На гости паааааа... еднаш годишно. Обострано е така. Какво идење по гости, да трчам кај него па после мажачка да трчам кај мама. Кај мене нема тоа. Не, благодарам!
Бил кај мене дома во неколку прилики, секогаш со одреден повод (сме иделе на свадба или матура заедно, па да ме собере). Кај него треба да одам во блиска иднина, конечно да се запознаам со неговите, што не ми е многу привлечна идеја, ама више време е. Доста само он се тресеше пред моите, редно е и мене мајка му да ме потресе
hmmm sekoj den sum tamu i toa mi e vise kako moe 2ro doma ide i ona kaj mene ama so znam ne mi e tolku prijatno koa sme kaj mene
Баш така. Не можам странци дома да носам. И не ми е пријатно кога дечко со кој сум 1 недела во врска од друг град да ми каже “ама дојди ќе излеземе , може кај мене да спиеш“. Од кај знам може типот редовно после 5 дена врска женските ги носи дома. Јас си сакам малку време додека видам на што сум и со кого си имам работа.
Секој викенд сум кај негоо...помина тоа срамот. За прв пат отидов кај него после година дена врска. Он не доаѓа кај мене а не ни сака,сега за сега.
јас кај него нонстоп сум дома мн.сме блиски сами се со таткому имаат огромен трособен стан простор има а и со него ни оди муабетчето нашетан човек проживеан и мн.си сум опуштена и тој доаѓа кај мене нормална но повеќе кога ќе има повод моите се конзервативни повеќе во тој поглед искрено наубаво ни е дома чајче тв филмој муабети јас често знам да си заспијам како бебе потоа станвам и домче кај секој различни се овие работи зависи од многу фактори
се едно е дали он кај мене или и јас кај него и мојте го знаат и неговите мене ме знаат кај него дома така да сеедно е
Бидејќи сме од различни градови и јас одам кај него,а и тој кај мене.Почесто тој доаѓа па со моите се едно Со чичко ми дури и работат некои работи,односно му помага.Во секој случај и мене ми е удобно кај него,а и него кај мене
Јас сеуште немам донесено девојка дома за да ја запознаам со моите, се деси еднаш случајно да ја запознаат надвор, па после тоа дојде на важен настан и толку... Сум носел девојки кога сум бил сам да, ама ова околу запознавањево со моиве некако не ми оди... срамежливоста некако е појјака од мене... а и не верувам дека некоја е поопуштена од мене во врска со тоа прашање...
Првпат кај бившиот отидов после 4 ипол месеци врска некаде, ама му реков да не ме запознава со никој бидејќи ми е срам, го знаев само брат му. После 2-3 недели ме запозна и со баба му, договорено беше, на моја иницијатива највеќе а и нејзина, и веднаш ја засакав, многу ми е мила и сега ми недостига! После пресрамив, почнав почесто да одам ама не се среќавав со неговите. Еднаш случајно испадна да се запознаеме со мајка му и се на се два-три пати ја имам видено, и не ми се бендиса баш свекрвата. А тој кај мене дојде само еднаш, кога ги немаше мама и тато, седевме со сестра ми, со неа добро се знаеа. Во друга врска не би правела така, не би се зближувала толку, откога раскинавме е незгодно бидејќи тато и дедо му се познаваа од многу порано, немам појма дали си зборуваат кога ќе се видат.
и јас одам кај него и тој иди кај мене се знае со моите,и јас сум запознаена со неговите. Засеа добро се сложуваме,и тој со моите. Секаде ме носи со него,роднини,другари. Незнам,се чувствувам како да сум добро прифатена Дури бев и на крштевка кај неговата сестра за малечкото.
Најчесто јас одам кај него он кај мене поретко сепак непријатно ми е од моите родители иако сме запознаени и добро прифатени
Доаѓаше само еднаш го претставив како мој другар и се запозна со моите, седевме на тераса со мајка ми муабетевме, од тогаш има идено само еднаш додека бев сама дома. Подоцна дознаа и моите дека ми е дечко, ама нема шанси да го намолам да дојде уште еднаш. А кај него одам почесто, се запознав со мајка му, сестра му и баба му. Онака супер поминувам, баба му ме засака што е најбитно, а свекрвата некако, незнам...
Доаѓа кај мене али може да се деси еднаш во месец на спиење 1или 2 вечери , сам си е во стан дека работи во Ск кога одам таму се осеќам како дома а тој е од Кичево одиме и таму заедно ама јас многу ретко може да се каже на 2-3 месеци одам по 2-3 дена (да не им здосадам многу)
и јас одам кај него и тој кај мене...моиве повеќе го сакаат од мене, а неговите мене многу ме разгалуваат и на спиење многу пати се случува да остануваме
на почетокот од врската првата една година не одев кај него..потоа почнав се почесто и многу ми е убаво кај него, доагаше и тој пошо бев во соба под кирија но јас почесто и ми е поубаво кај него
Јас кај дечкоми секој ден идам кога е тука и таму си и преспивам често по некогаш и 2 пати во денот а тој кај мене по еден пат во месецот на саат два дојде хаха абе јас сум без осет
Ваквите адети идење на гости не ми се допаѓаат воопшто. Заедно сме 8 месеци,во кои јас кај него имам отидено само еден пат-официјално беше,дека роденден му беше.И ја запознав мајка му тогаш.Со сестра му се дружеме одамна. Тој кај мене нема дојдено барем до сега. Не знам,срам ми е,така што во иднина тешко дека би отишла повторно.Стресно ми е тоа