Нура - бара М'сна - удари Курдиса - нешто кога тргнало, почнало Чурни - турни Тиска - јаде фамозната множина : слони - слонови, глувци - глушеци и најфамозната човек - човеци Ајле -многу Ѓоа - како Пет бона - 50 денари Газоза - џамлија ЛоЈзе - Лозје Каа - како Торко - смотан Мчи - ќути Ишиба - истепа (воа коо кинески ) Еве неколку на кои јас се сетив од мојот дијалект.
Сл'бице/ сл'пке - скали Пужељ - полжав - не е од градов,овде најнормално викаме полжав,туку е од едно од околниве села..
Дај ми гребено да разлешлам космето-Ова од едно девојче од Русиново, може не го напишав точно како што таа го кажуваше, ама треба да значи - Дај ми чешелот да изчешлам косата.
Иако зборуваме литературно па и ние имаме некои вакви зборчиња троа - малку кешки, белки - објаснување нема зијан - во загуба ќар - во добивка коо демек - како божем изветреана - и поминал рокот замаана - забегана љуткава - луда, ненормална Иначе овоа од велешки дијалект е
Да го разреши космето, така велат тие. А јас имам тетка мажена во Струмица и секогаш кога разговарам со неа, секогаш ја разбирам. Незнам зошто имате толку непознати зборови. Само за бунела не ја разбрав еднаш. И си прашав ми кажа дека било виљушка. А поназад видов дека пишувате курем. Кај нас е корем. Се се' ама кога слушнав во Штип дека за кришки велат момички е се згазив од смеа. Од кај пак момички . Еве ви едни фрази од зборови коишто старите ги употребуваат на Каменички: Куга се варках да излеа вонка, не видех праго и се сопех. -Кога се брзав да излезам надвор, не го видов прагот и се сопнав. Ка си одех по пато, па коа се тршнах низ андако, та доле ојдех. -Кога си одев по патот, па кога се тршнав низ провалијата, отидов долу. Бех се замајал, не забакарих. -Се замајав, не обрнав внимание. Цел ден можам да ви пишувам . Само што сега помладите генерации не ги употребуваат вака зборовите, и почнува да изумира, но по селата си остана.
Ама ако и ние така ги викаме. Јас па никогаш не сум викала момички, само рибанки. Источните дијалекти ми се најсмешни, ама оние нај на исток шо се наоѓат: беровски, делчевски итн. И струмичкиот е смешен.
Јас сум од Струмица и да фљонга го викаме а не курдела. Курдела не е струмички барем тоа е моето мислење. Патати е на гевгелиски мислам Се сеќавам баш на мојот братучед од Миравци на пржени компири викаше патати. И да електричната гитара ја викаме како сите.
А с'ј дали знаете што значи? Јас на ова сум се смеела три дена С'ј ле= навистина? А ја? Не ја како скратеница од јас, туку ја? Ја се користи кога некој нешто објаснува и слушателот како демек изненаден и додека говорникот објансува, слушателот цело време вели: ја. Фљонги/фљонгички е правилно во струмичко. Филија=парче леб.
Да ве просветлам малку струмички чушки-пиперки башак-пченка фасуљ-граф патати - компири бунела-виљушка Ќерфија - шајка енус - сега Балтија - секира Урига - ждрига мј - муви бј - болви сј - вистина Вонка(надвор) Гуничка(брканица) Диско(послужавник) Загуљн(глуп) Јадранка(апостолка) Курем(стомак) Ожлембан(насмеан) Сичко(се) Ујдисе(одговара) Цреп(саксија) Шпирто(кибрит) руби(алишта) џамо(прозорот)