хех па јас уште кога се фатив со него уште првата недела тој ми дојде на гости и што да ви кажувам сите комшии го ишмекаа од зградата а некои пак дојдоа и да го видат хехех тој се засрами целиот и таа вечер од срам ниту мене не ми правеше муабет Али со тек на времето потоа почна редовно да си доага кај мене си се опушти па и си лежевме заедно на креветот пред мајка ми...Но потоа односите со него кон мајка ми се сменија многу од моите роди почнаа да зборуваат ваков таков бил и од тогаш престана да доага кај мене така што јас почнав да одам кај него Си се запознав со мајка му и со татко му и женишката е стварно супер додека на татко му едно здраво не му се кажува ко идам али нема везе и кога идам на гости мајка му стално пред да си одам ми вика е што не поседеш уште малце
Такви поседенки не практикувавме, иако имавме долга врска. Тој за прв пат дојде кај нас кога си дадовме збор, тогаш ги запознава и мајка му и татко му. Јас одев кај него но никој пат не седев со неговите, се знаеше право во неговата соба, само со сестраму си седевме во неговата соба. Сепак мислам дека добро сум направила - тој може да има и 1 и 2 и 100 и сите да одат кај него, бидејки тој е машко, а како ќе ти биди тебе да ги носиш сите дома, сепак зависи и од родителите- но сепак не знам кој би дозволил неговата керка да носи повеке од 1 , а комшиите пак да не зборувам, ке велат еве до вчера носеше еден сега друг знаеш какви се сите комшии. Но сепак ако се работи за сериозна врска која трае повеќе од 1-2 години зошто да не веќе и ако имаш некој поголеми планови со него.
Кај мене уште од почетокот на врската ни ни почна така .. фамилијарно Оваа ми е прва посериозна врска и сметам дека запознавањето со родителите (и него со моите и обратно) е од (можда не толку огромна, но сепак) голема важност. Сепак во најголем дел случаи, тој е нивно огледало, затоа што тие го воспитувале итн... Освен тоа, добро е да знаеш со какви луѓе си имаш работа (се разбира, голема е веројатноста да ти станат роднини еден ден, доколку имаш сериозна врска). На почетокот така беше, малку напнато, не во негативна смисла на неприфаќање, туку напнато поради некаков срам но денес, се си функционира нормално и мислам дека и така треба да биди. Доколку јас планирам некаков понатамошен живот со него (а штом сум со него во врска, се разбира дека се стреми кон тоа, барем кај мене таков е случајот), добро е да се развива комуникацијата меѓу идните роднини.. Секако дека е битен и еден друг фактор - доколку, независно дали женското и машкото, планира нешто со партнерот, односно го почитува и сака партнерот, не се срами од него, тогаш го запознава и со родителите. Психолошки гледано, тоа е еден вид на фалба - види колку добар партнер имам! а исто така и некаква потреба од одобрение од родителите. Барем јас така го гледам сето тоа.
Кај него не сум била, а треба да гледаме филм на кој веќе некое време му се токмиме. Тој кај мене бил два пати. Првиот пат беше пред еден месец, кога исто така гледавме филм и ме праша дали сакам да сме во врска. Ова со филмовиве ни стана традиција, до тоа дојде бидејќи ми ги зборуваше колку биле добри одредени одредени филмчиња, кога му ги побарав рече ќе ги гледам само во негово присуство и кај него во прегратка.
ova ti e dosta pametno ja so prviot so idev doagase kaj mene doma i se aovoj noviov otkako go zapoznav so moite posto mi izgledase seriozen se zezna rabotata. sea mi e sram od moite ama toa e .naredniot ke vlezene doma samo so prsten koga ke dojde
Јас сама живеам, тој сам....и цело време сме еден кај друг. Плус долга врска - нормално е. Не чекаме покана Ама кај моите тој има дојдено 2 пати - еднаш да се запознае, и еднаш кај сестра ми на роденден. И јас кај неговите 4-5 пати. Некако не ми е пријатно такво фамилијарно собирање Не ми е срам воопшто, ама некако непријатно ми е сеуште
^ уф шо убаво ја имате среќата сами да живеете, да сте живееле со вашите друга ќе е приказната, сакале неќеле ќе има повеќе средби со вашите. Јас со неговите сум седела на рака да избројам oд овие 7 години Си одам кај него, трк у соба ко мањак некој, е на почетокот никој не влагаше, а после почна мајка му да доаѓа и едно здраво да кажува, а сега чат пат ќе седне на 10 минути муабет да направи и то е то. А он почна кај мене да доаѓа од пред 2 години, сега почесто си доаѓа и си седи и со моите и не ми пречи. А порано мислев дека таа комбинација ќе е невозможна Повеќе сакам собирања на моите со него, отколку јас со неговите. Дивљак сум некако за таа работа за јас со неговите, гледам што повеќе да избегнам, а луѓето баш се фини, ама јас изгледа не сум
