На две столчиња не се седи?!

Дискусија во 'Врски' започната од lylaby, 20 март 2010.

  1. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Дали е можно истовремено една девојка да има чувства кон две момчиња?Дали сте се нашле во некој момент од животот во таква ситуација?Од сопствено искуство велам дека жена,девојка која е задоволна од врската во која што се наоѓа мали се шансите да изневери,додека ако и се посветува мн малку внимание шансите се видливо поголеми!А пак мажите се способни да изневерат во секое време.....Меѓутоа има една:жената кога изневерува ,со срце изневерува додека мажот со она долното:)Ја отварам темава од причина што кога бев во најголема лјубов или пак така мислев..бев изневерена неколку пати,за се се потрудив и дознав срцето ми крвареше...Доста се трудев и простив ,меѓутоа никогаш нема да биде исто....во меѓувреме сретнав некој ,некој кој беше мн внимателен и упорен во врска со мене....Грижа на совест ме убива а во главата ми се мотаат двајца....Дилемата е дали да останам со некој кој ме има повредено но сепак вели а и верно е дека ме сака...но довербата е уништена...или да почнам од ново ,нешто чисто без"дамки"...Да напоменам аферата со другиот дечко не беше во никој случај поради одмазда ,туку од желба за внимание ,бев уморна од тоа колку вложував а не се враќаше во иста мера........Се надевам на интересни искуства и мислења од вас! :up:
     
    На Samara Morgan и monicka6 им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.285
    navistina poloso od izneveruvanjeto e emocionalnoto izneveruvanje. e sega ne opisa dali stanuva zbor za takvo izneveruvanje, ne opisa otprilika koi bile pricinite poradi koi doslo do toa. jas iskreno ne se slozuvam koga ke slusnam-go/ja izneveril/a zasto ne obrnuval/a dovolno vnimanie.ako taa ili toj navistina imaat mnogu rabota,problemi i slicno,normalno e da nemas sekogas vreme kolku sto sakas.e sega ne znam dali e nekoja vakva pricina poradi koj decko ti ne ti obrnuva vnimanie, no ako e do toa i nemas pravo da se lutis. no ako toj vremeto go koristi vo izleguvanje so drugari, gledanje fudbal i slicno,i ti si poslednata na spisok e togas toa e veke problem.jas bi ti rekla deka i ako raskines so segasniot,da pocekas pred da pocnes so toj drugiot,za cisto ti da se sredis malku, a ne da vletuvas od edno vo drugo. i pazi, vikas "bez damki",ama eden den moze da gi ima istite damki kako i segasniot.nikoj ne e sovrsen :D
     
  3. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Од искуство ти кажувам дека е можно да се има чувства кон двајца. Сум се нашла во таква ситуација, имав врска а почнаа да ми се развиваат чувства кон друг. Тој друг, се појави баш кога врската со дечко ми висеше на конец, кога кавгите и нервозите беа секојдневни и кога тој со неговата љубомора ги премина сите граници. Немаше убави зборови, немаше прегратки, немаше почит...Тогаш се појави овој вториот, за кој и сега го имам истото добро мислење. И јас ја имав дилемата дали да го оставам дечко ми и да почнам одново со вториот, ама некако и дечко ми не ми се оставаше.Уште имав и чувства кон него, и немав храброст да прекинам едногодишна врска. И да ти кажам јас го изневерив дечко ми, за да подоцна сватам дека тоа било само во момент на слабост, кога во друг сум барала утеха за она што ми се случува во врската.Кај вториот барав внимание, нежност, сваќање, она што дечко ми во моментот не ми го пружаше, за на крај чувствата кон него полека, полека се изгубија. Значи она што ми се случи со вториот било само пролазно, не велам дека немало чувства, ама тие биле далеку од вистинска љубов. И значи јас седев на две столчиња и можам да те советувам дека тоа е сосема погрешно, кое може да заврши со тоа да бидеш откриена и да останеш без дечко ти, а којзнае може и без оној другиот за кого пишуваш. Мене за среќа не ме открија, и си продолжив со дечко ми, се обидовме да ја спасиме врската, и сега сум повторно со него и не се каам.
    А да не ти зборувам за грижата на совеста која ден денес ме јаде одвнатре, и стравот дека сепак некој ден дечко ми ќе дознае дека сум го изневерила. Така да едно големо НЕ за седење на две столчиња :) Позз
     
