А што е матуфа Ме интересира. П.С ставајте превод на зборовите по можност Мене ми е интересно, шатор прилепчани употребуваат за чадор или за новчаник тие велат ќесе на дијалект . И така некогаш ќе се збуневме со цимерката, таа ќе ми рече да и го подадам ќесето и ако има околу нас од овие обичните ќесиња и подавав
бузи - усни. гостивар и се е можно (сепак го обожавам градот дека таму живее дечко ми,хахаха) поздрави и бакнежи до сите вас
бајааги - многу Скопјаните го користат мислам, кај нас е бааѓи Абер, во реченица: „Да се немало абер“, а неможам да најдам буквален превод, ако знајте напишете.
Не би било "Да се немало поим", туку изразот се однесува на некој кога не му текнува да направи нешто (а се очекува да го направи) или 'мува не го лази', или "Да се немало текнувачка".
Шкрето. Ова од баба ми е зборчево, на дебарски дијалект и мислам дека значи нешто во смисол, лошо, проклето..
Абе дечки, ова патати е на гевгелиски, валандовски, што ти знам таму. Ние од Струмиченца не викаме така, баш си го викаме кУмпир (со акцент на И). Тоа значи луд, откачен. Имаа битолчани и друг збор, дида чинам беше. Битолчани се закон, имам роднини од таму и кога се гледаме, некако го подзаборавам мојов дијалект и си зборвам битолски без мака. Не за џабе рекле дека туѓото е послатко.
Дааа,хехех и мн ми е смешно. Ова и лафи (збори),знам дека кавадарчани и неготинци (правилно кажав?? )го кажуваат зборов.
Цепидлака е србизам и значи дека ептен ситничариш, го сечеш демек и влакното. Мене ми е исто чуден зборов кавл`к (мислам дека точно го напишав, инаку значи ѓезве на струмички) И оди знај да одговориш кога некој ќе те праша каде му е кавл`чето