Јас сум почесто кај него, зошто е единец, собата му е секогаш нели - празна, додека кај мене, со сестра ми сум, па и не е секогаш погодно да доаѓа и дремеме сите тројца Но, како и да е, сакам кога ми доаѓа на гости. Го зезам дека се срами, зошто кај мене е секогаш побучно, и стално се погаѓа да има некој дојдено...
Кај него на гости јас повеќе одам се знам и со неговите па понекогаш и со мајка му кафенце пиеме И тој доаѓа кај мене на гости ама кога сум сама дома
Моите веќе се познаваа со него пред да се фатиме, но не и јас со неговите. Сепак доаѓаше само кога сум сама, те јас тогаш го викав Ама фати зима, а градов наш е малку мн досаден, во кола е ладно, па мораше да се најде некое решение. Така почнав да одам кај него(со 300 молења ) али по 1-2 месечно, иако е во иста куќа со неговите тој е на 2 кат сам, така да никогаш не се среќавам со нив. Инаку и јас сум мн против блискости со фамилиите, едно здраво - чисто од култура е доволно. Не дај Боже ќе раскинеш и што тогаш, и следниот така ќе го велчкаш, и тој после него...па чисто од почит кон твоите треба да пазиш. А ако работата отиде до свадба тогаш нема да можеш да дигнеш глава од нив, така да уживајте додека можете
никој од нас првата година не си одевме на гости. јас бев прва која му отидов на гости и тоа без да му кажам, ја отвори вратата неговата мајка потоа тој се појави од позадина цел црвен и насмеан, сепак му беше мило што јас го скршив мразот. но дури и сега ретко одам оти сум зафатена и плус тоа поинтересно ми е надвор отколку затворен во 4 ѕида. еве немам отидено од божик.
Одиме со дечко ми една година, и до една пред недела ни тој кај мене, ни јас кај него. Тој ме викаше, ама мене ми беше не знам, некако непријатно. Се до први мај, кога го скршив мразот и отидов. А тој кај мене нема доаѓано, не го ни викам Од причина што никогаш не сум сама дома. Родителите ќе се на работа, ама баба ми нон стоп е дома. А баба ми е со ептен голема уста Кој ќе ја трпи после Може за некој ептен голем повод да го доведам, ете за матурската, која се ближи.
Ни он кај мене , ни јас кај него, кога сме сами може а инаку мене ми е незгодно, а и него исто, скоро 5 години сме во врска и скоро 3 години имаме НАШЕ МЕСТО, едно мало станче , негово ама никој не го користи па таму си викаме гости, си правиме седенки, се пијанчиме си шетаме по гаќи и пижами, голи излегуваме од под туш. Тоа не е алтернативно место, никој не не замара, кога ќе ни се смачи од дома си одиме таму, кога е лето, за викенди, па дури и преку недела кога сакаме на раат да си дремнеме попладне, супер е и морам да кажам кој има можност нека проба , па колку и да е мал станот и гарсоњера да е незнаете колку релаксира. И во брак би сакала да живееме сами, нема споредба со живот во заедница, верувајте.
Тој е почесто сам , па и јас почесто сум кај него .. нема недела да не отидам јас кај него или он кај мене да дојде
Постојано сме еден кај друг, јас спијам кај него а и тој кај мене поради што многу се мразам. Ни преиде во навика, скоро никогаш не излегуваме... Кога би го вратила времето назад... аххх колку работи би променила а ова ќе биде една од тие.
Да одам кај него кога е сам или да си седеме во неговата соба без да се сретнам со неговите да,ама онака да одам да се запознавам со цела фамилија НЕ.Тоа би го направила само во случај да имам ептен сериозна врска,онака нема шанси,ме нервираат такви работи,да се запознавам со неговите,божем ке се зимаме,мала сум за тоа А кај мене нејкам да ми доаѓа
Ние уште од почеток на врската си одевме"на гости" Ретко кога сме пропуштиле ден да не се видиме кај него или кај мене,сеедно.И моите и неговите знаеја уште од почеток и мислам дека така е најубаво,секако доколку планирате сериозна врска. А ако не е така мислам дека не е вкусно сите момчиња да ги запознаваш со домашните и на крајот да не знаат со кого ке останеш!
ма кај него почнав првпат да одам после едногодишна врска и поарно ми е така,сега сме нонстоп он кај мене јас кај него,фактички пред да одеме кај него тој е кај мене па одеме кај него и така секоја вечер,а со насите немаме проблеми моите него го сметаат исто како син мислам за помагање на тато,заеднички вечери и слично ,кај него не е баштака кон мене ама не е лошо избегавам да се видам многу со неговите
И јас кај него и тој ка мене доага Но почесто јас одам.најмногу сакаме кога неговите не се дома,е тогаш уживаме
Кај мене дома. Јас не делам соба со никој. Моите почесто не се дома, а и кога се, не е некој особен проблем - распоредот на станот е супер и никој не гледа кој влегува кај мене. Ама моите секако знаат кога доаѓа и никогаш не ми направиле проблем. Не е секако моја вина што на 25 години не можам да си живеам сама. Многу разбрани родители имам.
Мајка ми го сака ...ама ете проблем со татко ми ни јас не разговарам а камоли пак дечко ми.Ретки се луѓето кои нашле начин да комуницираат правилно со него.Кај дечко ми сум по цел ден , многу пати знам и навечер да преспијам , неговата куќа е во секоја смисла и моја , си имам сопствен клуч и свои работи, тоа е нашето љубовно гнездо. Дошол неколку пати кај мене , ама јас таа куќа како своја не ја чувствувам така да баш ми е сеедно ..
И тој кај мене и јас кај него. Двајцата си се чувствуваме како да сме дома. Било јас или тој да дојде. Сеедно А нормално дека кај него повеќе сме отколку кај мене. Во секој случај не ни е проблем
Јас сум скапана кај него по цел ден и ноќ...а не сакам тоа да биде така ем срам ми е и од неговите ама тој ме влече...“идам јас да те земам“ ама затоа па кога не е овде по два месеци не се појавувам кај нив добро од почит онака на два пати по еден саат....а веќе кога сум кај нив не се ни чувсвувам како гостинка,јадам,спијам,се бањам,одмарам...половина сум преселена кај нив... а тој кај мене доаѓа кога мајка ми ќе не собере на ручек,за некој празник,кога треба да помуабете со татко ми за некоја работа да се консултират(многу си се слагат и се почитуваат)кога ме чека мене кога се спремам си пие кафе со мајка ми,за божиќ,за родендени и сл