  4. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата ни е слична.Јас го изневерив откако ми пукна и месец дена бевме разделени но се слушавме но сепак иако бевме раскинати го сметам тоа за изневерување...Напоредно се слушав со двајца со едниот се гледав и мислев дека ќе полудам така бев збунета незнаев што да одберам на која страна да тргнам.Се смирив со дечкото се еве веќе неколку месеци но од глава неможам да го извадам другиов ни на лево ни на десно сум.Многу ми е тешко зашто имам огромна грижа на совест,и така размислувам постојано што ако згрешам што ако останам со дечко ми и после некое време се покаам(сепак ме изневери неколку пати кога најмалку очекував која и да беше друга одамна ќе имаше расчистено со него)Имаше драми ,плачење,карање...Сега врската е подобра но како јас да кочам пошто мислам на другиов и се преиспитувам постојано.....Се прашувам дали можно е да дознае,ако не дознае како јас ќе живеам сама со себе,дали е само пролазно како што било со тебе .....А мн сум чесна како личност несакам да правам на луѓето нешто што несакам мене да ми прават...па мислам ако дознае недај боже како ли ќе му биде пошто јас поминав низ пекол прегазив достоинство гордост бев понижена .......Во секој случај свесна сум дека само самата можам да си го решам проблемов ...можеби ниско ми е нивото на емоционална интелегенција??!!Зашто морам да одберам еден пат и по тој да се движам вака не иде........А ако е пролазна ствар ако е момент на слабост и сфатам предоцна би се чувствувала мн лошо......Нешто што најмногу мрзам е изневерата боли ужасно и се срамам што сум го направила тоа..може сум престрога со себе ,но најчесто си негирам на самата себеси како никогаш да не се случило.........Дефинитивно се сложувам ,на две столчиња НЕ!
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.085
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да се тргнеш и од двајцата... да си посветиш доволно време на себеси, да сфатиш што ти навистина сакаш, и мислам дека решението само ќе ти дојде...
    Можно е да имаш чувства спрема двајцата, не велам не, ама на две столчиња навистина не се седи. Ти се восхитувам на тоа што можеш да простиш неверство, јас никогаш не би можела да го направам тоа, без разлика колку го сакам... довербата се губи и колку и да ти рече дечкото дека тоа нема да се повтори, не можеш 100% да му веруваш - тоа може пак да се случи, покајувањето од негова страна не е гаранција дека ќе ти биде верен понатаму...

    А овој другиот, велиш бил внимателен, нежен и сето она што ти требало во моментот после раскинувањето... можеби тој само те искористувал?! И тоа треба да го земеш предвид. Понекогаш мажите знаат да искористат девојка кога е најранлива, како што и била ти во моментот... не ти ја знам ситуацијата, ама мораш да се тргнеш настрана и добро да размислиш...


    Е за ова овде напишаново, не се сложувам.. не се само мажите способни да изневерат во секое време, мислиш ние жените не сме? Сме, и тоа како, и многу поспособни од мажите... а не секој маж изневерува...
     
  6. akaterina

    akaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    jas samo edno ke ti kazam...sum se nasla vo ista situacija i toa povekepati,no njalosoto sto go pravime e sporedbata:go sporeduvame krajot na vrskata t.e. koga ni e natesko,koga ne povredile so pocetokot na drugata vrska t.e. koga nekoj ni obrnuva poveke vnimanie i sl...znaci nikogas ne pravime sporedba so dvata pocetoci,a sekoj pocetok e dobar...zar na?
     
  7. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Па дефинитивно сум сигурна дека не ме искористувал напротив сакаше да биде со мене се знаеме повеќе години и отсекогаш имал симпатија спрема мене ,повеќе наликува како јас него да сум го искористила со оглед на тоа дека му се вратив на дечко ми,а освен тоа едноставно не е таков ,толку е културтурен воспитан и праведен а воедно и интелегентен што мислев дека таквите машки се "истребиле" а не сум била во право ете...Физички не е е ништо посебно но така е богат одвнатре да првпат во животот онаа "убавината доаѓа од внатрешноста" ја сфатив така одблиску.......Се разбира дека сум ги споредувала милион пати во главава и немаат некоја допирна точка,но како да го споредувам почетокот на врската во која што сум, со другиов кога има милион други околности на почетокот на врската тргнав со чисто срце и неизмерна доверба незнаејќи дека ќе ми се скрши срцето......Инаку се согласувам дека секој почеток е добар како и секоја следна етапа од врската си носи своја убавина се додека не зачкрипи....