Кога сме дома на викенд ,скоро секогаш е тој кај мене ,ретко на неколку месеци еднаш ќе ме викнат неговите на ручек,кај него единствено сум кога не искачаме па седеме цела вечер во неговата соба,или псоле искачање поубаво се осеќам кога е тој кај мене,а и муабетот со мама им оди,а ич не се чувствувам пријатно кај него дома-некако ми е све формално сите собрани,па секој ме потпрашува нешто,и никако да се опуштам иако сме 7,8 год заедно....а и него му се бендисува кај мене така да ок е
Скоро секој ден сум кај него си седиме и со неговите си правиме муабет и се е најнормално, а чат-пат иде и он кај мене ако го натерам
на почетокот од нашата врска само јас одев кај него дома, и тоа после 22 часот кога ке и легнеа да спијат неговите, или пред 22 х ама како некој крадец, и скришно одевме во неговата соба и се така додека мајкаму не дојде еднаш и ме изнендади женичката, сакала да ме запознае, хиихих и после тоа почнав да одам дури и преку ден, на кафенце, ама зато шо јас сум од ох а тој бт, нашето одење на гости премина и во преспивање, значи полн пансион на почетокот се чувствував како на трње кога одев ама се навикнав, а да знаете каква фаца направи татко ми кога му кажав дека ке спие и тој кај нас и ми вели во која соба сега ке спие сестрати???? ама нормално си спиевме секој во различна соба коха идеше тој ох кај мене,ама кога одев јас кај нго бт, во зедничка
Бидејки сме од различни градови, почнавме да си одиме еден кај друг после 2 месеци идење. Јас прва отидов кај него, а после и тој кај мене. Многу се плашев како ке реагираат моите, посебно татко ми, ама на мое изненадување, супер го прифатија.На почетокот јас спиев со сестра му, а тој кај мене сам во соба, после како напредуваше врската, многу се зближивме, почнавме и во иста соба да спиеме. Претходно немав донесено дечко дома, така што ми е мило што сега тој е човекот на мојот живот
За нашата врска знаат и неговите и моите.. Најчесто јас одам кај него, но и тој има дојдено кај мене. Кога сме дома најчесто гледаме филмови или си правиме некое јадење Срам ми е да одам кај него кога се сите дома (или без разлика, дали само со татко му, дали само со мајка му) сепак најубаво ни е кога сме сами )
И јас одам кај него, и тој доаѓа кај мене, нема некое правило за тоа. Зависи од ситуацијата. За нашата врска знаат и моите и неговите така што немаме проблеми со тоа. И јас сум спиела кај него и тој кај мене. Уште од самиот почеток на врската е така.
Некое време додека бевме заедно знаевме да си идеме еден кај друг, многу многу почесто јас кај него, ама не сме седеле со неговите, само еднашка се погоди да поседиме малку, потоа си земавме заеднички стан и ни беше преубаво, вистински начин ако сакаш да бидеш со некого во посериозна врска, мислам дека нема поубаво чуство од тоа кога ќе те разбуди саканиот со бакнеж и насмевка
не најлошо е кога си сам дома и кога ке се фалиш на сите леле сам дома леле леле и после си купиш -coca cola грицки у гаки шеташ сам и ке гледаш некоја серија или нешто на пц и оп ти звони некој дома и сака да ти дојди на гости и зимаш јаже и се бесиш додека е време
јас кај него одам нон-стоп, а он кај мене ретко(кога сум сама дома), имало неколку исклучоци кога бил кај мене а моите да се дома:матура..... (тоа е негова желба да не доаѓа,така смета дека треба и ок,поштувам-негово право си е)
Првин јас идев само кај него на гости, али сега и двајцата си одиме те кај мене те кај него. Мислам чим моите комшии го знаат подобро него,а не мене
Од различни места сме, и кога прв пат дојде кај мене уствари беше изненадно. Најизненадно. Моите дома не знаеа ни дека постои, но тогаш се имавме само еднаш бакнато, и уствари се оддалечивме.. и сонце тоа, сакало да ме види. Кога ми кажа каде е ќе препаднев, ама решив да седиме дома, и така го донесов. И викам на мама: - Мамоо, ти носам гости. - и влегува,а оваа: - Кај се најдовте вие двајца? И отпосле излезе дека се препознала, и дека прв пат го гледа. Од кога си замина ни мама ни тато ништо не ми рекоа у врска со тоа, мада тогаш немаше ништо, бевме само онака блиски, а ја му бев малце лута. Дури и се обидов да им спомнам за него тој ден, ама онака, они си беа лабави, немаше некоја реакција. Е сега за мај треба да дојде кај мене, и треба да и кажам на мајка ми оти ќе имаме гостин. И ме копка... А јас кај него немам отидено...
Почесто тој доаѓа, отколку што одам јас. Малку ми е срам од татко му . Живееме на 10 минути разлика, но многу често ме мрзи да одам до кај него