КОлку често одите на гости кај него, и дали тој повеке доаѓа кај вас или вие кај него? Јас искрено многу повеке сакам он да доаѓа, некако непријатно ми е да одам таму, и да се сретнам со неговите, незнам зошто :?
До сега ниту еден нема дојдено дома, а ниту пак јас кај него. :mrgreen: А и во иднина нема да идат тој некојси дома, се додека не се преселам Скопје - студентски живот :mrgreen:
Одам кај него,всушност по скоро цел ден сум кај него.Има дуќан и одврти -заврти морам кај него да поминам Тоа му е во дворот.Но тоа сега,последниве две години,а како иди се повеќе и повеќе сум кај него.Пред две три години помалку одев,ми беше срам,посебно од татко му.Сега ми е нормално.Тој кај мене иде ама поретко,кога не се дома моите или за слави и слично.Па машко е јас ќе се мажам кај него,не тој кај мене
Кате морам да кажам дека овдека не ми се допаѓа како размислуваш!Колку што неговиот дом е твој дом толку и твојот дом треба да биде негов . Само не ги сфаќам погрешно девојките што размислуваат слично како тебе зашто кај нас уште од мали девојките се учат од родителите дека не е пристојно,достојно девојка да носи дечковци дома(жените с полноправни членови на секое семејство).Така е у најголем број у случаевите.Не дај боже девојка да помисли да донесе дечко за секс на една вечер кај неа дома.Ќе ја иселат од дома наспроти тоа машките секојдневно си носат женски дома и никој не им мрчи воопшто напротив татковците се гордеат со тие потези на нивните синови.И имаш една реченица многу интересна тука којашто несакам да ја спомена којашто отвара нови работи у дискусијата али за тоа не е ни место ни време.Поздрав :up:
boyfromtown,само се зафркавав,далеку од тоа дека така размислувам.И фала му на бога дека и мојот дом треба да биде негов,и така е.има целосно почитување со моите како јас со неговите.И уште да додадам дека моите се отворени од почетокот на нашата врска,секогаш ми велеа подобро ние се да знаеме,ти да ни кажеш и да се гледате кај нас,или кај него секако кога не ни се оди на друго место,отколку да се криете и да бегате па да ве кажуваат сите околу. Тоа што тебе не те бендисало јас го кажав онака на шега.Како и да е дечко ми некако повеќе се срами од моите,ама и тој полека како мене почна да се опушта
Што знам мене ми е исто дали јас ке дојдам или тој.. не дека ми е непријатно од мајка му или било што.. е сега ако ептен сме кнап со време и пари (пошто сме од различни места со дечко ми ) може да се договориме кој почесто ќе дојде....
Значи дома НИКОГАШ ДОСЕГА не сум донела дечко. Ниту пак планирам. Дома ќе го однесам оној вистинскиот, кога ќе се решиме на ВИСТИНСКИОТ чекор.
Паметно многу, јас само еден...и тоа настојуваше да ме запознаеш, па да ме запознаеш, зашто ме криеш, и ајде го запознав. А убаво ни беше вистина, имавме јас љубам да кажам - здрава врска. После еден месец раскинавме, паа буквално без никоја посебна причина. И дома кога ме прашуваа што требаше да кажам, па онаака раскинавме за ништо...глупа ситуација во секој случај.
Девојки,и јас ниту одев ниту тој кај мене ама откако увидовме дека нашава врска се движи во нагорна линија,занчи преминува во нешто сериозно,па планираме заеднички работи,живот,свадби и слично,тоа некако ни дојде спонтано.Секако дека ако го знаеш само два дена нема да го однесеш дома.Е сега никогаш не се знае до каде ќе те одведе животот,никогаш не вели никогаш,може се да се случи!
Од искуство зборувам, еден дечко имам запознаено само со моите. Со него одев 2години. Но откако раскинавме си реков дека никогаш повеќе нема да донесам дома некој, се додека не се појави вистинскиот, тој со кој ќе се омажам. Зошто? Заради тоа што сите после тоа ме замараат ме прашуваат, сите комшии го знае, сите роднини и ми се смачи се тоа. А татко ми убаво вика, јас не сакам да се запознавам така заради тоа што ти денес идеш со него, утре можеби нема, а мене може да ми зависи некоја работа од него во животот и тој знаејќи дека сум ти татко да не ми ја заврши, затоа подобро да не ме запознаваш.
Исто и јас така размислував. Дечковци дома не сум носела никогаш. Само сегашниов поради тоа што си имаме планови
Пред да донесам некој дома би се размислила повеќе пати.Но поради тоа што веќе го имам вистинскиот покрај мене подолго време речиси сеедно ни е дали сум јас кај него или тој кај мене битно ни е да сме заедно и да си поминуваме временце правејќи сваштарии.Е сега да кажеме јас сум повеќе кај него не од некоја посебна причина туку така ни е поудобно.За кого како
само сегашниов и тоа само на слава и кога сум сама, ама и тогаш ретко, заедно сме 3 години и супер ни е сега за сега, ама моите ми имаат кажано, дури не дојде за да те побара за жена нема зошто да доага воопшто :? . Мене не ми пречи и онака би била стегната, нема да можам ни да го бацам кога би биле моите дома
Јас сум поблиска со неговите, не ми е срам да отидам кај него, се случува да го чекам да се врати од негде, а во меѓувреме да си пиеме кафе со мајка му и сестра му, си го имаме муабетот. На него му е некако непријатно да доаѓа кај мене, доаѓа ретко. Јас кај него сум почесто, а со оглед на тоа дека има своја соба - имаме поголема приватност.
znaci do sega nitu jas nemam noseno deckovci doma, ne mi se dopagalo nikogas toa. ni segasniov decko so koj sum dolgo vreme ne doaga kaj mene, eventualno ako sum bolna ili po nekoj povod znaci...e sega ne deka jas mu zabranuvam toj da ide sepak dolgo vreme sme zaedno, ednostavno i toj e takov tip... a jas kaj nego odam i ubavo mi e
Доаѓал кај мене дома, исклучиво кога моите биле отсутни, додуша еднаш на "бегање" се судривме, ама нема никакви блискости ни тој со моите, ниту ја со неговите. А многу почесто сум му јас на гости,ама исто-само кога е сам. Не сме од тие типови што ќе седнат у друштво на родителите и ќе се дружат. Тоа е некако, не можам да го дефинирам, особено ако е пракса... Барем според моето гледиште.
На гости имам одено само кај сегашниот дечко а и само тој кај мене. Тој доаѓа кога татко ми не е дома (не се во најдобри односи). Јас одам почесто, сега кога мајка му и татко му не беа одреден период дома одев секој ден. Инаку и јас сум седела сама со мајка му и со сестра му па дури и со баба му додека го чекам него
Дечко ми доаѓа кај мене 2-3 пати во месецот. Јас не сум била кај него (тој живее во друг град). Овде во Скопје сум била само 3 пати во станот кај што живееше под кирија.
Јас сум релативно млада па и до сега имав само две врски. Првата врска ми беше 2 недели и немаше шанса да го донесам дома а и моите не знае за него. Сега сум со дечко ми во врска 2 месеци и моите знаат за тоа, знаат и роднините па ме зезаат зошто имам 17 години и сите знаат дека ми е „прв“. Инаку до сега немам одено кај него а тој дојде кај мене пред да бидеме во врска на нова година (чекавме кај мене) али тоа не е тоа. Инаку тој со неговата бивша бил нон-стоп заедно, кај него, кај неа, и тоа го гушело. Јас не сакам таква врска и одам полека