    "Можно е да имаш чувства спрема двајцата, не велам не, ама на две столчиња навистина не се седи. Ти се восхитувам на тоа што можеш да простиш неверство, јас никогаш не би можела да го направам тоа, без разлика колку го сакам... довербата се губи и колку и да ти рече дечкото дека тоа нема да се повтори, не можеш 100% да му веруваш - тоа може пак да се случи, покајувањето од негова страна не е гаранција дека ќе ти биде верен понатаму..."

    Е ова е моментот што ме плаши најмногу ,помина цела година откако беа неговите излети ,година дена ние опстојуваме без никаква доверба .Е сега да се прогласам извонредно храбра или извонредно глупава што сум простила...Бидејќи грешката му се повтори два пати велат секогаш има трет пат нели?Злопамтило сум и ништо не сум заборавила тоа ми се рани на душичкава .... А да ние жените каде каде сме поспособни да изневериме да беа маживе способни јас сега немаше да знам за неговите грешки нели!? :) Како и да е јас со двајца во мисливе сум..и да беше некоја похрабра и bitchy девојка немаше ни да размислува ,ќе тргнеше со другиов ....така мислам...а јас ќе седам дома и ќе думам и на крај ништо нема да издумам..... :(
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.085
    Пол:
    Женски
    Самата си кажуваш, доверба нема... па како тогаш да бидеш со некого кому не му веруваш, без разлика колку го сакаш? Што ќе го спречи него пак да го направи тоа? И не можеш ти само на штрек да бидеш дали тоа ќе се случи или не, љубовта не треба да биде таква, треба да бидеш среќна, да уживаш во тоа што го имате секој ден, а не да мислиш дали ќе те изневери. Мислам дека се плашиш да го оставиш за да не останеш сама, ама верувај ми, тоа нема да се случи ;)

    Другото момче ти се допаѓа само како пријател... барем таков впечаток ми оставија твоите зборови, не знам дали чувствуваш барем малку страст спрема него, тој можеби има подлабоки чувства спрема тебе, ама прашањето е што навистина чувствуваш ти? Затоа, мој совет ти е дефинитивно да се тргнеш од двајцата, да прекинеш секаков контакт со нив... не знам од каде си, и можеби ќе ти биде тешко да се направи тоа, посебно ако си од помал град, ама мораш да расчистиш со себеси и што навистина сакаш. Треба самата да сфатиш што е најдобро за тебе, а сигурно не е најдобро да бидеш во врска со некој кој те изневерил, не си го заслужила тоа. Тоа е моето мислење, а твое е како е постапиш. Во секој случај, поддршка од мене имаш ;)
     
  9. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Фала на подршката ја ценам.Па не го чувствувам само како пријател имам некои чувства кои сепак морам да признаам се понеинтезивни од неговите...сепак кога се е вака некако замрсено човек неможе ни да се опушти па чувствата да се разгорат.Па и јас мислам дека не заслужувам да останам во врскава сегашна и тоа најмногу во последно време бидејќи сум мн млада и се менувам и учам како и сите луѓе, затоа велам сега да се случи неверство од негова страна не би простила зашто некако се повеќе и повеќе се ценам себеси и знам што заслужувам а што не.....Да расчистиме јас на страна ништо не сум правела додека сум била обврзана со дечко ми презирам неверство и бодење нож позади грб ,сега не комуницирам со другиов сакам да сум на чисто ,знам дека ако се гледам со двајца начисто би полудела.....не би се поднела сама себеси....Ма дефинитивно треба да седнам и да расчистам со себе ,толку сум конфузна да не си се препознавам.....Мило ме дека го пронајдов форумов бидејќи незнам зашто овој проблем што ми тежи на душа некако не сакам да го делам со никој не ми се разговара со пријателка мајка сестра итн зашто сум свесна и доволно паметна да знам дека решението лежи само во мене, треба да откријам што сакам и да тргнам по тоа.......фала на советите и размислувањата полесно е кога ќе се подели.............
     
  10. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Едноставно не знам??!!!

