1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На гости кај него или тој кај тебе

Дискусија во 'Врски' започната од maja8, 8 март 2010.

  1. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Сме седеле сами..И сеуште ништо немаме направено. I'm still virgin. :)
    А и не ни мислам, од сл година , па натака, ако идам со него сеуште, здравје.
    Дошол кај мене, ама страм ми е со таткоми да го запознаам, го носам некогаш кога мајками е сама, и се имаат запознаено,и многу го сака , некогаш мислам дека повеќе од мене :^) :D
    Таткоми, и тој знае, но ништо не ми спомнува. Доаѓа кај мене, и кога сум сама. Ќе си седнеме, ќе гледаме фиилм, ќе се маваме со пуканки, ќе го прскам со вода , ќе го гњавам, многу сакам кога сме сами кај мене :D
    А кај него , сме биле. На тераса само, со мајкаму :D И така неколку пати, пиеме кафе на тераса. Некогаш влегуваме и на ПЦ кога сакам нешто да му покажам и така.. :)
     
  2. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Jас по 8 месеци се запознајв со неговата мајка.Подоцна и со татко му.
    Одтогаш па натаму почнав почесто да одам кај него дома.Си седиме и со мајка му и со татко му па и со баба му.Убаво се чувствувам.
    Потоа мајка му си заминува си работи нешто низ куќа,а ние си работиме друго. :$
    Тој кај мене иди! Но тајно! :lol:
    Се извинувам за офф топик ама се потсетив на нешто лудо. :)
    Најинтересна ситуација беше кога бевме кај мене дома и имавме односи на спалната од мама и тато и потоа кога завршивме работа заедно појдовме во школо.Таму се сетив дека спермата од дечко ми остана завиткана со салфетка која стоеше на една полица од спалната.И потоа следуваше .... :$ ]:)
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Јас сум честа гостинка кај дечко ми, скоро секоја вечер!
    И покрај тоа што имаме долга врска сепак немам некоја голема близина со неговите родители,се имам сретнето неколкупати, па затоа и не одам да седам со нив, да пијам кафе, да муабетам...тие работи ги оставам за понатака ;) ! Нашето љубовно гнездо е на посебен спрат па така имам услови сега засега да ги одложувам средбите (случајни или неслучајни) со неговите родители!
    Тој пак е пореток гостин во мојот дом... Има доаѓано и на спиење кај мене дома кога моите се на одмор или викенд заминати на повеќе денови, но тоа ретко се случува! Претежно јас сум му гостинка, скоро секоја вечер ;)
     
  4. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    повеќе одам јас нај него, тој кај мен има дојдено 5-6 пати
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Јас кај него одам почесто, он избегнува доаѓање кај мене, многу му е незгодно зашто мама знае се, а и ми одговара, не сакам дома да носам дечко
    А кај него немам некој контакт со мајка му и татко му, добар ден, како сте? и тоа е... а знае мајка му да дојде да не зеза нешто и да кажува колку ме сака
     
  6. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    тој како мене доага многу ретко бидејќи му е незгодно од моите, а јас кај него сум преку еден ден на мене не ми е незгодно па затоа си одам
     
  7. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    118
    Искрено ни кај него ни кај мене, на улица.. нема баш нешто позитивно од одењето по дома. Посебно не ако е врската на почеток. За посериозни врски најверојатно и така и така...
     
  8. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Кај него, ако не секој, тогаш секој втор ден. Супер се согласувам и со неговите, многу ме почитуваат, ваљда не ми прават лице :^) И јас исто така многу ги почитувам и сакам, и супер ни оди муабетот. Е сеа кафиња, ручеци и такви официјални работи нема, а не ни сакам да има засега. Уште сме млади и зелени. :D
     
  9. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    хехех бидејки живееме во различни градови секогаш кога ке идам во неговиот град му одам на гости. се знам со сите негови дома, неговата сестра ми е многу добра другарка и воопшто не се срамам да одам кај него дома. и тој има доодено кај мене но кога моите родители биле отсутни затоа што нема шанси да го викнам кога сум со моите дома :P
     
  10. marija56

    marija56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    2
    и јас кај него и тој кај мене.. ама јас почесто кај негоо :P :)
     
  11. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Додека одев со сега веќе бившиот, цело време скапував кај него дома. Го имав запознаено целото семејство и се задружив со постарата сестра. Понекогаш и ручавме сите заедно. Воопшто не ми беше непријатно, нормална работа си е тоа, зошто да е непријатно.
     
