абе способна за способна мн не има такви ама не е фер прво спрема себеси па после спрема дечковците кога изневеруваш макар само емоционално а не физички себеси се лажеш на некој начин ,треба да е човек на чисто нели?
Искрено кажано мислам дека ретко кој сака да седи на две столчиња. Тоа повеќе е растегнатост помеѓу столчиња , одколку седење. А за одговарање, може привремено да одговара, ама после некое време изборот мора да дојде. Барем така мислам јас.
Мене ми е повеќе заморно. Ќе дознае овој, ќе дознае ли оној? Не сакам стресни ситуации. Меѓутоа ако тоа те исполнува, седи си и не се умарај. Знам како е кога кон повеќе од еден скоро исто чувствуваш. Јас бе пола пола во таква ситуација. Односно тројца чекаа одговор од мене, сите имаа надеж...полудев. Од сите, само моменталниот дечко знаеше дека не е само он во прашање и уште рече ќе ме чека да си одлучам, и ќе поддржи се. Срце. Тогаш не правев со никој ништо, но овие ми се погодија сите во ист момент. И некако во мојот ум беа распоредени со кого кога сакам, да речеме кога ќе прекинам со едниот од нив, да поминат месеци па другиот да го внесам во игра...ама ми се налупаа наеднаш. Мислам дека го направив најпаметниот избор меѓу тројцата и сум си среќна што одбрав така.
Се седи, само ако немаш чувства кон ниедно столче, а и газот треба да ти е доволно нафатиран да го издржи тој предизвик. Сум седела, не викам не, обично тоа и ми се случува кога не сум во врска, ама излегувам со двајца паралелно, не затоа што чувствувам нешто кон нив, туку дека и двајцата ми се подеднакво интересни. Малку е проблематично сега, со рецесии и глупости, финансиски не можам да издржувам излегување со двајца.
да видите само како се седи.. имам една пријателка, експерт е за оваа работа, вели ем се седи ем е постабилно
Ако можеш да се снајдеш зошто да не, ама не е фер спрема двајцата, плус постои и голема шанса да те откријат, секогаш постои таква шанса. И што потоа? Ни едниот ни другиот. За мене е проблематично и заморно, па избегнувам такви дополнителни компликации во животот. Најдобро е кога можеш да се одлучиш за еден.
Здравоо девојки јас сум нова на форумов па ако може да ми помогнете со некој совет. вака: имав долга врска 5 години...беше тоа љубовта на мојот живот-не можев да се замислам без него.Првите две-три години беше OK но со текот на времето односите беа се полоши и полоши...не ми обрнуваше внимание...ми викаше дека сум досадна и дека го замарам,никогаш немаше време за мене...дури и цело време ме изневерувал...(тоа го дознав после од како раскинавме). Во меѓувреме почнав да контактирам со еден дечко кој работи во странство...тука доаѓа на 3-4 месеци а го знам од многу одамна. Правевме муабет за се и сешто...па и за секс. Јас му ги кажував своите проблеми во врска со дечко ми. Едноставно ми требаше некој кој ќе ме сослуша и ќе ми покаже внимание,за да се осетам малку вредна...бидејќи бев во многу лоша емотивна состојба. Конечно дојде денот кога дечкото што правев муабет дојде...и се видовме Се случи тоа што се случи....имавме секс можеби не требаше толку бргу...но се случи..едноставно ми требаше некој со кого убаво ќе си поминам. Требаше тоа да биде секс за една вечер но...тоа не заврши така.Се гледавме секогаш кога доаѓаше а на мене ми беше се поубаво и поубаво. А врската со тогашниот дечко после тоа траеше уште една година...и на крајот пак јас немав храброст да раскинам, тој ми раскина за некоја си глупа причина. Поминаа 6 месеци од раскинувањето..немаше ни трага од него за тоа решив да си фатам нов дечко. Со него сум веќе година дена и добро е...да не се жалам...нема идеален! Проблемот тука е тоа што не можам да престанам да контактирам со дечкото што работи во странство...кога и да дојде ние се гледаме. Значи јас пак изневерувам...иако сега ја немам силната причина која ме натера да почнам со сето ова. А најлошо е што не е само физичко задоволство...туку има нешто повеќе...чуствувам нешто за него. Страшно! Дечко ми не го заслужува ова...но не можам да се контролирам и не можам да му кажам не на дечкото од странство...едноставно тој е посебен... Иако мислам дека за него сум само забава(затоа што се така и почна) сепак пак продолжувам со него...тој ми е слаба точка. Хелп
Па Нани самата си одговори. Дечко ти сегашниот не го заслужува изневерувањето или престани да го изневеруваш и посвети се на таа врска или остави го, макар што јас би ти рекла остави го но ти си знаеш. Дечкото од странство убаво си кажа, ти си му само забава, така што ако тоа ти е доволно продолжи со него не не почнувај врска со никој друг. Можеби не си подготвена за врска со некој. Пробај некое време сама, види како ќе ти е. А, можда и јас утре поинаку ќе мислам ццц па ќе ти дадам друг совет а шо викаш.. мада јок, сумјам бре ЕДИТ: мое мислење за седење на две столчиња... понекогаш еден ми е премногу, пак да имам двајца побогу не!
Е на едно столче е тесно , на две можеш да седнеш , на три да прилегнеш . Шала. Значи сама рече дечко ти не заслужува . Ја викам да раскинеш . Штом имаш потреба од друг значи не е љубовта силна . А зашто не се фатиш со тој од странство??
nani22 Да не се загрижуваш !! Зошто?! Јас би продолжила да се гледам со тој што викаш дека работел во странство! Во строга тајност, без никој да не ме научи! Гледај се со него, се додека не сфатиш дека дечкоти сегашниот-навистина ама навистина не го заслужува тоа да го изневеруваш! Кога си верувала, те повредиле. Златна резерва, задоволство и убави моменти, а и викаш дека чувствуваш нешто повеќе за дотичниот странец ! Сметам дека не губиш многу и дека ништо не е случајно, не е случајно што ете странецот (псевдоним му измислив) се појавил тогаш кога ти било најтешко, кога си била повредена! Времето ќе покаже со кој треба да си. Препуштисе и поуживај малце и ти после пет годишната врска!
Може да се има чувства кон двајца, сум била во таква ситуација, во која за малку и си ја ррастурив врската! Памет за другпат секако! Но, никогаш повеќе не би седела на две столици.. Али као што викаат, на две столици не се седи, али на три може и да се прилегне
на две столчиња не се седи, ама пак на три се лежи шала на страна сум се нашла во ваква ситуација и одлучив да го одберам подобриот- помирен, посериозен .. итн итн.... и еве после еееедна година мечтаам за бившиот - поголем авантурист, пострасен бакнувач а вкревет ? ауууу.....уфффф се ежам на помислата
На 2 столчиња не се седи,ама во животот нема правила.Поточно правилата се кршат.Кој како сака,негов живот.За машките е во ред,а за женските не Ма дај! Ама е страшно кога жена на жена ја навредува