    Не би пишувала да навистина не гледам некој излез ,се откажав од разговор со другарките бидејќи се срамам веќе излитена тема стана на разговор овој мој па и сладок може да се нарече проблем,но за мене горчлив....Ќе се потрудам да бидам кратка а да ви ја доловам мојава ситуација и се разбира очекувам објективни одговори и совети на нив се потпирам па за на ккрај јас да решам зошто навистина незнам како...Имав дечко мн мн се сакавме љубов тоа беше љубов искрена и најубава делевме се бевме партнери во се и се одеше така глатко но тој ми погреши ме изневери што не се случило еднаш,се било на флерт и бакнежи но за мене тогаш како цел свет врз мене да се сруши ,бев повредена и само плачев ,се прашував како можел а не е дека му недостасуваше нешто кај мене ни нашата врска.Епа простив повеќе пати но никогаш не заборавив доверба немав неможев едноставно некоја резерва имав а сеуште го сакав верувам и тој мене тоа се чувствува но кога сакаш некој може ли на друг/а да помислиш?!Се случи да сретнав некој некој кој беше мн внимателен со мене ,јас го земав здраво за готово секогаш кога ќе ми згрешеше дечкото ,ќе испиев едно две кафиња со ддругиов но не правев ништо беше на другарска база додека тој се заљубувал во мене,а јас го отфрлав штом се смирев со дечкото,ми недостасуваше внимание тоа сум сигурна сакав да го добијам од дечко ми ,ова ми беше како привремена терапија под наводници ,ќе седневме ќе помуабетевме...Се случи сплет на околности да ми дојде преку глава и јас раскинав неможев околностите беа такви да дечко ми и беше зафатен со мн работа но ме забатли мене и ставив крај.Повтроно с егледав со вториов но ништо немаше ни пољубац макар тој се обидуваше во мн прилики.Срцево не издржи се смирив повторно со дечкото но се фаќав на моменти како мислам на другиов го мислев а тоа беше веќе нова ситуација..Сакав да сум фер спрема сама себе спрема дечкото па повтроно после подолг период прекинав и обновив контакт со другиов,тој сака врска би бил со мене иако знае дека ми бил рамо за плачење...ЈАС....јас незнам што сакам незнам ли незнам поминаа месеци неколку еве повремено ќе се чујам со бившиот а се гледам со другиов ете ќе го употребам зборот мувам ,а така ми е тешко за бившиот....незнам дали го жалам бидејќи знам дека му е тешко или пак му беше,незнам дали дознавам дека вистински него го сакам неможам со друг да бидам незнам незнам,ми вели една блиска пријателка слушај го срцето .....како :???како ?да седнам да промислам да измерам бар да беше математичка равенка ....Јас се образложив мн долго ќе се извинам и ќе застанам овде бидејќи како пишувам се повеќе се нервирам сакам да го решам ова додека не биде доцна....позз
     
  11. l-a

    l-a Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    можеби ова што јас што ке го пишам нема многу да ти помогне,ама повеке сакам да ти кажам дека што е твое ке си дојде.Јас сум со дечкото 7 години а пред неколку месец се заљубив во друг и започнав паралелна врска (по прв пат а и последен во мојот живот) Со тој бев околу 2 месеци и главата ја изгубив по него иако не заслужуваше.Бев спремна да избришам 7 год од мојот живот за некој што не сакаше да жртвува ни 7 дена за мене.Му раскажав на дечкото мој се и искрено мислев дека ке раскинеме,ана очигледно неговата љубов спрема мене е огромна.Полека се опоравуваме со заеднички сили од грешката што ја направив јас,за 2 недели правиме веридба и од се ова што мене ми се случуваше во изминатиов период јас успеав да заклучам дека се се случува со некаква причина и што е твое ке си дојде.
     
    На Pandelka.o.O му/ѝ се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Беатрис...седни и размисли што те привлекува и зошто го сакаш едниот а што те влече кај другиот..Избалансирај односно извагај со кој како се чувствуваш и каков ти е односот и така ќе знаеш..Инаку нема совршен..Совршениот за тебе е оној кој го прифаќаш со сите негови доблести и мани..И можеш да му се прилагодиш..Точно, срцето само ќе ти каже кој е тој ТОЈ..А на две столици знаеш дека не се седи.. ;) Со среќа и се надевам дека нема да погрешиш во твојот избор.
     
  13. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.084
    Допаѓања:
    1.113
    На две столчиња не се седи ,ама затоа на три може да се прилегне !
    Секогаш се смеам на ова ... :D
    Не го оправдувам ова , сакам љубов но само ако е искрена ...
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    сум била во ситуација кога сите ми го кажуваа ова! Според мене можно е истовремено да ти се допаѓаат двајца, па дури и да имаш чувства за двајцата. Сепак мислам дека мораш еден да избереш, размислувај рационално и гледај на тоа што е најдобро за тебе!
     