  12. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    На почеток ми беше срам да одам кај него,па го викав кај мене ,ама мајка му ме ослободи фина женичка е :lol: и сега наизменично си одиме ама повеќе кај него :rofl:
    Не е важно кај кого одиме,заедно сме и тоа е најбитно :inlove:
     
  13. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    204
    Си идеме еден кај друг, ама повеќе јас идам кај него.. Кога го викам кај мене, он се вади со тоа ти си женско ти треба повеќе да доаѓаш бла бла :) Ама не ми смета, удобно се чуствувам кај него сум секој втор ден, со неговите си го имам муабетот и баш сум опуштена. Кога моите не се дома на неколку дена, обавезно доаѓа и преспива кај мене.. |-)
     
  14. sanaqualia

    sanaqualia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    33
    Офф, кога ке се сетам, ни требаше 6 месеци (ако не и повеќе) да поминат додека мајка му одлучи дека треба да дојдам кај нив. Иначе јас сум и бивша ученичка, она мене бивша наставничка и женава неќеше да помисли да дојдам кај нив се додека се не биде цакум-пакум по дома, да не се обрука пред ученичката демек :D , глупостиии. Се он доаѓаше кај мене, пошо моите се послободни, немаат предрасуди и секогаш беше добредојден. Ама со тек на време ми доаѓаше криво,што цело време он кисне кај мене, а ја кај него ниеднаш. После почна да ме вика скришно кога мајка му е на работа, такви двајцата на штрек да не не затекне. За да еден ден женава реши да ме викне официјално, ко за прв пат (нејзин прв :D ). Па тоа благо, солено, сокови, десерти, грицки, пречек - шведска маса. И еве оттогаш ( да чукнам у дрво) сум редовен посетител во нивниот дом, сега веќе не се притресува за тоа дали е чиста собата или дали има нешто на мени.
     
  15. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Е за ова поптполно си во право Boyfromtown. И не треба да постојат предрасуди за тоа дека е женско и не смее да носи дома дечко. Воопшто не се согласувам со тоа. Кај мене прво тој почна да доаѓа, моите се послободни така да кажам посовремени и ми дозволија и немаше никаква пречка. Јас кај него почнав по 3от месец да одам и на почетокот ми беше многу непријатно. До тогаш не сум одела дома кај никој и едноставно ми беше чудно. Но искрено да ви кажам колку што е добро тоа одењето па и не е. Станува во навика и само од кај мене-кај тебе. Јас правам голем трошок со тоа идењето кај него. Тој седи многу подалеку од мене скоро 4км. И некогаш ме носат од дома со автомобил кој што ќе стаса некогаш такси и тоа во 2 правци :worried:. Не знам тоа како да го променам. Едноставно изолиравме од се за друштво не иди во предвид да се зборне па не да се излезе некаде. Викендите дома сме. Хаос, затоа напоменав колку што е добро да знаат со кого си од дома па и толку не е. Јас сум многу загрижена да не стане врската монотона. Пишете некој совет како да успеам нешто да променам некаков поттик да дадам :worried:
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Значи ги прочитав сите мислења, и испаднав изрод! Јас многу ретко идам кај дечко ми, за 2 години сум била 5-6 пати, и тоа кога немало никој дома, а тој доаѓа 3-4 пати во месецот кај мене. Се лути што не одам, ама едноставно непријатно ми е да одам кога има некој дома. Ние си седиме во посебна соба, ама глупо ми е и тоа што треба да поминам во ходник, знаат дека сум таму, а не одам да им кажам Добро вечер. Се надевам дека ке ми помине срамот, ама како и да е, во никој случај не би седела со неговите на кафе, осеќам дека ке ме испрашаат за домашната историја до трето колено наназад :lol:
     
  17. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    12
    Кај него многу често. Доаѓаме и кај мене, но поретко. Некој пат кога ќе се заредам, ноќ за ноќ, срам ми е, ама ме бодри, уживај, знаат дека ќе дојдеш, се чудат кога не доаѓаш :D
    Никогаш нема да заборавам како се запознав со мајка му, тетка му и вујко му... Ми вика сам сум дома до утре, доаѓај на спиење, одам јас, си преспиваме, се будиме сабајлето, оди тој да купи леб и тие некои 15 мин додека излезе мене ми ѕвони некој на врата, јас си седам, не отварам, си седам во соба, и прометив дека некој влезе во ходник и јас ја отворив вратата од соба и се сретнавме :$
    Пукнав од срам и едвај кажав дека е до продавница. :lol:
     
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    21.755
    Пол:
    Женски
    Прв пат отидов на гости кај дечко ми за ланската Нова година,т.е. после 3тиот месец од врската. Потоа отидов за Мајот и летото бев 3 пати. Секогаш кога одам кај него и спијам по 3-4 дена бидејќи сме од различни градови, тој Кавадарци, јас Кочани и морав да се запознаам со неговите. Ама ептен пријатни луѓе се. Инаку и тој доаѓа кај мене, нормално со преспивање ден-два, се знае и со моите и нема никаков проблем во врска со тоа. Додека трае школската година и двајцата сме во Штип на факултет така да почесто сум кај него во станот отколку кај мене дома :lol:
     
  19. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Моите кога идат на одмори и по викенди неколку пати годишно он се пакува и се сели кај мене, а вообичаено кај него зашто уште не сум го запознала со моите :wasntme:
     
  20. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    2 години сме заедно, а за прв пат кај мене дојде после 6 месеци.
    Бидејќи студира во мојот град постојано сум во станот кај него :D :D :D и ни е супер. Тој доаѓа кај мене и се знае со моите, а јас дома во неговиот град имам одено само неколкупати и се имам запознаено се неговите поблиски.