  15. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    159
    Пол:
    Женски
    Аххх рационално знам кој би победил,рационално значи тој што мисли за својата иднина инвестира во себе има услови од материјална гледна точка но и кога би ги немал работи да ги има разумен е и на земја реален е ,другиов тука паѓа,и не сум тип на девојка што брка спонзори сакам самата да успеам но не би сакала идниот маж здравје боже на грб да го носам сакам мала онаа доминација на мажот за да се знае кој е маж нели :) Љубовта пак е онаа најискрена и чиста со друггиов но немам доверба во него неможам да поминам живот плашејќи се дали е тој со друга дали ме лаже дали не... :( и додека уште ми се на располагање под наводници и двајцата мислам дека јас немам сила ни бистра мисла да изберам еден од нив ми е срам да признаам колку сум неодлучна и недоволно силна да одберам веќе да одлучам да знам а што сум си.Уште еднаш ќе напоменам немало период да сум физички со двајцата само во мислите сум изневерувала ако се рачуна!Неописливо конфузно ми е ....
     
  16. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    4.210
    земајќи во предвид дека едниот те изневерувал а ти си простувала убаво рече зар цел живот ќе се мислиш со која е он?? а за овој другиот не разбрав како го опишуваш. меѓутоа не се одлучувај и води од материјалното. тоа се ствара и печали а љубовта не. таа еднаш се раѓа искрено и еднаш искрено умира. а мој совет бидејќи не можеш да се одлучиш малку преќини и со двајцата разбистри си го главчето онака како што сама ти можеш да се справиш со проблемите, отиди негде прошетај. а може и да ги тргнеш двајцата најди некој трет.
     
  17. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    20
    Барав ваква тема низ целиот форум и конечно ја пронајдов. Ми треба совет како да се ослободам од едно машко :$ :?: :|

    Јас и дечко ми бевме во долга врска.Тој нешто ми се скара додека бев на одмор за да се мувал со некоја друга. Таков си е он :D Ја за да му вратам,коа се смиривме го изневерив со едно машко за кое он нема појма дека постои. Се скаравме пред 11 дена за некои глупости. Овие 11 дена бев слободна и се мував со тоа машкото,а он сеуште незнае. Е сеа сака да се смириме,и ја сакам (затоа што се сакаме) и проблемот е шо воа другово машко сака нешто поозбилно со мене.Многу е добар и мил со мене.Несакам да го повредам ама едноставно морам некако да се решам од него а да останеме пријатели и да нема лошо мислење за мене...Се смирив со дечко ми ама сеуште не сме се ставиле во врска на фејсбук. Фактички јас седам на две столчиња. Имам мувач и дечко. Како да му речам на детево дека неможам повише зошто сакам со вој другиов? Знам дека сум идиотка и злобна,таква сум (лоша)...Ама детево не заслужуе. ]:) ај ве молам дајте некој совет оти денес или утре се ставам во врска на фејсбук и бед ми е :worried:
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.085
    Пол:
    Женски
    Па ќе му кажеш фино лепо дека си го искористила. Полесен начин да откачиш некого, здравје. А тоа што велиш дека не заслужувало детето, е на тоа требало да мислиш порано ако си немала озбилни намери со него.
    А за дечко ти... мислам дека и со него не треба да продолжуваш, ама ако веќе сакаш, нека ти биде.
     
  19. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    20
    неее,неам срце да му речам "те искористив". он беше онака за забава ама еве моментално пишувам со него и уште флертуам... :worried: а знаете дека е можно уште да сака со мене и ништо да не ми рече коа ќе види дека сум во врска со вој другиов? :D иначе имав озбилни намери оти мислев дека нема да биде ништо со дечко ми...а чувства немам никакви спрема швалеров (незнам како да го наречам) :D :D
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.737
    Допаѓања:
    74.085
    Пол:
    Женски
    Тешко дека ќе сака да има нешто со тебе, ако ти останеш со дечко ти. Штом немаш чувства спрема него, немој да го завлекуваш и лажеш. Само полошо ќе направиш. А и да се муваш со него и понатаму, тогаш како би му било на дечко ти? Освен ако не терате од оние т.н. отворени врски, во кои и двајцата се гледаат и со други. На крајот ти можеш да го кркаш, да останеш без ниеден ако продолжиш вака, дефинитивно и ќе се случи тоа, како што ми се чини.